Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Мачката симболизира моќ, креативност и самостојност. Носи и несреќа, но во случајов ти ја галиш, што значи дека ќе ти донеси среќа.
     
    На barbiche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сонував дека метам со метла. Упорно метам, ама позади мене пак остануваше како не изметено на тепихот. Што би можело да значи.
    Благодарам
     
  3. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сонував како кај мене дома на земја имаше две змии.. едната беше црвена, долга и тенка, а другата како пократка жолта... и мајками ја фати едната а јас плачев страв ми беше :worried:
     
  4. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас верувам во сонот, бидејќи преку него можеме да се сетиме на некој сакан, на некој изгубен... Сонот е нешто преку кое се отвара човекот, гледа што сака, едноставно СОНУВА... Секој човек има свој сон, некој има лош, некој ддобар... Но, без разлика што сонува човекот, самата личност, самиот карактер го создава неговиот сон... Јас верувам во соновите, како што верувам дека постои ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД...
    Можеби сум романтичарка, но, ЈАС СУМ ОНАА КОЈА ШТО СУМ....:)
     
    На Agrona и psychic им се допаѓа ова.
  5. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Сонот ти кажува дека е време да ги исчистиш старите проблеми и да продолжиш натаму. Тоа што останува неисчистено значи дека ќе ти биде тешко да ги заборавиш проблемите.
     
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Змијата симболизира опасност. Можеби опасност која не ја гледаш во реалноста. Тоа што мајка ти ја фати змијата значи дека таа ќе ти помогне да излезиш од проблемите.
     
    На alexsandraa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    значи ве молам толкувајте :x сме биле вклучени моето семејство во некаква војна. И починатата баба во сонот беше жива и кога почна да ми вика по телефон зошто вујко ми сме го вклучиле во војна :x инаку војната била меѓу силите на доброто и злото ама баба ми не била многу свесна што е добро а што зло. И после бевме пред еден град, почнато беше да врни снег и од небото камења паѓаа ама замотани во снегулки. Една жена мислам баба ми дека беше, од камењата и се правеа лузни на кожата и крвови и течеа, некоја болест се добивала од камењата па умре. Тогаш јас седнав на оние што се на станицине како што имаат одозгора покрив. Исто го викнав татко ми со мене за да не му го фати некој местото а тука почнаа и други луѓе да доаѓаат да се кријат ама никој не беше засекиран сите беа насмеани како привремено да е. Од другата страна го гледавме градот што беше во војна и беше истанбул. Преубав беше, како од бајка, имаше кула што беше малку крива, ама се беше прекрасно, тврдини и се, немаше снег на таа страна, ама градот беше пред војна за жал :( . Дури чекавме со татко ми почнавме да се расправама за некој книги, имав многу книги за читање ама тој ми бараше други, некој што неjќев да му ги подадам и така. После па незнам од каде сонував дека со другар ми отидовме во Белград. Сакавме да се снајдеме таму и баравме трговски центри ама сатот беше 15 и 15 и му реков немаме време да ја бараме автобуската станица за назад. После не беше другар ми туку едно девојче што го сретнав и таа македонка. Влеговме во една болница и ја прашувавме сестрата, таа беше трудна и беше италијанка што зборуваше српски како македонски и не внесе кај докторот. Докторот сакаше да не прегледа ама јас почнав на српски да му објаснувам што е како е и ни даде број од такси и ни го нацрта патот до автобуската. И излеговме и девојчево рече дека треба да оди во тоалет и дека ќе оди под едно дрво, зошто имаше парк таму. Е во паркот имаше муслимански гробишта и погреб правеа муслимани таму. Јас си реков да не и направат нешто дека оди да мочка таму. Па ми се јави мајка ми, јас не и верував дека е таа зошто гласот и беше чуден и нејќев да и кажам каде сум, ама на крај се уверив дека е таа. После дојде една моја другарка, дотерана да ме собере со кола и да ме носи автобуска, ми рече дека девојчево и кажало а таа ја испратила да биде со мене. Се качивме вкола и таму имаше лаптоп и јас се вклучив ама другарка ми виде под кој ник сум на фемина :^) и се правеше дека ништо не гледа. После дојде баба и нејзина а личеше на таа бабата од серијата што не ја сакаше руби. И таа не ме сакаше мене и сакаше да пребарува по лаптопот да ми види историја ама другарка ми ја спречи и после јас ја спречував и таа се караше со мене. После стигнавме на автобуска и бабата пак сакаше да ми гледа ама јас ја турнав наземи и ја избришав цела историја од лаптопот а зад мене стоеше еден дечко со глава како јајце и гледаше ама не виде се и мене не ми беше гајле што гледа. Многу е долг знам ама ме исплаши. Сноу?
     
