Jas sonuvav kako sum bila bremena na pocetokot, ne sum znaela dali da abortiram , ama sum go zadrzala , veke pocnal da mi raste stomakot da se gleda.... dali nekoj znae sto znaci ova ??
Sabajle sonuvav kako sum si kupila obetki od belo zlato so cirkoni si gi staviv na usi i bev mnogu srekna
Обетки: Да носиш: ќе дознаеш нечија тајна. Да видиш: нова љубовна врска. Да добиеш обетки на подарок: Некој копнее по тебе. Да ги изгубиш - караница.
Вошките не се пари! Вошки на сон значи фрустрации,вознемиреност и чувство на вина Може да се чувствувате емотивно или физички нечисто.Алтернативно,вошки претставуваат човек,ситуација или однос од кој сакате да се дистанцираш.Можеби се чувствуваш искористена или злоупотребена. Сонов ќе го преведам како глутница од лоши кучиња,а тоа означува дека си вербално напаѓана од оние што мислиш дека се твои пријатели. (Инаку еве и помина први,уште ми нема стигнато платата Од сега,за секој сон по 10 денари на сметка ) Сонување бременост го симболизира аспектот од себе или некој аспект од твојот личен живот што е во пораст и развој.Да се биде бремена исто така може да претставува раѓањето на една нова идеја, правец,проект или гол. Купување на обетки претставува твојата желба за прифаќање и љубов.Носење обетки укажува на тоа дека треба да слушаш повеќе внимателно и да обрниш внимание на пораката што некој ти ја кажува. И ќе ве замолам да не толкувате од онлајн соновник од 365 македонија,не е баш точен... Јас ви кажувам еве,мислам дека сте задоволни од мене? И ќе кажам еднаш засекогаш,уште не знам што значи да се сонува бившата на дечкото
да се поправам бидејки не може да редактирам, јас сум и помагала. Баги дај кажи ми што значи ова ако знаеш? ми го расипа денот сонов обично одма заборавам што сонувам, ама сега не
Дали некој го прочита мојот т.е. моите сонови..? Знам дека се долги али стварно ме интересираат ваши мислења.. Фала
Многу често сонувам некои убиства глупости и тоа како најчесто јас убивам некој и се чудам шо е работава... Прочитав во еден соновник демек пази се од непријатели а во друг пази се од самата себе и си викам ајдеее wtf Знае некој да ми каже нешто во врска со овие ретардирани сонови?
Еве пошто сите ја прашуваат Баге и јас имам да ја прашам... Одев на сон ненајавена кај блиски роднини. На врата само ми отворија и не ме примија - биле зафатени, правеле крштевка. Мајката на детето што се крштеваше беше облечена во невеста и ми дала бидермаер и јас така со бидермаерот во раце си заминав од кај нив. По пат имаше 10-тина луѓе со кои се разминавме и кои беа тргнати на крштевката и цело време се прашував зошто се поканети луѓе кои не сум очекувала, а ние не сме поканети... потоа погледнав во рацете и во едната рака имав мало букетче, а во другата бидермаерот. Значи ли нешто овој сон?
Aј и јас да ја прашам на Багуфче за мојов сон. Ја сонував стрина ми која е бремена дека правеше супа бев во нејзиниот дом, и дојдоја два членови, еден беше од моја фамилија, а другиот од кај мажот ми фамилијата и си дадоа меѓусебно 4 јаболки и една круша. Потоа бев кај баба ми и и барав пари за да купам обетки,и ми даде можеби 10 денари и бев да купам,гледав ама не купив, и излегов и надвор имаше како панаѓур, и на сонов влегувам во кола и некој стар човек со грда фаца ми се наближува кон колата, и јас ја запалив и свртев рикверц и толку.
Сонував како имало револуција во градот, многу луѓе се спремале за војна, јас сум била со некое момче и сум стоела пред големо огледало во центарот на градот и сме се бакнувале многу страсно, јас сум била среќна, а војната се приближувала кон нас, тогаш тој ме повлекол за рака и сме влегле во мала населба за да се сокриеме.
А дали знае некој што значи да сонуваш снег?Синока сонував дека сум била со дечкото и цело друштво некаде на скијање,имаше многу снег.дали некој знае што е тоа
Јас колку што знам ако сонуваш снег значи дека ќе имаш непријатности. А многу снег означува лажна љубов.
Да убиваш некого на сон кажува дека си на работ на губење на самоконтролата.Твојот сон исто така изразува скриен гнев. Сонов значи дека почитуваш туѓи мислења и идеи.Kрв на сон претставува живот,љубов и страст,како и разочарувања.Да сонуваш дека си гола значи дека мислиш дека некој те преценува. Еве Баге да ти одговори Кршетвка на сон претставува обновување,нов начин на постоење,нов однос кон животот или нов пристап кон другите.Самото значење на букет цвеќиња е почит,восхит и награди. Бремена жена на сон е некоја тежина.Овошјето значи покачување на финансиските средства,а исто така симболизираат страст и сексуалност.Баба ти означува неограничена љубов,протекција...Некој да ти дава пари на сон значи незаинтересираност.Обетките претставуваат твојата желба за прифаќање и љубов. Сонував како имало револуција во градот, многу луѓе се спремале за војна, јас сум била со некое момче и сум стоела пред големо огледало во центарот на градот и сме се бакнувале многу страсно, јас сум била среќна, а војната се приближувала кон нас, тогаш тој ме повлекол за рака и сме влегле во мала населба за да се сокриеме. Колку романтичен сон Војна значи безредие и хаос во твојот буден живот.Имаш некои внатрешни конфликти или емоционални подвизи кој ве јаде во внатрешноста.. Бакнување со странец претставува потврда и прифаќање на потиснатиот аспект од себеси. Снег на сон означува неизразени емоции и чувства на фригидност.Мораш да ги ослободиш овие чувства.Да сониш како си изгубена во некое место означува дека си го изгубила правецот на живот,се чувствуваш несигурна за нешто што си избрала да го живееш. ПС Уште еднаш искрено ќе ве замолам да не ги толкувате соновите на членовите од онлајн соновници,често не се точни (на пример 365 македонија соновник). Се што треба прашајте ме или овде или во лична порака и ќе ви кажам
Баге е алал да ти е,треба да почниш да ни наплаќаш остај што се мачиш да одговараш мене до сега се ми имаш погодено се извинувам за оф топикот. Морав да те пофалам.
Багуфче немаше да те прашам и да ти досаѓам, ама ме копка ептен. Веќе 4 ти пат сонувам како ми кажуваат дека мојот веќе починат дедо починал и тоа се ми кажува баба ми и кога ми кажува плаче. После сум сонувала дека сум била во село и сум влегла во некоја соба и имало многу огледала, некои биле запрљани и сум се гледала и забележав дека облеката ми е раскината и стара. После дојде една другарка со дечко и, а тој бил чуден, некако погрд. Исто имало и некое куче малечко кафено што цело време ја криело главата и си играло со нешто. После ми се искорна целиот нокт, малце по малце, излезе цел. Се во еден сон беше.