си имала изгледа многу емоции, не си знаела на кого да му веруваш себичност нема значење ниеден поголема самодоверба и помош хаос во животот - емоции и проблеми нема да биде се како што сакаш мешаница од секојдневието и страв, проблеми поголема моќ да, го сакаш сеуште бившиот, но треба и би било убаво да го заборавиш, нешто нема да оди како што сакаш Не НЕМА секој сом значење. поголемиот дел немаат значење затоа што мозокот ги меша работите што веќе се случиле и немаат значење тоа е нешто што се случило, но има и пророчки сонови, сонови од психологијата - страв,среќа, промена.....(кои имаат значење)
Najprvo se izvinuvam sto ne pisuvam na kirilica no vi pisuvam od telefon... Ja sonuvav zena mu na bivsiot na koja nitu imeto ne sakam da i go cujam no vo sonot bevme epten bliski i dobri prijatelki. taa e bremena pa i vo sonot bese bremena, no vo sonot bremena bev i jas. Dali ovoj son ima nekakvo znacenje?
Сонував како вујко ми имал проблеми со срцето(добро ,стварно има) и му било тоцхно одредено време коа кје умре , и сонував како имало поплава кај дедо ми дома ,инаку куќите на дедо ми и вујко ми ги дели еден двор ,што значи?
Сонував дека сум била во некоја дискотека надвор од градот.Дечко ми бил некаде на пат или незнам каде.Со еден сме се гледале абе како да сме се познавале цел живот и дојде кај мене на маса и ме фаќа за ракаи се бацивме и право јас раката на мојата уста и велам не требаше ова да се случе. Завршува музиката во дискотеката таму раскренуваат и ми вели ке те најдам на ФБ преку сестра ти.викам во 7 ке те прифатам рано станувам и се смеам. А надвор мн дожд и таму моменталната золва ми вика ајде однесете ме до дома (како и брат и да бил до мене). Викам ке си одам со такси. А сум отишла во таа дискотека за инает на една другарка за да ја изнервирам(сега не ми прави муабет таа нешто е налутена безвезе )
Jaс пак знам дека ако си ја гледаш сопствената крв на сон значи голема среќа...не се секирај, можеби ќе е на убаво.
Го сонував бившиот како сум го набљудувала и он излегувал од некоја зграда, сум тргнала по него и сум сакала да го стигнам, да ме види дека постојам. Ама таман да го стигнам почна да ми ѕвони телефонот и ми се јави еден другар и ми вика еми ај честито, дечко ти се оженил ќе има бебе. И во тој момент се најдов во друга просторија и викав не е можно и плачев многу силно. И му реков на тој другарот дека ќе го барам лично да ми каже дека ме оставил и си е во брак со друга. Се јавив и го прашав и бившиот ми рекол да точно е, имам друга, ќе имаме семејство, ти додека беше со мене не те интересираше ни како сум ни дали ми е добро (во реалноста е сосема поинаку), новата била со него и секогаш била покрај него јас кога не сум можела. Кога сум го прашувала дали сакал друга, доволно било да ми каже не и да му поверувам и на него тоа не му се допагало. И го прашав само од кога трае тоа и ми рекол од кога ти тргна на факултет. Во сонот некаде испага дека траело 3 месеци. И плачев многу. Се разбудив и бев потресена.
