баге шо значи цела ноќ да сонуваш како имаш секс,цела ноќ сонувам незнам колку пози и се со дечко ми сме воделе љубов?
Багуфче ако сакаш еве одговори ми и мене, во последен период стално сонувам како сум во нашата стара куќа ама во сонот нели како воопшто да се немаме преселено од таму и потоа во училиштето каде учев основно, како седам на клупите како уште да учам таму... што значи ова ?
Е Баге сега овој сон е далеку од позитивен и интересен како шти викаш ти ...Сонувава змии и како некој ги убиваше.И како после мајка ми ни допрена од нив имаше мал угриз на прстот ама веќе залечен..Што ќе значи ова?
Плачењето означува ослободување на негативните емоции што се веројатно предизвикани од некои будни ситуации отколку настаните од сонот.Твојот сон е еден начин да врати некја емоционална рамнотежа и безбедно да се ослободат твоите стравови и фрустрации.Во твојот секојдневен живот ќе ги игнорираш,одбиваш или потиснуваш чувствата. баге шо значи цела ноќ да сонуваш како имаш секс,цела ноќ сонувам незнам колку пози и се со дечко ми сме воделе љубов? Да имаш секс на сон означува дека некои спротивности во тебе ќе се спојат и конечно ќе добиеш решение за нешто.Исто така означува психолошки натпревар. Старата куќа ги твоите стари верувања,ставови.Се навраќаш на стари моменти и чувства.Старото училиште означува чувства на неадекватност и детстски несигурности кои никогаш не биле решени. Можеби се однесува на загриженоста за твојата изведба и способности. Крадењето укажува на тоа дека ќе се чувствувап лишена.Местото каде што крадиш означува дека токму на тоа место има нешто што тебе ти е потребно.Алтернативно,крадењето значи нереализирани и неисполнети цели. Општо змиите и каснувањето од змии означува скриени стравови и грижи дека некој ти се заканува.Сонот можеби претставува закана од нешто во реалниот живот.Алтернативно, мијата може да се гледа како искушение,опасна и забранета сексуалност.
Чудно, тоа беше некоја измислена продавница за накит. А што значи тој што го свиѓам да ме викне на сон да ме баци и после јас него 3 пати по ред во истиот образ. Ме гушна и отидовме по едни скали седнавме на стар кауч и јас облекував патики.
синока сонував како со татко ми сме биле поканети на ручок кај неговиот колега.и одедна неговиот колега почнал да го навредува татко ми и јас сум рекла веке е доволно и дека такоми не треба веке да ги трпи неговите навреди.едвај сум ги спречила да не се степат и со татко ми сме си заминале од таму боси, без чевли.во мегувреме неговиот газда дошол и заедно со жената на тој колегата почнале да го молат татко ми да не ја напушта работата и тогаш јас повторно во име на татко ми сум им рекал да го остават на мира и дека неможе веке да ги трпи неговите навреди..(инаку ако нешто значи во приватниот живот газдата и колегата се брака татко ми работи во таа фирма и му иде шеф на колегата од сонот.и во приватниот живот имат такви проблеми и кавги) дали нешто значи мојот сон..
баге сонував цвеќе ама многу цвеќе , сум патувала со кола и на автопатот од двете страни имало како полиња со цвеќе со разни бои , преубав и колоритен сон, што значи да гледаш цвеќе околу тебе ? фала однапред
Сонував како некој погинал во сообраќајка, и цело време сум слушала како таа вечер имало сообраќајка, и се ми укажуваше дека е тој, мојот сакан, и така ден, два јас паѓам во депресија и очај, не сакам да прифатам дека е тој, и пак, и пак не успевам да дознаам дали е тој.... ..... Многу грд сон беше, еве денеска сум целата растревожена, плачам и мислам на него...... Некој да не знае значење?
