Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Сонував како сме го промашиле автобусот пола и повеќе деца :D Нели со тој автобусот што одиме на школо овој пат чекал на друго место и ние не сме отишле таму, и сме го испуштиле... и после некој ни викал бидејќи сме биле глупави не сме знаеле каде е тоа место и ни пратиле нов автобус и ни рекле е сега да се возите со тој автобус за хомосексуалци :D немам ништо против хомосексуалците, не знам зошто вака сонував :?:

    И во истиот сон сум го видела симпатијата со нови патики ама не ми се свиѓале |( :D ццц не се чувствувам како нормална..
     
  2. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Сум сонувала обетки со крстчиња.Беа убави,прекрасни.Велевв еее овие ќе ми стојат со прстенот.
     
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    среќа
    немаат значење
    првиот нема значење, а вториот се плашиш од неправда
    1. па посакуваш да е така, затоа го сонуваш тоа
    2. носталгија
    3. исто ко првото
    1. трансформација и промена
    2. вложувај повеќе труд
    не знам....онака не многу среќни работи ми врват низ глава
    моќ, несреќа
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  4. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Сонував пред малку, дека сум се породила. Ваков бил целиот процес:
    Јас не сум бремена, ама сум здебелена повеќе од порано, и во сонов како, да сум разбрала дека сум бремена 7ми месец некаде, и не сум била зачудена пошто имам голем стомак.
    По извесно време, имав мали болки во сомакот како оние пред да ти дојди МЕНС и сум ја пуштила раката долу, во раката ми паднал плодот(машко бебе), сум била зачудена како можи тоа така..
    Ама болното во сонов е тоа што бебето по 3 или 4 пат(не со ред) сонував дека раѓам малечко ситно бебе, колку дланкава. Кога му кажав на мајками и на бабами (мајкаи) биле зачудени како можи да се породам на таков начин. На некои моменти се сеќавам дека бебето сум го ставала во џебот од сукњата, кога сум работела, не сум сакала да го одделам од мене.
    СУм се породила пред ММ, тој гледаше ТВ, и ко му реков види бебе, и како да тресам глупости ми рекол, ај не се заебавај со мене, не треси глупости.... :| Цел ден тој викал некакви гости дома, стари дедовци, незнам од кде ги наоѓал (во сонов сме живееле одалечени од градот, како на некое ридче, како во некој Чифлик, ама не богат чифлик.)
    Во еден момент сум се изнервирала заради тоа што ММ не канеше гости заради синми, туку заради да одбегни муабет со мене и да го види син му, и како што сум стоела во кујничето, сум извикала: Излегувајте сите, нејчам никој да бидите овде.. И мм ми се развикал дека немам право да ги бркам гостите т.е. старите дедовци ( Едниот памтам имаше бела коса, многу бела, а другиот дедо имаше кафена капа, како старите селани што носат, имаште уште еден дедо, само не се сеќавам )
    Ако е од корист, денеска бев кај мајками и тука спиев, бидејќи пеевме 2 години на бабами.. :(
     
  5. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Се сонував пред 2 вечери, сум лежела во ковчек, умрена сум била, и целата сум била гребена со нож, низ цело тело и на лицето..
     
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    промена, може да значи и депресија
    тоа последното има врска само со делот со старите. Можда ваква случка се случила кај вас во семејството, иначе пораѓањето значи раѓање на нова идеја и став
     
