Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.238
    Допаѓања:
    157.266
    Сонував како сум бремена и пред време ми пукнал водењакот и за сето тоа време кога сум била како демек бремена,не сум знаела...тек потоа дознав,арно ама никако да добијам контракции,болки,напон и штотијазнам...ама самиот факт дека сум била бремена ме извади од памет.Прво,викав не сакам да имам дете,второ не знаев како да им кажам на останатите,кои не знаеа,освен моите кои прифатија,трето,не сакав да се мажам и четврто сакав да си го завршам факултетот.
    Требаше да одам да полагам некој колоквиум и отидов на факултет да видам просторија и време на полагање,арно ама на огласната табла се беше покриен делот кај што ги пишуваше просторијата и времето и тоа на неколку места така.Ме испаничи на сета мака.Сум отишла утредента пак на факултет со стомакот толкав,овој пат со намера да и кажам на една колешка,која патем ми е другарка дека ќе имам бебе и дека ќе се мажам,а оваа дури како и мило и дојде што моите амбиции нема да се остварат и ги истакнаа резултатите од колоквиумот кој го пропуштив.Таа положи со максимум бодови,а претходно (што е и во реалоста)велеше дека ништо не знае и само иронично ми се насмеа.
    Цело време во сонот си викав,леле ова не е сон,леле ова е вистина,зошто си дозволив да ми се случи вакво нешто,јас заслужувам повеќе и планирав повеќе за себе,а сега што ќе правам со дете,плус и не сакам да се мажам,рано ми е.
    Уште ми е шубе и сум под впечаток на сонот... :worried:
    Си го знам психолошкото толкување на сонот,ама Багуфчето сакам да слушам што ќе пише.
    Веројатно се потсвесни,константни стравови од неуспех заради непредвидени нешта или страв од работи на кои не сум им посветила доволно внимание,а можат да се афектираат во иднина на некои работи кои се од големо значење за мене.
     
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Сонував дека сум си го пресекла прстот и обилно ми течела крв никако не сум можела да ја сопрам, само што ке ставам палома веднаш целата црвена ! Толкување? :?:
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    бременост е потешкотии, тежина, секирации! чим си сонувала за факултетот, тоа значи дека ке имаш некои тежини во врска со факсот, кои нема да ги леализираш веднаш , туку во краен момент :worried: бидејќи како што пиша не си знаела дека си бремена се додека не ти пукнал водењакот а плус и не си осеќала болка, така да јас мислам дека во иднина ќе имаш некоја тежина за факсот, и ќе се обидеш на секој начин да ја надминеш ќе бараш некое решение ( мажењето)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.238
    Допаѓања:
    157.266
    Ма не бре,заборавив да пишам,реков не се мажам и не ме ни примораа,моите ми рекоа дека тие ќе си го чуваат. :D
    Скраја биле тешкотии со факултетот... :worried:
    Багуфче,кажи ми од каде ги наоѓаш толкувањата затоа што гледам дека не ти се од тие бабските и типични толкувања,као змија непријателка,заб е смрт и такви ми ти! :D
    Јас имам психолошко толкување на соништата,па да знам дали од иста -библија- читаме,да не те гњавам! :) До душа,не дека верувам во било која верзија...до утре ќе заборавам,ама језа ми е од овие соништа кои оставаат впечаток.
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да, ама една моја другарка имаше сонувано во основно, како и се скршил на пола предниот заб, и после некој ден татко и сообраќајка, и инвалид :o :( :worried: така да... :worried: ова со забиве малце ми е језиво
     
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.755
    Пол:
    Женски
    Да се сонува бакнеж означува љубов,нежност,спокој,хармонија и задоволство.Гушкање симболизира љубов...Многу убав сон...

    Ручекот укажува на тоа дека има недостаток во духовното збогатување и просветителство во некои области од твојот живот.Кавгата сугерира дека си подготвена да ги признаеш твоите проблеми и превирања.Ти не земаш никаква одговорност или иницијатива во обидот да ги решиш прашањата во твојот буден живот.Да си бос/а на сон укажува на тоа дека имаш мала самодоверба и недостаток на доверба во себе.Ќе се занимаваш со прашања во врска со твојот сопствен идентитет.

    Шарените цвеќиња во твојот сон значат добрина,сочувство,нежност,задоволство,убавина...Исто така се симбол на совршенството и духовноста.Твојот сон може да биде израз на љубов,радост и среќа. Алтернативно,цвеќиња во сон претставува скриен потенцијал и скриени таленти.

    Да сонуваш дека некој близок умира во сообраќајна несреќа покажува дека нешто во рамките на твојата личност/самоуправа веќе не е функционално т.е "мртво".Исто така е симбол на твојата врска со таа личност.Не можеш да живееш без таа личност...

    Возење ролери значи дека се движиш брзо низ животот со огромна леснотија и определување.Имаш чувство на ослободување и слобода.

    Да бидиш сведок на убиство на сон значи гнев кон некого.