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Сонував дека со семејството и некои други семејства сме биле на некоја полјанка,ливада.Мојата коса пораснала многу,до половина.И тогаш небото се променило,станало виолетово.Но,кога требало да си одиме,не знам како,мислам дека јас ја ивадив мојата "дополнителна" коса,така што повторно ми беше нормална,до под раменици.Или пак сама исчезна,не се сеќавам добро.Тогаш небото повторно си ја врати својата нормална боја.Значи растењето на мојата долга коса беше поврзано со променувањето на бојата на небото. Има некое значење сонов?
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ќе имаш некоја промена во животот. :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Плаво мало дете, коса плава како швеѓанче, со хиптерски наочари? Сите го сакавме.
     
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сонував како стојам пред отворен прозорец гледав низ еден двор со зеленило како поминува еден човек на бел коњ така јавајки низ дворот со него??
     
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Се потсетуваш на детството или сакаш да се вратиш во детството. Можеби како што изгледало детето во одреден приод од животот си сакала така да изгледаш :lol:
     
    На Agrona и hrcace им се допаѓа ова.
  13. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ќе имаш некој предизвик каде ќе мораш да работиш брзо. Треба повеќе да веруваш во себе. :D
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    1.Сонував како со братучетка ми треба да идеме на роденден кај еден другар(не ми е некој ептен близок).
    И јас што ке облечам што ке облечам вадам еден невестински сурена-фустан извезен со старо злато :^)

    2.Сонував како сум во школото каде што учев од 1 одд до 4.Јас бев трето одд ама ликот телото ништо не ми беше изменето иста бев.Седев во дворот со дечко ми тој беше 4одд и беше мал баш како за 4 одд.Јас трчав по него (го сакав) а тој не ме познаваше. :rofl:

    3.Јас,брат му на дечко ми и братучетка ми одиме по улица и братучетка ми влегува во еден дуќан.
    Јас јадев портокал тука баш пред вратата на дуќанот.Жената внатре ми се развика затоа што тука сум јадела ,се ке се лепело. |( Јас се налутив.Влегов после внатре.Неколку жени пиеа кафе и татко ми . Го испиа кафето и го превртеа. :|
     
  15. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Сум била на училипте (а распуст е сега), на час по физика.. на сред час сите почнале да трчат низ врата, некаде надвор и на крај јас сама сум останала во училницата :^) После тоа и јас тргнав да видам што било, ама тие веќе се враќале.. А инаку беа истите школски од 8 одд, а не сега од прва година :D На фемина пишува среќен период, ама не го сфаќам делот со месечината...
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    1. Роденден значи дека ќе добиете подарок кој не сте го очекувале, и голема радост. Фустан невестински може да значи да се очекува свадба во семејството или од некој твој близок. Или може да значи дека сте нетрпеливи кон некого, скротете ја нервозата.
    2. Не ги игнорирајте работите кои се случиле во вашето минато. Токму во нив се крие клучот за решавањето на некој ваш проблем.
    3. Треба да бидете поштедливи затоа што ве очекуваат непредвидени трошоци и треба да бидете малку поскромни во вашите барања. Тоа што сте јаделе портокал значи ќе посегнете по нешто забрането ќе доживеете некоја љубовна авантура, но забранета. А кафето мислам дека значи дека ќе добиете покана за некој настан.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Знак дека постојано ги правиш некои исти грешки. Крајно време е да започнеш да учиш од грешките. Може да значи дека за некои работи тапкаш во место чекаш сами работите да се одвиваат, по извесно време ќе сфатиш и ќе тргнеш напред. Ќе дојде период кога сама ќе треба да одлучиш за нешто па размисли убаво не избрзувај.
     
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Веќе цела недела сонувам како проф. анатомија ми дава да правам тест и ништо не знам. Се обидувам да препишам и не можам ни тоа.
    Анатомија веќе кошмар ми стана.. |(
     
  19. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Ова м ие познато затоа што мене ми се случува кога имам многу тестови. Анатомија баш и не ти оди, се плашиш од тест за да не добиеш слаба оценка. Тоа што не можеш да препишиш значи дека нема полесен начин да го решиш тестот освен да научиш. :D
     
    На Agrona и BeYourself им се допаѓа ова.
  20. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Пак јас. Сонував дека сум се запишала во козметичко училиште ама школувањето било многу скапо а и плус глупо ми беше, несакав тоа да го учам поќе. И дома требаше да вежбам, да правам некоја маска од лубеница и да ја испробам на мајка ми и се нервирав и викав дека лубеницата служи за јадење а не за овие глупости. Татко ми ми беше лут зошто дал толку пари за нешто што јас нејќам да го работам и се испокаравме. Јас лубеницата само ја фрлив нејќев ни да ја гледам веќе. За тоа време мајка ми правеше ќофтиња ама не знаеше да готви, не знаеше ни како се прават :x Agrona или psychic :?: зошто гледам сноу не се занимава со нас веќе.
     
    На Agrona и psychic им се допаѓа ова.