баге што значи да сонуваш како гледаш сликам ја држеш во раце, и одеднаш таа оживува целата ситуација ја гледаш на самата слика, што и како се случувало за тоа време?
Не се сеќавам на другиот дел од сонот, само знам дека сонував како си сечам нокти на нозете Што значи тоа?
Сечење нокти на сон симболизира долга и напорна работа за малку надомест и плата. Веренички прстен на сон симболизира целост,емоционалност,континуитет,обврски и чест. Слика на сон симболизира ментален отпечаток што останува упорен во твојот ум.Твоите активности се неповратен процес.Нема враќање назад после нешто што си направила. (ЌЕ ГИ ВИДАМ ОСТАНАТИТЕ СОНОВИ ПОДОЦНА,МОРАМ ДА ОДАМ СЕГА.ПОЗДРАВ)
Не знам дали бев скарана со дечко ми или скришно заминав со едно машко од другиот клас некаде. Се најдовме во една темна просторија јас, момчето од другиот клас и неговото друштво. Бев тажна и исплашена (не знам дали затоа што бев скарана со дечко ми или затоа што скришно бев замината-не можам да се сетам). Но таму имаше едно смеѓо момче. Не можам да се сетам на неговиот лик, се сеќавам само дека се гушкавме и многу сигурно се чувствував во неговата прегратка и чувствував дека многу се сакаме, иако бев повредена од дечко ми. И кога се разбудив се чувствував среќна... Што значи ова Баги?
Сонував како сум паѓала од зграда и сум била многу исполнета Кога паднав застанав цврсто на нозе,што значи тоа?
баге сонував како има убиство во мојата соба помеѓу двајца другари,не ги знам кои беа ама јас и сестра ми сме ги виделе имале дупки во главите од куршум и после детективи требало да не испрашуваат за изјава и на крај сме биле со мајка ми во нивната куќа на чување вечерта,имало многу народ...
Синоќа сонував еден куп жаби...секакви, мали, големи,зелени, крастави...Тоа ќе дае крекање...а и донекаде се спремам на озборување, пред мене е голем чекор, а крекачи еден милон Ама кој ги врти...Нека си зборува народот, јас ќе си сонувам
Наш почитуван толкувачу на сонови ... Ноќеска сонував цело време како патувам со авион?Во последно време многу нешто авиони,ав. карти и далечни земји ми се во соновите
Ова значи дека си силна личност,стоиш на зборот и не дозволуваш да потклекнување на било кој пораз. На сон да си сведок на убиство покажува длабоко вкоренет гнев кон некого. Жаби што крекаат на сон е недостиг на посветеност.Алтернативно,може да укажува на тоа дека правиш големи чекори кон некој гол. Kрв на сон претставува живот,љубов и страст,како и разочарувања. Да леташ со авион укажува на тоа дека имаш целосна контрола врз твојата дестинација во животот. Убедена си и самоуверенена во твоите одлуки и успеси.
Леле јас многу сонувам.Мислам дека такви фантастични сонови ретко кој има Дали имам многу фантазија..стварно нз до што е работава :/
Ова сонов од пред неколку дена ми е, ама сега ми текна: сум била некаде низ Скопјево (за мене непозната локација) со моите две другарки со кои сум нон-стоп. Имаше тука некои кучиња (не беа многу големи, среден раст) и почнаа да ни ‘ржат. Јас едното го потклоцнав и тргнав да ги стигнам другаркиве, кога другото ми се пикнало под сукња (Боже сачувај ) и фати да ме дрпа за сукњата од внатрешната страна. Мене таков страв ме фати на сонов, посакав да викнам, ама немав глас. Се трудев упорно и упорно да викнам, ама гласните жици како пресечени ми беа, а другаркиве беа можда на 50 метра и постојано се оддалечуваа. Кога се разбудив цела бев уплашена и таква целата шашава, и одма фатив да зборувам за да проверам дал ми е се во ред со гласот Багуфче? (жими се‘, плата треба да ти даваат )