    Папагали на сон претставуваат некаква порака или озборувања што се пренесуваат за вас.Треба да размислиш пред да споделиш одредена информација.Скршен часовник укажува на тоа дека не си сигурна за твоите чувства.Доживуваш емотивен застој.Да го видиш бившиот дечко на сон значи дека ти недостига возбуда,слобода,не сакаш повеќе ограничувања...

    Поплава значи потреба за ослободување на некои сексуални желби.

    Мачка на сон симболизира независен дух,женска сексуалност,креативност и моќ.Исто така претставува несреќа...
    Еве да толкувам нешто како растурена свадба,чудна свадба,а тоа значи прашања околу посветеноста и независноста.Црн фустан е симбол на несреќа,незадоволство,тага,болки...

    Сопствената свадба во твојот сон симболизира нов почеток или транзиција во твојот моментален живот,а се одразува на твоите прашања во врска со посветеноста и независноста.Да се сликаш со непознати значи поставување на лажна слика за тебе.

    Да си бремена на сон симболизира еден аспект од твојот живот што е во пораст и развој.Исто така бременоста на сон може да претставува раѓањето на една нова идеја,правец,проект или гол.
    А гоу да ја сонуваш ствааарно не знам што значи :rofl: Знам дека скршен заб е опасност во приватен живот или бизнис.

    Сребрен прстен на сон го симболизира женскиот аспект на себе.Тоа значи спокојство и доверба.

    Самата вода симболизира несвесна и емоционална состојба на умот.Водата е живот суштината на психата и протокот на животна енергија.Птиците што умираат или се полуживи покажува разочарувања. Ќе се грижиш околу некои проблеми кои постојано ти досадуваат.Лисјата значат изгубени надежи,очај, тага и загуба.Да се наоѓаш во тунел значи истражување аспекти на несвесниот ум.

    Кучето симболизира интуиција,лојалност,великодушност,заштита и верност.Сонот укажува на твоите силни вредности и добри намери кои ќе ти овозможат да одиш напред во светот и ќе донесат успех. :)

    Значи сонот во целина...Самата бременост кажав и погоре дека значи аспект од твојот живот што е во пораст и развој.Исто така бременоста на сон може да претставува раѓањето на една нова идеја,правец,проект или гол.
    Ќе имаш среќа во животот т.е ќе ти тргне на добро.Ова околу пријателката значи дека си самоуверена личност,многу тешко стекнуваш доверба во некого,не веруваш на другарки и сама сакаш да се снаоѓаш,многу ретко бараш помош и затоа ова асоцира на успевање во животот,сама се бориш за да успееш... :)
    Значи овие работи што си ги сонила носат успех,а не се афектираат во иднина како лоши...

    Да се пресечиш укажува на тоа дека имаш некоја огромна криза или проблеми во твојот живот.Се обидуваш да се исклучиш од неподносливата болка што ја доживуваш.

    Лилит еве и јавно да кажам за сите што ме прашуваат :) Уште од мала бев по соновниците,ги купував,собирав пари за уште подобри и подобри затоа што ме интересираа.Сега имам еден голем англиски соновник од каде основните поими ги знам напамет,а некои работи кои не ми се јасни ги барам таму по азбучен редослед,има скоро се`... Не се бабини деветини,како што велиш ти,таму е се убаво објаснето,па според тоа што го читам таму знаењето го пренесувам овде...
     
    На Trendafilka, Annath, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    баге што значи да сонуваш дека сум се скарала со најдобрата другарка дека не ми дошла на некоја слава и сум и рекла се што мислам за неа и што ми сторила? :?:
     
  8. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25
    Вчера сонував дека сум била со сестра ми (инаку таа е мажена) покрај железничка станица и блиску имало куќа на која имало лозници.Сме јаделе лубеница а таа ја изела цела а јас само едната половина.Од куќава излегол дедо ми (на татко ми татко му) и ние сме се скријале но тој не' видел и рекол-Јас ќе одам Америка кај внук ми.Инаку мислел на еден комшија мој што не ни е роднина.Што значи сонов? Баш ме зачуди :|
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Подолг период ме вознемирува еден сон што го имав пред некое време. Го држев татко ми како мртво новороденче во раце ..се ужаснувам од помислата :x
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сонував како фраеров што ми се свиѓа и‘ се пуштал на една девојка (познаничка ми е), но таа му рекла да не се глупира и да ја остави неа и наместо тоа да ме побара мене.
    И после као типов се вразумил, ме побарал и почна да ми кажува такви епитети (штета што не се сеќавам), на газ да паднеш.
    :^) :^)
     
  11. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Ај и јас пак да прашам :) Сонував како со сестра ми одиме во една куќа и од едни врата излегува огромно куче.како човек високо и ме каса за рамото.
    И после сонував како одам накај едни роднини и ги сретнувам на улица,ама целата била со длабок,растопен кал :?:
     
