Сонував како сум отишла како во некој маркет и сум купила шминки и како да сум ги купила од некои братучедки на дечкоми и кога ми ги отвориле да ги видам од шминките било трошено се познаваше дека не се нови и кога ми ги дадоа ми рекоа еве ти и апчинња за слабеење одат со шминките ...Што значи сонот
Некои неповрзани глупи соништа испомешани ми се,сонував како стоиме на снег со една девојка гушнати заљубени,инаку не ја познавам,потоа како една насмеана девојка со кучето се симнува по скали,и јас си стојам тааа поминува со кучето,и ми вика гледаш кучево не лае повеќе по тебе,проба уште неколку пати и стварно кучево не лаеше,потоа една камила легната и дојде мало бикче со рогови ја удри камила таа стана и избега. пс ако може ова да се протолкува.
Сонував како со детето со кое се гледавме некое време сме седеле гушнати, јас потпрена на неговите гради.. сме разговарале потоа сум се завртила кон него, му го видов убаво лицето.. и тој ми рекол - Колку убаво нашето дете ке има сини очи како нашите.. што значи сонов?
задоволна си со тоа што го имаш првиот дел значи дека си задоволен со тоа што го имаш, имаш многу обврски, но ќе го задржиш цврстиот став некој не те сака, но тоа ќе ти ја зголеми самодовербата
Сум сонувала како сум добила диплома за завршено осмо одд. и сум славела со татко ми покрај некој брег и вода плискала се повеке и повече, после да се пофалам сум отишла кај баба ми и дедо ми и сум барала ролерки да ми купат заради оценките(дека сум била 5,00-одлична), ама ми рекле скапи се а јас сум пробала да ги разубедам но џабе...Ама во сонот сум знаела дека не сум ги добила заслушено сите оценки и дека ми попуштиле....?
Пред некој ден сонував како сликам со професионален апарат некој што свиреше на клавир Што значи тоа ?
ми треба толкување на сонот кој го сонив дента.значи вака:јас и мајка ми се шетаме низ град јас сум облечена во бела блуза и било топло,мајка ми ме праша зошто не земав палто и велам топло е.потоа поминуваме од место каде работи мој бивши,но во сонот таа ми го фали и ми вели да си фатам дечко како него, и и велам дека тој ми е дечко.потоа одиме во маркет пазарувавме и си дојдовме дома. јас сум чистела измет во кадата ,имало многу за чистење. читав во соновникот овде дека измет значи добра иднина,бела блуза можно е брак во блиска иднина. ако имате било какво толкување,однапред благодарам
Сонував како сум била на некој состанок со колегите и таму бил еден колега за кој сум чувстувала нешто подолго време но не сум имала храброст за некој чекор. На овој состанок незнам што ми станало, сум излегла од состанокот и наеднаш сум се вратила и сум го бакнала во уста сум му рекла дека незнам каква ке му биде реакцијата но дке сум морала тоа да го направам . ТОј бил изненаден од храброста и сме продужиле после заедно. Што ке значи овој сон (инаку јас сум во брак и немам некој симпатии кон ниту едне колега )
можни проблеми на работа контролирај ги чувствата према некој човек... добра иднина и среќа хармонија и среќа нема некое значење освен што може да се соочиш со нешто....
Sonuvav sme kupuvale nova kola so maz mi,jas sum sakala sama da ja probam,mnogu bese brza o lesna za vozenje Se kaciv sama I ja gazev,kako me lepese za sedisteto taka adrenalinot mi rastese,srceto 300 na saat( vozev navecer) inaku vo realnost ni vozacka imam,ni znam da vozam Se vrativ od kaj sto trgnav I mu rekov na maz mi e ova e kola ja zemame
Мојот денешен сон е малку долг: Сонував како се искачувам по некои карпести ридчиња сакајќи да стигнам во градот каде што живеат моите братучеди кои се од Канада. И јас во сонот сум таму, но во друг град. Искачувајќи се по тие карпи, доаѓам до задната страна на ридчето и видов дека пред мене се наоѓаат некои песочни дини, ама не обичен песок, туку црн. Одлучувам да се вратам назад и гледам дека и сестра ми дошла по мене. Кога се симнавме од ридчето одеднаш се најдовме како на некој кеј покрај река (која претходно ја немаше). Покрај нас помина една жена трчајќи, а по неа и едно големо куче (мислам дека беше шарпланинец). Кучето сврте неколку круга околу нас, и сестра ми се исплаши и почна да бега и тогаш кучето ја нападна. И тука се разбудив. П.С. Не се чудете на моите сонува. Мислам дека не сум пишувала на темава, али овој ми е еден од „понормалните“ сонови. :geek:
Сонував како двајца азијатици преправени како полицајци ми дошле дома под изговор дека прават некоја проверка и ми ја земале ташната .Потоа дознав дека всушност биле крадци кои ја ограбиле цела зграда.По нивното ваќање на сите од зграда им биле вратени украдените работи ,само мојата ташна ја немало.Има ли значење сонов?
сонував како со некоја другарка синоќе касно сме отишле и сме зазвониле на вратата на една комшика и кога ја слушнавме дека иде избегавме и таа само викна ве видов кои сте имам камера
Како сум рекла на една продавачка да ми го чува весникот и дека вечер ако не дојдам да го земам дека утре после школо..
Јас често сонувам како паѓам некаде од небото и додека паѓам ме скокотка целото тело. И таман пред да паднам се разбудувам