во последно време нон стоп со мајка ми се сонувам сношти сонував дека одам пешки со братучед ми на работа и прво одиме до местото кајшто он работи и му викам а сега јас како ке одам докај мојата работа вика незнам и го снема и некако како да се изгубив незнам кај сум,влегувам во еден дукан купувам нешто едно вообразени девојки таму несакаа да ми викнат такси,влегувам во друг никој несака да ми викне такси а тел.не со мене,после се сетам на сред град со на таткоми влечките и немаше луге само животни и автомобили и некако сум станала богата сум имала розова убава кола ама не сум знаела како што треба да возам и така незнам ама се снајдов некако и стигнав до едно место на сред град имаше соберено многу млади луге и таму и мајками седела со некои пријателки и ја земав со мене во кола и некако се спуштавме од височина а незнам да пуштам светла,темно,и некако се најдовме на едно место каде беа мои роднини и земјата беше како смеса за колачи и тие правеа колачи а јас почнав да хранам едно животно како голема вошка,и некако се најдов во едена многу убаво уредена кука демек моја била и пречекуваме со мајка ми другарки ама не моите некои други и некако се погледнав во огледало и бев многу убава и мајка ми ми велела да ме слика
Се шетав со две другарки. Врнеше многу снег, но убаво беше. Немаше некое невреме или слично. Баш напротив атмосферата беше убава. Наеднаш дојдоа некои чудовишта и ја киднапираа едната другарка. Јас и реков на другата дека мораме да ја спасиме. Таа не сакаше да ми помогне, но ја натерав. Улицата беше целата покриена со снег, а ние неуморно трчавме да ја спасиме. Другарка ми се откажа, но јас ја мотивирав и продолживме. Пола сон беше трчање.
Пак чуден сон во низата.. Сум била во маалото кај баба ми. Немало ниту вода, ниту леб. Некој надреден ми имал дадено 4 5 леба, да ги распределам и притоа да внимавам да има за сите. Е сега, јас тоа надреден го протолкував како светец нешто. Да продолжам. Почнав од куќата на баба ми, видов дека ги чува внуците (моите брачеди) и и реков земи еден цел леб нарани ги. Потоа поминв низ некои куќи и им давав по едно лебче кажувајќи дека мора да стигни за сите. Отидов во куќа каде што живее брат на мој починат дедо од мајка кој и во реалниот живот се скарани со години.. над 20. Отидов и таму, се сожалив и покрај фактот дека со моето семејство се скарани и им дадов нешто повеќе од пола леб. Притоа видов како мали деца трчаат и им дадов уште пола. Единствено само брачеда ми , мислам втора ми паѓа, ми се заблагодари. ?
1.Навечер сум се враќала накај дома и гледам бившиот малце подоле преку улица.Ме виде и почна да трча по мене.Јас трчав,најбрзо што можам,но тој се доближуваше до мене.Не знаев како да избегам,па паднав на земјата,глумев дека сум се онесвестила.После излегувам со мајка ми од еден маркет таму кај нас и го гледам од подалеку како ме гледа.Сега некако бев посигурна зашто бев со мајка ми.(стварно имам еден голем проблем со него што неможе никој да го реши ) 2.Во некој бутик во едната соблекувална си пробував суќничка.И слушам гласови на двајца мои другари(не сум баш во најдобри односи сеа со нив).Се гледаа на огледало и викаа брат види како ми стои ова,јас излегувам со суќната и велам а што мислите како ми стои ова и се гледав во огледало.Едниот се насмеа и ме пикнаа во соблекувална нешто зборевме. И да не знам што ќе да е..дали од толку што мисли и збори за него другар ми сонувал како мојот сегашен дечко(па не ми е официјално дечко) се смувал со мојата 1 братучедка.А таа велела јас за да го бацам ќе треба да се качам на скали.
