Сонував дека купувам накит(нешто ланче) од супермаркет,и на крај сум си купила венче. А не е првпат да сонувам дека купувам накит. Што би значело?
Сонував дека сум родила бебе :/ татко ми многу ми викаше дека на овие години родив... А потоа уствари како да бев бремена и јадев некои колачи за абортус
Сонував како спијам и мајка ми ја отвара вратата од мојата соба и ја гледам како со обична метла го мете претсобјето и влезот од мојата соба и јас и викам "Абе мамо кај најде пред работа да метеш, оди на работа ќе закаснеш." Вториот сон ми беше како реката во центарот ептен надојдела дури и улиците биле преплавени, јас бев со едно девојче кое не ми е другарка но порано бевме сокласнички и како што го преминав мостот и фатив да си одам по патот нагоре водата на патот почна да ме турка надолу. Јас паднав на коленици но успеав да се фатам за едното тркало на една паркирана кола и девојчето што беше со мене ми помогна да станам. Трет сон како одам по едно тесно сокаче по угорнина и од мојата десна страна имаше една куќа а во дворот преку оградата стоеше баба и на една моја другарка, таа стоеше покрај една маса и лупеше компири демек ќе ги пржела, јас и се понудив да и помогнам но таа само се насмевна и ми одмавна со главата. некој да ми каже што би можеле да значат соновиве, ме ставаат во мисла .
ќе има нешто ново, но нема лесно да го прифатиш 1.реши ги проблемите од минатото 2.емоциите те преклопуваат. Одмори малку 3. некоја работа само се одолговлекува, веќе е време да се реши
другарками ме сонувала каконекоја жена и рекла да гледам на кафе и да им помогам на лугето иначе гледам на како онака и погодувам што би можел да значи сонот
Сонував како сум го славела роденденот во некој огромен стан.Сум се разбудила на пола роденден и сум видела дека алкохолот се потрошил, имало само уште малку вино сум се напила и сум земала другарка со мене да одам до дома да земам пари и да купам уште за пиење.Кога сме оделе до продавница пред нас оделе 3 или 4 другари/познаници од населба.Им се приближивме и одеднаш не напданаа, не ги врзале рацете и нозете.Едниот од другарите земал шприц и почнал да не боде по цело тело и да ни остава мали црвени точкички(во шприцот мислам дека имаше дрога)..Многу ме болеше и цело време размислувава зошто ми го прави тоа коа ме знае другарка од населба, ама на глас ништо не сум кажала.После зема каиш мислам дека беше и ми ја стегна ногата со него и пак ме боцна со шприцот.После две три секунди кажа дека сум мртва, и дека моето тело не ја прифатила последната доза исто така и дека мојата другарка починала.Си го гледав сопственото тело како мртво лежи на подот, и во себи си зборев дека не е можно да сум мртва, и знам бев многу исплашена.После некое време се будам во бела соба,спроти мене седеше една жена, а до мене мене мислам дека лежеше брат ми ама не сум сигурна и во собата имаше уште еден мој другар.Ко да сум имала психички проблеми, како да сум имала траума од нападот, ама знам чудно се понашав.По некое време во собата влезе другарот што наводно ме уби, и ме тргна мене на страна.Ми кажа дека све тоа го напраил за да ме заштити за да не ме убие некоја си мафија(мислам дека беше мафија не сум сигурна)и дека тоа му била наредба од Урко хахахахахаххаха..И знам ми кажа дека за некое време ке дошол урко и се ќе ми објаснел.И точно така по некое време дошол он и почнал нешо да ми збори не се сеќавам шо, ама знам нешто го спомна татко ми..И после разговорот ко да сум се опоравила некако, и после имаше уште нешо, дали сум се вратила дома, или нешто друго беше, ама мислам дека беше за добро.. Ке може да ми каже некој што значи, некако ме исплаши сонов..
1.Сум отишла со другарка ми во некоја продавница.Имаше прекрасни фустанчиња.Другарка ми зема еден и го пробуваше,додека таа го пробуваше јас земав друг фустан(беше сличен на еден како што го имав).Доаѓа другарка ми и и велам супер е земи го,и го зема.Го виде фустанот на мене и ми вели абе имаш мн сличен ваков зашто уште еден ваков да зимаш,јас се согласив.Отидов во соблекувалната и се соблекувам кога гледам по нозе ми тече крв ,сум имала добиено.И реков на продавачката ај ве молам ако имате дај те ми една влошка.Жената се насмевна и ми даде, и се заблагодарив. 2.Се возам во автобус и се качува на една станица тетка ми со детето.Не се поздравив со неа туку одма некако муабет правевме ова она.И автобусот одеше по такви мали споредни улици тука во моја населба(не возат таму автобуси).Јас се зачудив,а тетка ми рече да гледаш од каде идат.Се симнавме и отидовме дома кај мене,но јас таму не живеев нити па беше тоа моја куќа.Влегов внатре со тетка ми и мама седеше гледаше ТВ.Јас бев лута и велев на мама абее нели требаше да идеме до ГТЦ.