  12. SashaFierce

    SashaFierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Денес сонував како дома ми соопштиле дека дедо ми починал ( жив е во реалноста ) и јас сум плачела и не можев да поверувам дека не сум се ни поздравила со него и ми отишол :'( И во сонот како да се вратило времето назад и пред да умре дедо ми бил во град и јас веднаш се качив во автобус да го барам.. да направам нешто пред да умре.. и се сретнавме некаде и го видов жив ми се смееше, се гушкавме и се вративме назад во нашето село на автобуската и ја сретнавме баба ми. И сите заедно сме влегле во продавница ( а јас плачев бидејќи знаев дека дедо ми ќе умре) и баба ми ми изнакупи еден тон книги.. и кога ми ги даваше ги прочитав и насловите али сега не се сеќавам. И така мене ме остави со кеси книги а она го фати дедо ми за рака и го однесе некаде ( иначе и баба ми е жива во реалноста ) и јас со една другарка чија мајка порано работеше во таа продавница ме однесе повторно на автобуска и се качив во автобус.. И пак плачев. Стигнав на едно многу мрачно место.. Беше цел круг и огромна дупка имаше а околу дупката пат.. И ОГРОМНИ камиони и возови мнооогу брзо се движеа. Јас таму се сретнав со една многу добра другарка и требало да се качиме во воз. И за малку мене ќе ме мавнеше еден воз али се пикнав под еден друг воз :worried: И се сретнавме со нејзиниот бивши и се качивме во воз и во купето имало кревети.. и јас легнав на едниот, тој дечкото легна на другиот а другарка ми седна на земја.. И сеа нејзиниот бивши кажуваше некои смешки и јас ем ќе плачев ем ќе се смеев :D И наеднаш во купето влезе мојата наставничка по англиски и ми даде едно бебе машко да го чувам.. И повеќе не се сеќавам :?: Baguf4e те молам кажи ми што значи сонов, знам дека нема некоја смисла али многу сум загрижена за дедо ми :(
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сонував дека сум носела убав златен прстен на раката со дијамант. Што значи тоа? :sweat:
     
  14. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    мислам дека за прстенот има кажано багето,но не ми текнува сега, пребарај малку ;)
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Имам видено дека има кажано за сребрен скоро, а за златен можеби и 5 пати е кажано, но 80 страни да прелистувам? Плус километарски постови? Плус компјутер побавен од полжав? Ќе почекам да ми одговори багуфче ;)
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ervina

    ervina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Сонував како со бакнував со нов дечко, не го познавам ни ништо и после се засакавме што значи тоа може некој да ми каже???
     
  17. SashaFierce

    SashaFierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Вљубувањето значи напредок, а тоа што си се бакнала со непознат дечко значи да се пазиш при некои средби (љубовни) :)
     
  18. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    го сонував другар му на дечко ми како се љубиме 2 саати без престан...значи не сум нормална :fubar: ако некој знае што значи сонов нека каже... :tmi:
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.755
    Пол:
    Женски
    Кавга на сон покажува внатрешни превирања.Некои аспекти од себе се во конфликт со други аспекти од себе.Можеби еден нерешен и непризнат дел од тебе делумно се бори за своето право да биде сослушан.

    Железничката претставува преоден период во твојот живот.Треба да земиш мал одмор за да ја согледаш својата состојба за да се одреди твојот пат и твоите цели.Лубеницата значи леснотија,слободно време и одмор.

    Мртво новороденче е крај на некоја работа што порано била дел од тебе.

    Сонот ќе го сфатам како делење на комплименти така да значи потреба за љубов и романтика :lol:

    Куче што каса укажува на тоа дека си ја изгубила својата способност да балансираш некои делови на твојот живот.Алтернативно симболизира предавство.Кал на сон значи дека си дел од неуредна и зафркната ситуација.

    Да се сонува за смртта на некој близок укажува на тоа дека ти недостигаат одредени делови во твојот живот.Запрашај се она што е она што го прави овој човек посебен и што ти се допаѓа кај него.Книгите укажуваат на смиреност.Ќе се движиш кон твоите цели бавно но сигурно.Книгите исто така симболизираат знаење,интелект,информации и мудрост.Да се возиш со автобус значи дека не можиш да го докажиш твоето мислење,фактички кај одат сите таму и ти.Ти недостига оригиналност и контрола врз твојот живот.Возењето со воз кажува дека твојот живот е еден вид патување.Тоа сугерира дека си на вистинскиот пат во животот и си упатена во вистинската насока.Исто така сонот значи дека се грижиш непотребно од повеќе за една ситуација која ќе успее на крајот.

    Златен прстен,од позитивен аспект е богатство и просветлување.Исто така е симбол на љубовта и долговечноста.Негативно,златото може да претставува алчност,корупција и искушение.

    Бакнување со странец претставува потврда и прифаќање на потиснатиот аспект од себеси.

    Да бакнуваш другар на дечко,другар твој не знам што значи... :^) :?:
     
    На SashaFierce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Што значи да сонуваш бебе кај шо плачи? :^)