Сонував како татко ми ме донесе на училиште.Јас влегувам во училишниот двор и гледам едното колено ми беше крваво со гребаница.Ама не ме болеше ниту нешто посебно се зачудив.Но одев и кривев.Одам низ школскиот и ја гледам мојата непријателка.Ме виде и викна по мене ,појде по мене.Јас јака и самоуверена и реков дојди дојди ќе видиш што ќе ти се случи.Таа се врати и остана таму каде што е како ништо да не било.Јас си продолжив така и стигнав до влезната врата од училиштето(навистина учам таму).И гледам на нозе ги носам моите стари патики пред овие сега што ги носам.Бев малце растревожена поради тоа,затоа што беа стари,но не беа искинати или нешто такво.
Добро бе,само јас ли имам ретардирани соништа? Сонував како јас и Меган Фокс (жити се) сме биле на некое ѕвериште од мотор,некоја нинџа.Сме бегале од ''лошите ''.Пфф..
Сонував како нешто во спиенјето ме стега и неможам да се помрднам, само што сакам да викнам да го тргнат од мене ме фаќа за уста и тогаш го прегризав за раката, а во вториот сон го сонувам истото како ме стега (нешто како дух) и успевам да го отргнам од мене и си поигрува со мене се скрива зад фотеља и сум вознемирена и сакам да го избркам. Ве молам за помош навистина ме мачи сонов
Сонував ама незнам дали баш сонував чудно некако, додека спиев ја кренав главата и погледнав низ прозорецот над мене и го гледам небото и како да го гледам Господ но одедднаш се смени во костурска глава, ја спуштив главата на перница имав некаков немир во мене и се разбудив. Што ли може да значи ова се прашувам?!
Сонував како сум се преселила во друга куќа и мајка ми ми вика имаме 30 годишен(Или 35 така нешто)зет и ми даде 60 денари и дојде тој и јас мислев некој убав а тој беше горб и реков нејкам и тој рече друг ден и јас си задржав 10 денари и 5 книжни десетки ги вратив.И после тој се врати и налутен вика каде се уште десет денари Како стојам пред маркет и насобрав списанија и броев и испаѓаше дека неам доволно пари и едно списание вратив
Сонував ека на директорката сум и купила ликер и чоколада и сум сакала да ја изненадам.Арно ама ,ликерто сум го турила во ча-и и кога требало таа да се качи горе на спратот кај што сум била јас ,се почнало да се руши ,освен местото на кое сум стоела. Значење???
Сонував дека мојот симпатија кога ме виде, ја сврте главата.. Кога видов дека ја сврте главата, и јас се свртив.
што е да сонуваш како јавам на кафеав коњ и цел сон ми е така во сонот коњот многу ми значи како да го имам од мали нозе
пред некој ден сонував нешто како сме биле во диско и еден што мене ме свига( а другарками трча по него дека е богат,ја осекам не ми кажува,а мене и не ме ни интересира),и гледам некако другарка ми стои позади него и го гушка некако и играат и овој некако понизок од неа бил и едно време излегоа надвор двајцата заедно и јас останав сама а пред тоа некако го загледав татко ми ама му реков дека сум со нив и си отиде и го барам и него го нема,пробав да звонам на една друга другарка ама телефонот не ми се вклучуваше и така..
Сонував како фамилијарно сме биле кај некои роднини. Луѓево ни биле многу блиски. Во сонот прв пат се појавуваат, измислени ликови се. Јас тропнав на вратата. Еден човек излезе и многу се израдува што го виде татко ми. Се гушкаа силно и потоа почнаа да се тепаат како во старите добри времиња, но онака како на шала се со цел да доловат некоја смешна атмосфера од минатото. Втор сон - Родив бубачка.. или мало пајаче. Всушност тоа самото си излезе. Потоа веднаш го смачкав.Кога се разбудив веднаш отидов на повраќање. Ептен ми се згади...