1. го сонуваш пробелмот, сакаш да се реши 2. тој што се насмеа повеќе сака да го реши проблемот кон тебе
Сонував многу чуден, и многу реален сон, ме разбуди ноќеска во 3 и цел час потоа размислував. Значи сум била во месарница со мајка ми и сме се скарале за некое месо. И сме купиле и јас сум го носела месото и сум отишла некаде по друг пат (не со мајка ми).Значи одам по некој пат во шумичка која е блиска до некој град.Патчето е како дол околу има висинки и мн густа шума, дрвја. Се приближувам до една кривина и одеднаш почнувам да се прашувам зошто е толку тивко, да не има волци тука. И тогаш од десната страна гледам две зајачиња што се парат . И веднаш си помислувам штом има зајачиња и не бегаат значи нема волци.Кога се вртам на десната страна гледам еден преубав бел волк или куче, нз што е.И поради страв не ја поминувам кривината туку се вракам назад по друг пат. Полека одам и го гледам волкот/кучето и случајно над него гледам исто такво мало волкче бело и мајка му. Тогаш сватив дека се волци.И одам пополека надевајќи се дека нема да ме нападнат.Одам и не се свртувам назад.Почнувам да поттрчнува и стигнувам преку една нива до еден друг пат, тука здогледувам една крава одврзана која бега во правец накај волците, по неколку минути и коњ трчаше по неа, а по неколку мин и човек по нив (најверојатно му избегале). И јас се израдував за човекот и викнав силно помош, волци и тој ме виде и ми рече не се плаши сигурно е куче и баш кога дојдов до него се свртев назад и заедно здогледавме голем сиво-бел волк на 10 метри од нас. Човекот-старец беше со сива коса, се исплаши и мавна камен. И тогаш се разбудив...нз што се случи понатаму. А и цело време со мене сум го носела месото. Значи сонот беше мн реален, и цел ден мислам на тоа, и едноставно морав да го кажам на некој
сонував како сме ги испракале осмите беше многу весело се возевме во автобус двокатен и се навалуваше и на крај влеговме неколку деца во една просторија и зборевме со наставничката по англиски
Сонував како сум во некој манастир или црква,во дворот имало нешто како чешма како извор во дворот,од предна страна биле чешмите од кои имало света вода,а од задната страна имало некоја просторија како празна соба,за палење свеќи,и имало три чешми,значи на секоја чешма над неа,имало како коцка,отвор било тоа од ѕидот,првата чешма била Св.Петка,имало икона од назад,втората била Св.Ѓорѓија,таму иконата била како хартија,и била малку под свиткана и ставена на пола од отворот каде што се дели ѕидот и чешмата,и третата била на Св.Петар и Св.Јоаким,а таму немало икона.Е сега мислам дека само се измив со водата или можеби не,не се сеќавам баш. И ова го сонувавав како во полусон онаа РЕМ фаза,значи сонов на некој начин го контролирав,односно свесно го сонував ама пребрзо ми дојде за да ја држам контролата,и баш во сонот си реков да ги запамтам светциве,може ќе ми покористат,значи ова во сонот свесно. Сигурна сум дека има значење,туку така светци некого на сон не му излегуваат.
Сонував како сум купила морско прасе и сум го ставила во машина да се испере и сум пазела да не му се уклучи центрифуга за да не умре нели..
Пак чуден сон во низата.. Сум била во маалото кај баба ми. Немало ниту вода, ниту леб. Некој надреден ми имал дадено 4 5 леба, да ги распределам и притоа да внимавам да има за сите. Е сега, јас тоа надреден го протолкував како светец нешто. Да продолжам. Почнав од куќата на баба ми, видов дека ги чува внуците (моите брачеди) и и реков земи еден цел леб нарани ги. Потоа поминв низ некои куќи и им давав по едно лебче кажувајќи дека мора да стигни за сите. Отидов во куќа каде што живее брат на мој починат дедо од мајка кој и во реалниот живот се скарани со години.. над 20. Отидов и таму, се сожалив и покрај фактот дека со моето семејство се скарани и им дадов нешто повеќе од пола леб. Притоа видов како мали деца трчаат и им дадов уште пола. Единствено само брачеда ми , мислам втора ми паѓа, ми се заблагодари. 2. Сонував како ја држам сопствената глава во раце, а јас сум здрава, и ја режам како со скалпер се до коски. Кога стигнав до очите се згадив и и ја дадов на мајка ми да ја доврши. Премногу морбидно..
Сонував како сум била кај баба ми и дошле некои гости.Баба ми ми рекла да одам да сварам кафе.Отидов и варев кафе во 1 ѓезве и едно помало лонче.
Сонував како сум била дивјак во шума и со ти е што сум живеела ми рекле да најдам храна да јадеме нешто...и јас сум отишла низ шумата и сум здогледала една дрвена кутија...од првин сум мислела дека во натре има врапчиња бидејки била покриена со лисја...но имало зајчиња мали со мајка ама диви биле многу...и сум сакала да земам ама не сум можела диви беа...и сум се борела некако со нив и мајката ја земав и ке ме изгребеше и откорнеше прстот ама сум ја земала и ништо не ми направила и сум дошла кај тие што живеам и сум ја ставила на маса...
ослободи се од стресот нема значење 1. добра личност си, некој тоа ќе го искористи но не во лоша цел 2. леле, стварно грозно ....не мислиш чисто и правилно за некоја ситуација. Нема да можеш да завршиш нешто ама ќе ти помогне мајка ти
да ми кажеше што праевеа педерите ќе ти кажев што значи точно, вака само ми значи самодоверба нема значење за ваквите сонови па воопшто не ме бидува. Ама ќе се потрудам. Прво, ќе имаш среќа за нешто. А, другото значење е дека некој сака да ти пренеси порака од светците. Оди во црква и запали свеќа нема значење
znam deka ako sonuvas ribi toa se krizi. Ako sonuvas macka isto ne e ubavo,a ako sonuvas kuce znaci prijatel...Pozz pardon, ribi se grizi, brigi.