baguf4e ќе ми кажеш ли ти на мене што значат овие сонови: Сонувам како многу добро возам ролерки.. И оваа година многу често сонувам како возам на некои улици.. Некои убаво асфалтирани улици, а некои пак биле со дупки, нерамни и слично. Ама важно јас многу добро возам ролерки. А во реален живот воопшто не знам да возам и многу ми е страв. Страв ми е да се качам, дури нозете ми се тресат. Не верувам дека ова е некоја желба од потсвеста
Багуфче вака... сонував папагали два, еден голем и еден мал, малиот го грицкаше големиот сакаше да му направи нешто, потоа дечко ми го покажа саатот што си го обожавам скршен, јас почнав да плачам и да му викам, а тој само си ја наведна главата, потоа сакав да летам со палаглајдер, ми беше многу страв, се дигнав од земјата а тој ме држеше за рака и му реков да ме приземји дека ми е страв и ме спушти доле... тоа е се што се сеќавам на овој сон. Пред тоа сонував друг сон, бившиот дечко дошол кај мене и сме се гушнале и бациле, имаше толку многу емоции неможам да ти опишам, потоа сме излегле надвор јас пак сум го гушкала и не сум му давала да си оди, а потоа сме се лизгале на улицата како на лизгалиште
Бауфче, јас пред некој ден сонував многу чуден сон. Сонував како чувам мачка/мачор не знам што беше и како не сакаше да врши нужда каде што треба туку ми остави измет во сред соба. Што би можело ова да значи? Инаку пред некое време, сонував сон како треба да се мажам, ама излегува дека фустанот не ми е готов. И јас имам уште малку време да го средам тоа, дури утрото пред да дојдат гостите јас сум без фустан без фризура и ја молам мајками да одиме до Мавровка во продавниците да одберам нешто што е како за мене зошто сум била очајна. На крај таа ме убедувала дека имам други фустани што ќе можам да ги искористам и ми дала да облечам црно фустанче што го носам по други свадби. Бев тотално разочарана а она само ме убедуваше дека да не се замарам да не трошам пари на фустан како веќе имам доволно фустани. Потоа излезе дека немам време ни за фризура ни за ништо. Многу грозен сон. И знам дека во сонот коментирав демек... толку години замислував каква ќе бидам, каква свадба ќе имам и демек ништо од тоа. Што може ова да значи??
Јас сонував дека сум невеста, во прекрасен бел фустан, ама некако како неспремна сум била за свадба. Кога требаше да влезам во салата со гостите имав многу трема имногу бев возбудена. Исто так на некој што беше до мене му реков „леле каква невеста сум јас, неналакирана, а требаше надградба на нокти да си ставам“. Па се сликав со гостите,кои не ми беа познати, имав огромен бидермаер, ама она што не ми ејасно е зошто ми го немаше младоженецот? Како само јас да правев свадба, сама, иначе имам дечко ама ниту него го имаше во сонот, ниту пак со некој друг се мажев. Ќе ја молам Багуфче-то ако знае шо би значело ова да ми каже. Се надевам дека не е нешто лошо
сонував како сум трудна и седам кај дечко ми во соба ама стомакот ми теже не можам да одам убаво. мајка ми ме облекува во лесно фустанче и ми помага да одам до купатило. и се сеќавам само дека реков ,, ама е тешко да си труднаааа ,, ............. исто така ја сонував гоу озбилно. со моторче дошла кај мене, била пооодебелка и и се скрши предното запче ама не ја болеше. што значи цело ова?
Сонував сум си го изгубила сребрениот прстен од раката што го носам веке 3 години без да го извадам.Многу се испаничив кога видов дека ми го нема,а во тој момент гледам на другата рака сум си ставила друг прстен(исто така сребрен,ама кој што не го носам а го имам)...Што значи ова???
Багуфче, сонував вода некоја, море, карпи и јас сум била некој доброволник на Гринпис и сум спасувала птици заглавени во кал, сум ги чистела за да можат да летнат. За жал некои птици биле веќе мртви. Потоа сонував мнооогу есенски паднати лисја, како ми шумеле под нозете, и после сум влегла во чуден тунел, со врата од едната и другата страна, и двете врати биле стари, дрвени, и како во хорор со крцкање се затвориле одеднаш и двете и јас сум останала внатре во тунелот сама со една колешка која цело време ме смирувала дека ќе најдеме начин да излеземе од тунелот, доста језиво беше...
Во принцип не ги паметам соништата, ама последниве неколку ноќи сонувам се и сешто. Ама само од ноќеска запаметив еден детал - а тоа е куче. Во мојот сон имаше куче кое постојано беше со мене, ми беше како чувар, лошо куче, ама не ме напаѓаше. Ако се обидев да избегам, само ќе ми покажеше заби, и јас се откажував од идејата. Каде и да одев беше со мене. А се движев на повеќе места, само не се сеќавам што всушност беше целата прикаска во сонот. Знам дека нешто претходно имаше пишувано за куче, ама многумина ми кажуваат различни мислења. Па ако можеш Багуфче, кажи што би значело ова. Однапред благодарам.