  7. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Еј вака, од пред два дена. Сонував дека татко ми си купил чорапи ама од оние дебели како бабине што ги плетат, ги купил од на пазар :^) и тоа од еден човек муслиман со капче на главата. Ме сретна и ми рече овие си ги купив за да ме топлат, како некој сиромашен човек беше :^) Се гушна со тој муслиманот и мене ми ги даде чорапите, ми рече однеси ми ги дома, да не ги носам со мене сега. Беа два пара, едните убава боја бордо црвени, другите црни. После оттаму јас требаше да одам со мама да купам патики (а навистина треба да купам). И демек купивме и ги носевме низ чаршија, бевме јас, мајка ми и еден човек што беше со неа ама не го памтам :?: И по пат имаше кучиња (ова може да ми е психа зошто кога врнеше многу надвор, нашколо на влезот под стреата се криеја кучиња, а јас таа вечер го сонував ова). Поточно вака, кога одевме низ чаршијата, видов како едно кафеаво куче се стрча и јас викнав куче! :o :D :^) демек пазете се. И тоа доаѓаше по мене, сакаше да ми ги гризе поточно лиже моите патики нови што ги носев во кутија и чорапите од татко ми. После видов уште едно црно куче. Ова беше многу бесно и со него се инатев. Значи не ги гледав двете наеднаш туку едно по едно. И знам дека бегав низ чаршијата од куче, ама ми паднаа работите и ми ги изгриза патиките, а чорапите од тато ги излижа. И мама ми рече, ај да ти купиме нови патики, а за чорапите од татко ми не и беше гајле. Мене па баш за нив ми падна жал и едните ги спасив, а другите дека лижени ги оставив. Си реков ај и на тато ќе му купам уште едни друг пат, греота е. Ми купија нови патики, а овие ги дочував од кучето, тоа се откажа мислам.
    После се вратив дома ама сега беше Велигден (во првиот дел од сонот низ чаршијата беше ноќе, а сега сончев ден), знам дека беше Велигден по црвените јајца. Татко ми имаше донесено календар православен со икони, ама тој бил ист со оној што сме го имале веќе. Јас си реков е ако е ист, ако му најдам место и него ќе го ставам. Ама кога го разгледував, беше малку избледен, особено буквите и си реков ај тогаш да не го ставам. А се сеќавам најубаво на иконата што ја гледав, таа беше само малку избледена и беше некој млад светец, како витез ама во плаво бела наметка, повеќе лицето му го гледав, во таков кадар беше иконата, облеката малку се гледаше. Дали беше Архангел Михаил, св. Ѓорѓија, незнам, беше еден од оние млади светци што ги цртаат :)
    На крај гледав еден филм. Еден од добрите ликови беше како принуден да работи за еден злобен со тоа што беше опседнат од нешто натприродно. Во него имаше черепи, а черепите пукаа и од черепите излегуваа мали чудовишта што летаа. Другите добри ликови во филмот не знаеа дека тој е сега на темната страна. Ама дури и тој злобниот се уплаши од тие работи што почнаа да излегуваат и бараше начин да го спречи тоа зашто било голема опасност за сите.
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    леле, цел филм. Да сумираме од цело, ќе имаш среќа во нешто, а поголемиот дел ти е од психата. :D
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Сонував камила, односно неколку камили..Бев во пустина, со мене имаше уште некој но не можам да се сетам кој беше..Камилите поминуваа пред мене и некако чудно ме гледаа..Беа натоварени, но не премногу.Одеа бавно а како само ме гледаа............ :sweat:
     
  10. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    мораш да бидеш поконзервативна, имаш премногу проблеми што ги носиш на грб
     
  11. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Јас пред некоја вечер сонував дека пијам кафе.И погледнувам во шољата, и внатре го гледам ликот на ИСУС.и се вртам, и го гледам ИСУС стои зад/до мене и така смирено ме гледа...
    ( и сега се ежам, а реално не сум верник)...
     
  12. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Сонував дека забите ми се нишале, слабо се сеќавам што сум правела, ама се сетив дека забите напред ми се нишале..
     
  13. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439

    сум слушнала дека тоа значи дека некој близок ќе ти се разболи... :worried:
    сепак, само сон е...
     
  14. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сонував нешто како сум била кај некои роднини и некако наоколу се шетале чудни животни а само јас сум знаела за тоа
     
  15. missmk

    missmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    16
    Го сонував дечко ми( со кој сега сме малку скарани) како сме имале петинг и му се дигнал ??????
     
  16. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Сонував како на час по англиски мислам , ми пристигнал подарок како демекод кумовите од Австралија.И седев втора клупа или прва.После истиот случај само седев во последна клупа и ми дадоа поклон и поклонот беше некоја игра голема со плочи (музички) за да станам ДЈ :D
     
  17. kiki101

    kiki101 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Сонував како дечко ми се бакнува со друга и тоа во мојата куќа!
    Многу се вознемирив, и демек тие не ме виделе и потоа од околку сум го испрашувала која е таа, и тој ми одговорил дека му била роднина на попот. И затоа требало добро да се однесува со неа.
    И јас во умот си реков аха да таа му е роднина на попот и доброто однесување кон неа значи бакнување и тоа кај мене дома!!
    И се разбудив многу вознемирена се надевам дека нема ова да биди реалност :o ауу страшно :x
     
  18. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    пази да не стане реална прељубата
    изгледа сакаш ДЈ да станеш
    ма, ти недостига
    ќе имаш единствено мислење за нешто
    според мене, треба да станеш верник Мислам, не му се појавува Исус на секој :o некоја порака треба да ти пренеси, најверојатно за тоа да станеш верник, можда повеќе среќа ќе имаш
     
  19. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Само се секавам дека сонував два сона...и само малце се секавам на првиот, дека имало некоја женска личност во една куќа и сум влегла и гледам ја гледа на камера мајка ми како во куката си разговара со некого и ми кажа демек можела да види од сите камери на компјутерите и ја зачудека си стојам и толку...а за вториот сон исто знам дека беше нешто со мајка ми ама не се секавам на ништо!!!
     
  20. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    епа, ако не памтиш, јас не можам да ти помогнам. За првиот да ти кажам дека нема значење ;)