Го сонував мојот бивши, одевме до пред некое време, во сонов се однесуваше многу мил, беше посмирен и на секој начин се обидуваше да му простам за тоа во реалноста, беше постојано насмеан, а да и беше пострижен и избричен хехеех Што можи да значи? (во текот на врската се беше супер, и тој и разговорот меѓу нас, ама потоа помалку ми веруваше се сомневаше дека на моб разговарам со други машки бла бла и на брутален начин прекинавме, со навреди)
Сонував како сум била облечена во бел фустан, мнооогу бил убав, сите го сакале Ама не сум била невеста, туку на некој натпревар сум го носела, ни јас не знам што е филмот.. Сум се спремала за некаде, дури сум избирала штикли за фустанот, и сум се плашела да не задоцнам за летот
Дали знае некој што значи мојот сон вака сонувам како моите ми направиле соба на долнот кат и купатило во собата ама се мн убаво средено ептен голема соба големо купатило и само јас да си седам доле и јас одма му се јавив на дечкоми и му викам е сега можеш и кај мене да дојдеш јас ама седам а може и да те пречекам со едно туширање хаха
Го сонував бившиот, како сум му пишала да се видиме и не ми враќал воопшто... После некое време го сретнувам во хотел некој во фоаје, седи со некој дечко кој го познавам. Му викам засрами се, како можеш да не ми вратиш какво ѓубре си ти... Ми праќаш само смајли по смс и те прашувам да се видиме, а ти не враќаш, што сакаш од мене. Ми вика јас само онака се зафркавам, ти види што правиш, досадна си веќе, не се разбираш од збор. Јас пак упорна, нели раскинавме остави ме, што се замараш со мене, епа сакам.. и се разбудив И?
никогаш и не те сакал нема значење, ама би сакала да е така 100% поголема самодоверба ти би сакала да бел посмирен и каков што си го сонувала
Идев по едно темно патче и имаше неколку светилки првин го видов пријателот на татко ми(И не ми прозборе ништо ) па после пак свртев се вратив на истото место и имаше деца.На почетокот на патот имаше една фабрика ама беше во земја и малце се глеаше.Имаше работник и цело време ме глеаше.има уште ама не ми текнува
Чуден и долг сон ама не се ни сеќавам цел да го раскажам како во некој од оние предновогодишни цртани или емисии да бев и имав некое патешествије, во потрага бев по некого, па мали човечиња со новогодишни капи, па многу снег, значи премногу снег и скокање во него за да се надминат препреки, како видео игра А минатата вечер исто сонував волшебни некои работи ама ај да не кажувам се, тој па уште подолг е
ќе гледаш поинаку на работите, изгледа и среќа ќе те прати јас би сакала бившиот да го видам во таква ситуација значи дека не сака да те види и ти се плаши, иако можда разговарате, тој не може да те поднесе воопшто
1.Сонував како сум тепала некои мали суштества со некој човек.А пак еден човек падна на земја и пред него дијамант-одма си го зема и отиде кај некој човек.И наеднаш дијамантот почна да го влече човеков наваму-натаму и на крај отиде до кај човекот (дијамантот бил магичен и само тој човек знаел што треба да се прави со него). 2.Бев на плажа и закопав некоја магична топка (брее се магично во сонов ) и после кога си одев ја заборавив таму. 3.После сонував како се туширам и излегов од када без да ставам шампон кога отидов пред огледало(приметив дека ја нема топката-магична) тогаш ми текна и се вратив (не влегов во када туку се наведнав само).Кога се исправив да земам шампон - шампонот како со селотејп да беше замотан и стоеше превртен.Еј си викам што интересно и тогаш се најдоа таму мои 2 другарки од школо .Јас им викам ај да го залепиме и ова- ливчето со распоредот на часови .Тие почнаа да лепат а јас го држев ливчето.И добро да скратам на крај се ипокина ливчето. 4.Сонував како пливам од едно место до друго цело време.
Страшно имаше едно мало црно маче беше шугаво немаше едно око бевме многу деца и сите се плашевме од тоа шугаво маче.Мене ме праќаа требаше да земам нешто од дома.И кога се вратив бевме во една дупка и јас се ватив за врвот и се кренав нагоре(само на сон може да имам толкава сила )и пак го видов мачето ..сигурно е нешто лошо да сонуваш црна мачка
го сонував фернандо торес,си зборувавме бевме гуушнати и нормално зборувавме на шпански .клучното е дека ова ми е втор сон каде зборувам странски јазик,што би можело да значи?
си знаеш шпански, и изгледа би сакала да бидете како во сонот, нема значење ама ти посакувам да ти се оствари губиш сила и енергија
Една другарка ме замоли да прашам што значи ова Сонувала како умреле мајка и и дедо и.Плачела и во сонот и кога се рабудила
Сонував дека сум била во нашата градска библиотека,и имало рафтови со многу книги.Сум била кажена на столче,и сум земала.Ќе земев една,ќе се одлучев неа да ја читам, но видов друга и неа ја зедов.Читав нешто од неа,ама не се сеќавам точно што Потоа дојдоа други луѓе,странци.И зборувале.Само една од нив,зборувала српски и сум ја разбрала што зборува. А другиот сон е..Еден комшија имал кучиња..и кога ги видов се исплашив.Двете од нив беа врзани со јаже,комшијата ги водеше.И третото беше врзано, само малку подалеку од нив.И комшијата ми рече:Не плаши се врзани се.