сонував како сум дома во тоалетот но имаше многу луѓе за толку мало место. сакав да се бањам но неможев да ги избркам да си одат. и почнав да се пресоблекувам гола пред нив, како воопшто да не ми пречеше и не се избањав...
Gossip-girl96 куче е знак за верно пријателство а Кучка со мали кученца-Ќе им помагате на вашите пријатели. karak ќе ја искажеш љубовта кон твојот сакан. MoneyLover-98 барав под сите клучни зборови како тоалет ,ако сте во тоалет и ако некој друг е во вашиот тоалет. Ќе бидете наклеветени за нешто. Ќе стекнете богатство. Некој ќе ви побара пари назаем
Ова што го кажуваш нема врска првата анализа е во ред, karak е под голем стрес и не треба да им помага толку на луѓето, треба да гледа и малку за себе, а за MoneyLover-98 мора да се одмори негде без многу луѓе
Сонував дека сум била во една просторија со дечко ми и брат му, а брат му порано многу го свиѓав. Дечкоми пошол зад некоја си завеса, значи ништо не можеше да се види зад неа, а дотогаш брат му се правеше како да не ме знае(ден денес немаме муабет) и кога отиде дечкоми зад таа завесата, тој се приближи до мене и почна да ми зборува, да ми се пушта, сакаше да ме смува, али и јас не бев поарна, али сепак во главата си викав НЕ ПРАВИ МУ ГО ТОАА.. И не ми е првпат да го сонувам брат му, покрај него, најчесто у паќет идат во сон и двајцата.. но зошто брат муу, и зошто сака да се муваме? :/ не го имам видено повеќе од година дена, и одвреме навреме ќе си се појави во сон.. Не се осмелувам тоа да му го кажам на дечко ми..
1.Сонував како било вечерта Нова Година.Јас пред славењето сум отишла докај еден дечко(онака мувач ми е) и сме седеле.Било 1 часот и сме велеле подоцна ние ќе одиме нели да славиме.Некако тука се најде другарка ми и имавме секс во тројка ама јас седев до него и ништо не правев.Одеднаш тропна на вратата мајка му ,тој излезе негде,јас ја отворив вратата ама во гола по пешќир бев само,се насмеав и ја затворив вратата.Се облеков,и подоцна на вратата дојдоа сите негови соседи и мајка му се фалеше демек јас сум била негова девојка.Бев спремна за прославата вечер,ама немав штикли,дојде мајка ми и заедно со неа од таму изглегов и и велев ги забораив штиклите дома. 2.Ќе имало концерт на ДНК тука во мојот двор.Имаше луѓе,ама ДНК нигде ги немаше.Дојде истиот тој дечко од горе наведениов сон,ме гушна толку силно и ме залапа.Бев радосна.Подоцна со другар му дојдоа дома.Истото се случуваше и внатре.Не можеше да се тргне од мене нон-стоп ме гушкаше.Отидов јас до салон нешто и се враќам,двајцата сакаа да ме зафркаваат па се крие демек да ги барам јас.Ми текна му вртев на мобилен и го слушнав дека му ѕвони телефонот ама мн некако нејасно не можев да разберам од каде доаѓа.Вртев пак го искл.тел.
Јас го сањав синоќа Рајан Гослинг. Ми се пуштал, трт мрт знаете како иде веќе тоа и ја му викам, - Слушај ако може една партија секс, нема лошо да ми падне, одамна ти мислам прљави работи. Момаков не вика ништо, ќути како во Drive, ме залапува страсно, па го снемува и ми се појавува бре у шушкавец тренерка убутана у панталона Дизелаш стил. Му викам - You gotta be kiddin' me right? Ме залапа уште еднаш, и бидна што бидна, сега да не го опишувам сексот до детали не е тука местото за тоа. Беше со многу страС и беше јак, заборавив на шушкавецот инстантно. Ако може некој ова да ми го протолкува освен работите кои ми се јасни како тоа дека неделава хормон ми удира у глава ради женски хит месеца, па затоа имав дрти дрим, и фактот дека човекот ме пали, шо да праам, згодничок е, ќе му бидам благодарна
Сонував како сум се правела операција од крајниците, сум ги извала и кога ќе јадев нешто кога ќе голтнев чувствував голема дупка во грлото и се што ќе каснев ми застануваше зад ушите негде (внатрешно)..
не сум сигурна што сакаш да кажеш со ова дека измислувам или слично но не сум баба Ванѓа да предвидувам што е точно и што ќе се случи. еве ти извор. http://riznica.com.mk/Sonovnik/ http://www.femina.mk/%D1%81%D0%BE%D0%BD ... 0%B8%D0%BA
Две ноќи по ред си го сонувам името мислам како ме спомнуваат, вчера вечер сонував дека се запознавам во продавница со познати фаци и се претставувам како се викам а едниот од нив рече знам ти се викаш ________, а јас реков не тоа е брачеда ми, а јас сум__________ зашто со брачеда ми многу слично име имаме инаку дека тука негде сме се родиле а вчера вечер ја сонував професорката од школо, ми помагаше за некој тест и и викав дека имам многу глупо име и дека кога би можела би го сменила а таа ми рече стварно е глупо смени го и ми рече викај се даниела а убаво ми е името нејќам да го сменам
освен што Рајан те пали и самата си кажа дека ти се хормоните пред женски хит месеца. Во овој период, жените многу сонуваат такви работи кои немаат значење
Прво, многу те мешат со брачеда ти. Толку многу што то го сонуваш. Тие фаците изгледа сакаш да ги сретниш. Ќе се изнервираш нешто со професорката.
Сонував како играм карти со неколку луѓе на маса, се работеше за тоа ако победам ќе си го спасам животот, и цело време гледав како само да победам, дури помислував како да измамам за да останам жива зошто ќерка ми ми беше во мисли цело време, сите што играа со мене во собата лицата им беа црни.. не знам како се заврши, ама знам дека бев испаничена многу кога се разбуудив.
Сонував како сум била трудна 9-ти месец Шетав во некој парк и од еднаш добив контракции за породување и тргнав накај болница по некое патче покрај река и имаше трева на сите страни. Одев одев ама патчето никако немаше крај. Инаку ноќта имав менструални болки па ми се поклопиле со контракциите на сонот.
Секако дека верувам во нивното значење. Одма кога ќе се разбудам ако сеуште го памтам сонот, го запишувам на мобилен (дека нели повеќето сонови ги памтиме многу кратко) и одма отварам на соновников на фемина и стварно е точно значењето. А во последно време ми се случува да предвивувам работи хах.. знам некои случки што ќе ми се случат наредиот ден.. језда се тоа некои ситници ама пак creepy е