Што значи да сонуваш манастир? Сонував дека требало да одам на манастир (на Матка) не се секавам точно кој беше, се мислам дека требаше да одам на Пресвета Богородица. Чекам автобус,а околу мене многу луѓе (сите беа муслимани,мажи и жени). Кога стигнав таму, а имало многу народ, сме оделе по една угорница, па удолница, а околу нас имало вода. Бистра вода. Јас се лизнав, и паднав во водата и почнав да пливам, и бргу ме извлекоа. Целата бев мокра и некој ми рече: Ако, бргу ќе се исушиш! И така беше, за кратко време бев сува. Толку од сонот. Морам да споменам дека со мене беше и дечко ми. Цело време беше до мене. Дури и тој така падна во водата и него брзо го извлечија и брзо се исуши. Во последно време многу сонувам, а скоро во секој сон е присутен и тој. Претходно ви кажав друг сон со него, сега и овој. Ако знае некој што значи? поздрав и имајте убав ден
Лудите соништа се враќаат назад. Не ми се верува дека повторно почнав да сонувам глупости. Сонот : Се вратив назад во времето на Рокселана-ХуремСултан. Сакав да дознаам зошто и како умрела, како живеела, како навистина изгледала (што не е далеку од вистината) Имав направено план. И се претставив како човек од иднината, а таа ме разбра. Беше преубава жена. Собата и беше украсена со скапоцености. Но, мојата главна цел беше да откријам кој ја убил т.е. да живеам со неа се до нејзината смрт, и кога ќе видам како ќе умре (се сомневам дека некој ја убил) повторно ќе се вратев во минатото и ќе ја предупредев, за да го дочека моментот на Валиде. И таман си направивме муабет, се разбудив. ??
сонував како ми се крши заб (двојката) до пола и веднаш ме однеле на доктор да ми го поправат и ми го поправиле. Што би значело тоа ?
Сонував чуден сон. Се ми е испомешано ама ај ке пробам да го напишам редоследно. Значи некако имало некој паралелен свет, каде што се било подобро и за да одиме во тој свет требаше да продонесиме жртва, односно жените да ги запелиме косите... Татко ми викаше дека тоа не е добро , дека еднаш го направил тоа и дека никогаш пак не би влегол во тој свет. Но мајка ми, јас и брат ми (мислам дека беа уште некои роднини) бевме решени да одиме таму. Почнавме да си ги палиме косите, но на сите мои обиди свеќата се гаснеше а јас бев упорна дека сакам да одам таму. Мојота коса беше посилна од огнот и на крај се откажав. Гледавме на атласот низ кои планини треба да одиме таму, а патот изгледаше доста напорен. Исто така забележував некој златен отсјај и јас тоа го перцепирав како доброто! Потоа коа пробав да го повторам тоа со свеќата и косата дојде некој поштар кој рече дека тоа не е добро, дека таму се крие злото , као нешто ѓаволи ... Утрото во 5 сабајле сите оние кои дале жртва односно косата одеа како заслепени кон нешто црно кое ги чекало за тој свет. И конечно сфативме дека тоа е лош свет бла бла и започнавме да бегаме.. Децата кои одеа таму беа заслепени, со црни очи кратки коси... Појма немам што значи сонот ама мн ме заинтересира. Се будев, кога ке заспиев пак како да сонував продолжение на сонот.... ???
Сонував како ќе ми купуваа кола, и ми донесоа еден каталог и си одбрав една сива, после се предомислив сакав црна, ама мајка ми рече епа сега нема.. порачана е сивата шо си ја одбра
го сонував бившиот како имал девојка и се бакнувал со неа ме гледал и ми се смеел јас сум го барала него не сум го нашла и после ми кажале дека умрел јас сум плачела и очајна сум била еден човек ме тешел да не плачам
Сонув како сме биле со мојата другарка во болница и таму поминал некој човек што зборнал нешто спо другарка ми,а мене не ми рекол ништо,потоа пак поминал,јас сум носела очила,ама обични не за сонце инаку треба да носам и сум ги ставила на глава,потоа пак поминал овој човеков и ги зел очилата за да ги проба на себе,потоа сме збореле нешто и дознав дека всушност бил доктор.Па сне збореле нешто и јас му реков не сме се запознале,како се викаш јас сум киккки,ти?Тој ми рекол дека се вика Александар.Потоа паднал нешто на земја,па јас му помогнав да стане. Не сум преоптеретена со никој Александар,дури не и познавам таква личност,што се вика Александар,ако може некој да ми каже што значи,многу чуден сон...
го сакаш ама види ги неговите намери биди одлучна, ќе имаш некоја непријатна ситуација Измиј се со крстена вода, можи некој ти има фрлено магија некаква. Иначе, сатанистички ритуал е да се пали косата
Нема значење може да се разболиш, но брзо ќе оздравиш Или имаш направено астрална проекција за во минатото ил иси опседната со турските серии Бараш некој да ти помогне, да те поткрене некако. Изгледа тој човек ќе биде дечко ти 1. ослободи се од стресот 2. нема значење