Сонував како дознавам дека сум осудена на многу години затвор и во сон чувствувам како плачам, се нервирам, некако премногу реално ми изгледаше. Што би можело да значи ова?
Сонував како сум имала сообраќајна несреќа со некој човек,и тоа пред некоја куќа која не сум ја видела до сега,и сум влегла внатре за да побарам помош,и таму кога сум влегла го гледам дечко ми,и му кажав на сите што беа во собата дека ми треба помош и сите ми рекоа да излезам и да си одам,а тој најмногу сакаше што побрзо да заминам,таму беше и мајка му која ми викаше да одам.И на крај сум заминала,и мислам дека ми помогнал..
Сонував како одам на фитнес и со инструкторот сме се вљубиле. И таму додека сме правеле вежби во базен некоја друга девојка го застрелала. После јас сум бегала бидејќи мислеле дека јас сум го убила. И така.
Сонував дека сум видела мачка-сиво,бела беше мислам.И така поголема беше.Заспана беше.Кога ја видов се уплашив,и помислив да поминам од другата страна.Меѓутоа,таа се разбуди и се тегнеше.И кога брзав да поминам..таа се мочаше..и малце мене ме помоча. И јас затрчана отидов на пазар кај едни жени и им кажав за ова.И тие ми дадоја јаболка(3-4) и шеќер.И м рекоа држи ги в раце.Ги подржав и потоа рекоа:Ех помина несреќата.
Мојот сон од синоќа Со татко ми одиме во Скопје како сме поканети на концерт во Универзална сала во Скопје,тамо сме имале централно место а до мене седи еден дечко се вика Жарко (жар крај на една љубов), и има една девојка вика тебе многу те сака братучед ми ама татко ти не дава за него зошто ти си богата а тој е сиромав, одам до билетара за татко ми да земам чаша вода а билетарката ми дава вода, кока-кола и кафе за татко ми,од таму сум си ги извадила чевлите и ми ги нема ги барам ама ми ги украле,не можам да ги најдам ,одам нагоре како во Стара чаршија а таму се имало кафичи,кафеани ама се било замрзнато (тоа е симбола за мојата бивша голема љубов),него го барам насекаде и неможам никаде да го најдам од таму се враќам кај татко ми Тоше Проески пее за нас.целиот сон е за бившиот. поздрав валејуниор
Сонувам како сум на фризер и ми направија многу убава фризура.Беше целата со ситно виткани локни.Бојата на коса ми беше во прамени,многу ми се допадна.И се јавив на мајка ми и и реков а какви штилки со фустанчево ке носам и таа ми рече па тие што ги имаш,јас бев лута и и реков како не јас пак тие ли ќе ги носам.На момент видов бели штили со некој синџирчиња.Потоа викав колку убава фризура имам,а мајка ми ми рече на свадба сме задутре а не утре,јас бев лута и упорно велев утре..таа уште еднаш ми рече дека е задутре.Се развикав епа зоштоо сега фризура ми направивте..незнам нешто како ајде направи ми ја како што ми беше.
Демек професорката ме викнала в канцеларија и јас сум ја прашала некои работи и откако ми одговори ми рече демек имала убава вест, ме прогласиле за највредна ученичка на годината ама наградата требало да ја делам со една другарка. И ми ја даде пофалницата, во плик беше. И јас и реков па јас со другаркава се знам уште од основно, многу интересно. И таа ми рече си имате вие ваши некои фори ќе се разберете После чепкав нешто на интернет и за позадина на десктопот ми се постави слика од ѓаволот и јас се обидував да ја тргнам и после неколку обиди успеав и си се врати во нормала. Ааа оваа професорката претходно, влегоа некои ученици во кабинет и јас ја прашав дали заврши со мене и таа ми рече да и дека можам да си одам ама кога ме поздрави ми се сочини дека со некултурен тон го рече тоа излегов и надвор ја видов другарката со која сум ја поделила наградата како идаше нашколо.
Сонував како сум влегувала во када полна со вода.А во кадата имало жена и мајка ми ми вика излегувај одма оставија жената на раат да се бања И ова кај нас дома било. Сонував уште сонови ама не се сеќавам
не дозволувај некој да ти ја руши приватноста таа другарката нема убаво убаво мислење за тебе сонот ги кажува твоите ставови и мислења према другите луѓе
ништо не ми е јасно тука. сонот нема ама баш никакво значење, а ако веќе си го посветила сонот подобро би било в лице да му го кажеш, а не тука по форумов, прашање дали и ќе види несреќа, но краткотрајна се плашиш за себе, не сакаш да те обвинуваат ќе ти треба упорност за да дојдеш до целта твоите мислења и чувства се затворени. мораш да се релаксираш малку
сонував како со мајка ми се качуваме по една како планина ама како по тепих а не по земја и тоа де со раце де исправено се качуваме а имало и други луге кои се качуваат,па сме стигнале како во некое циганско село и како да требало уште да патуваме
Веќе по втор пат сонувам како ми паднале сите заби од долната вилица(незнам дали е од страв пошто имам многу проблеми со долната вилица останати ми се цели 7заби плус и парадонтопатија имам).Првиот пат сонував пред скоро дека еден од забите ми се ниша,а синоќа во сонот сите испопаѓале и в раце знам ги држев и плачев. . Страв ме фаќа навистина... И уште еден сон пред скоро време сонував дека дома сме биле јас и мајка ми одеднаш не сум можела да дишам ме стегало во градите.Мајка ми зеде нож и ме пресече под левата града како наводно да сум можела да дишам...И послем знам дека на болница сме заминале .
1. или е од страв или несреќа 2. е сега е стварно несреќа, ама не е ништо страшно. Мајка ти ќе ти помогне Намали ги високите амбиции
секој ден си сонувам, хахахаха а овој пат сум сонвела дека ќе ме барат некојј и јас се обидувам кој е тој а потоа се разбудив и незнам што, хахаха чудно нели..
Пак јас Во претходниот пост заборавив да напишам дека, сонував веѓи.Густи веѓи. Што би можело да значи ?
Сонував како сум била на некое патување и покрај сите тие шетања имало и крстарење со брод и многу луѓе на бродот. Сите бевме на него и цело време само се качував се симнував по некои скали и наеднаш нешто се деси со бродов како да не повлече нешто надолу и сите во вода ама онака како да се давев и пливав за да успеам на дојдам на површина. последно нешто што се сетив пред да се разбудам е како некој да ме повлече нагоре и се спасив ама се движевме со многу голема брзина. Ако некој има некакаво објаснување .......
Сонував како сум била во школски и сум си нашла 5 илјадарка (може и 500 да беше ) ама после видов дека тоа не била оригинална туку испринтана.Потоа си најдов вистинска 10денарка и така
Сонував дека спијам и на сонот се разбудив целата треперејќи и сфатив дека ме опседнал некој дух. Со мајка ми се обидувавме го истераме духот но не успеавме... :/
Сонвав дека со бившиот сме седеле в кола, и сум го отворила несесерот и сум му ги покажвала работите и памтам сум извајла парфеми еден куп, други работи не се сеќавам точно шо, и сум му ги покажвала кој ми бил омилен парфем