1.Бев во некое големо училиште.Една професорка ме повика да ги пипкаме парното и да видиме кој радијатори се топли кои не.Таа го запишуваше тоа. Одеднаш излегуваме на терасата на тоа училиште кое имаше поглед кон реката Вардар и имаше некоии трафикии,луѓее.Јас и велев колку е убаво тука и училницата што е тука до терасата.Професорката ме праша Зошто?-Јас и велам има мн убав поглед кон Вардар и останатите делови. Дојде мајка ми и рече ајде да одиме да се прошетаме.Јас тргнав со неа и одеднаш ми текна дека сум го заборавила ташничето.И веламм чекај мамоо ја забораив ташната.Таа ми вели ајј ако нема ништо важно не ја земај,и реков имашее парии внатре.. 2.Татко ми не ми давал да одам во дискотека. Викавв ама какоо ситее мои другаркии ќе одатт.Си лежев на креветот.И одеднаш ми ѕвони телефонот.Ми вртеше некој со скриен.
Сонував сум се капела во река. Водата беше многу матна загадена. Имаше околу 10 души со мене но непознати ми беа. Наеднаш го здогледав братучед ми со жена му и ќерката (инаку тој има две деца близнаци машко и женско). И тиа се капеа и наеднаш се замрачи. Јас ги поканив да дојдат кај мене на гости и дојдоа. Кај мене дома биле сите собрани фамилијарно па и ние им се придруживме. Само сега не беше внука ми од братучедот туку со нив го видов внук ми. Така изненадена го земав и си играв со него. Што значи овој сон? Фала ви многу Поздрав
Јас не би рекла опседнатост со турските серии, само оваа ја гледам. Јас повеќе би рекла опседнатост со личноста. Денес сонував како гореше местото каде што живеам, сонував и куп од дрва.
Сонував трошки од леб на чаршавче и како да ги потсобирав да имало и испаднато надвор од чаршавот.......дали знаете што значи ова?
Сонував како бев на гости во комшии и сега си идев накај дома и од улицата видов како во мојата куќа мојот бивши прави журка со некоја нова девојка, и сега јас стоев на улицата се криев позади живата ограда и ги гледав едно подолго време а во рацете држев мотика и чаршав за на маса и се страмев дека ја држам мотиката во раце и сега цело време идеа многу луѓе(непознати) и собрав храброст и влегов дома и куќата не ми беше иста, беше поубава, ми пријде еден дечко и ми кажа дека мојот бивши не бил во врска со таа девојка туку само ја искористувал, влегов во спалната соба и девојката лежеше расплакана на креветот и јас нешто и зборев и косата ми беше фарбана црна(инаку плава сум)
ќе се случи некоја промена ќе дознаеш дека не може да ти се исполни некоја желба мислиш на брак,свадба или па сестра му го мисли тоа
имам еден сон, несакам да го пишувам овде поради Х причини. на кого може да му се обратам ЛП ? иначе имам уште еден сон кој што може и тука да го пишам . Често сонувам еден исти човек ме следи (знам које) .. последниот пат сонував дека со братучедками сме се шетале и тој бил зад нас.. ние сме почнале да трчаме т.е да бегаме од него ?
ако имаш нешто можеш во порака да ми пратиш, а овај сонот значи дека треба да побегниш од него во реалноста, да се пазиш од него.
Јас сигурно не, но таа можеби мислела ама и тоа не ми е верно. Можеби некое значење има ама за неа се однесува, само уште да знам што е, па да и кажам
Не го памтам целиот сон ама сонував едно дете што не го познавам инаку, а во сонот го познавав и ми викаше дека сум грда и јас му викав што ти е бе јас не сум грда, убава сум, а тој упорно велеше дека не сум убава јас пак тврдев дека сум. А што е најглупо всушност тој беше многу грд и си викав овој најде мене да ме вика грда а види го тој каков е сто пати погрд од мене, колку нема правда и се осеќав како да не можам да докажам
Сонував дека и паѓаат забите на една девојка (познаничка). Бевме заедно и наеднаш почнаа да и паѓаат и се уплаши.. имаше убави здрави и бели заби... Да не го знае некој значењето на сонот? Само знам ако сонуваш заби не е убаво.
е па баш тоа и значи дека не можеш да докажеш во некоја ситуација колку нема правда не е убаво. Може да се разболи
Сонував дека лудо ама лудоооо сум ја возела колава. Хистерично позитивна во сонот, пресреќна што ја возам. Не се секавам дали имаше некој внатре за маста да му ја вадам. Spoiler колава е корвета ZR А што би сакала да не беше само сон. Ете будна, уште си сонувам. Треба да прекинам со возење формула игрициве и need for speed и dirt 2 и не ми текнува уште што друго свртев ...
Пак јас, сега овој од вчера Сонував дека патував некаде со градски автобус ама одевме во друг град и кај што поминувавме таму отстрана имаше некои ливади, шуми, и имаше невреме надвор. Јас си реков убаво што сум внатре. А летно било невремето и требало брзо да престане. Шоферот на автобусот беше еден човек што го знам дека е умрен. И жена му беше тука. Тој чуваше тука икона од Богородица. Се смешкаше малку злобно тој на телефон му се јави Лејди Гага и зборуваа нешто за некој нивен план. После сонував како патувам со автобус, ама со оние големине меѓуградски што се. И се беше убаво ама на возачот (друг возач беше овој) му се јавиле дека треба по пат да помине и во друг град зошто и таму имало патници, а тоа ќе одземело уште 20 минути. И ај добро, ние не се буневме. Поминувавме преку еден мост на едно езеро. Кога стигнавме таму, тој излезе да ги пречека патниците ама најде само едно писмо и му напишале дека го зафркнале ама на хрватски го имаа тоа напишано. Мене смешно ми падна што за џабе одеше ама си помислив овие некои наши се претставуваат како хрвати и се зафркаваат. Ако, ни тој не се налути, си се поднасмеа, се качи и продолживме. А после знам дека се мислев кај да седнам и имаше едни маж и жена и прво тие сакаа да ги сменат местата со некого, после јас со нив ама ништо не бидна и така. И многу работи носев со мене и ги имав расфрлено по седиштата