ЗДраво ме фатиле лоши соништа глеам на соновник и се уплашива па да прашам и тука.Вчера сонував како пливам во вода некоја ама многу беше темно и пливам јас и наеднаш се загубив не знам на кај да испливам и после целата темница се престори во ден и вода убава бистра мислиш на хаваи суми делфини дојдоа и се фатив за нив и испливав а денес па го сонував татко ми гол се криеше некако како срам да му беше по неки ходници језиво мислам фала ви однапред
Сонував како осеќам страв во сонот и затоа си легнувам со другарка в соба..и и викам ќе спиеме со запалена сијалица , во тој момент ја палам сијалицата прегорена и се било темно ..сум почнала да вриштам силно да викам по мајка ми и татко ми , но никој не доаѓал..само сум видела далеку односно во другата соба девојка во бел фустан како лежи на земја и ме гледа..сум легнала на брзина од страв в кревет да ја гушнам другарка ми , но кога ја гушнав наместо таа во моите прегратки имаше куче...повторно сум врескала но прегласно и никој не ме слушал..дури по долго време дојдоа моите и им раскажував во сонот..малце е измешан но навистина се исплашив многу ...многу често сонувам вакви сонови..посебно ме интересира девојка во бело што значи бидејќи и другарка ми исто сонуваше...позз
Сонував како сум галела питбули(Кучиња) ама во црква биле,три мислам дека беа,големки така беа,и оддеднаш почнаа да лаат по мене за да ме касаат и да ме нападнат.А јас реално,многу сакам животни и воопшто не се плашам,никое куче до сега не ме нападнало,не лаело по мене,знам како да се однесувам со животни,ама во сонов .И потоа попот(зошто веќе кажав дека бев во црква) ме повлеков и настрана на ѕидот нацртал крс,ама како чад да излагало од него,црн со црвено мислам бил. И јас така зачудена што прави го прашувам дали има нешто во мене,како ѓавол,зошто нели кучињата лаат по мене.Попот ми кажал дека има нешто како ѓавол во мене,нешто лошо,надприродно и затоа го направил тој ритуал со крстот.Ама ми кажал и дека тешко ќе се спасам од тој ѓавол пто бил во мене.Сигурно има лошо значење,навистинасе плашам,ама на соновникот на фемина што видов немаше како црква,поп и крст ништо лошо.
Повеќе сакам да прашам што значи да ги мешаш сите актуелни настани во твојот живот, сонував математика, другарки, миење заби.. донував некои феминки, ама не знам некако чудно..
Веројатно ти е подсветст.Јас многу често сонувам некои работи кои сега ми стварале проблем или нешто ми било актуелно,па сум го сонувала.Обично нема значење,како на пример често кога навечер гледам некој филм се случува да ја сонувам истата сцена.Не е страшно тоа,мислам дека.
ама со кучево севкупно некоја несреќа е не знам....некој ви се јавува на сон непријатна ситуација, те преклополе емоциите и проблемите
Сонував како со сестра ми , три другарки и дечко ми сме седеле кај мене во соба. Јас сум била нешто болна и сум лежела на креветот покриена а сестра ми зборела на телефон другарките на лап топот, а дечко ми седел до креветот и гледал телевизија и ододнаш дечко ми беше легнат до мене под кебето а со главата легнал кај мене на градите и сме збореле нешто Потоа сонував друг сон како јас сум правела "палачинки" а со мене биле мајка ми баба ми мајка му на дечко ми и баба му. ама тоа не биле баш палачинки туку нешто како месо со сос а јас сум ги направила во коцки и сум им покажувала како да ми ги подаваат, а сум ги печела на трева значи на земја доле и баба му(на дечко ми ) ми рекла да ги правамјас како сакам дека они нема да ми се мешаат
1.Седам некаде со тој дечкото ,мислам дека на одмор бевме.И на другиот кревет седи една-ама беше непристојна девојка знаете.И овој ми вика што мислиш јас не можам да одам да седам кај таа не знам што да и правел мене што ми правел.И јас му викам зашто ? Тој ми вели епа јас сакам нешто сериозно со тебе а ти одиш кај тој ****** другиот(вистина беше тоа).И јас останав со подотворена уста,но тој остана сеуште со мене. 2.Возевме кола јас и братучетка ми.Прво не знам како таа ја искрши колата некаде во провалија.И јас гледам и и се дерам како зашто-бидејки моја била колата.Но после гледам на другата страна истото југо што го сонував минатиот пат.Само вратите му стоеа.И имаше еден човек(не го познавам) му велам може ли да се направи,тој ми вели не може и јас леле што ке правиме сега. 3.Со мајка ми бевме во фирмата кај што работи тој што го сакам.И го гледам јас таму седи во канцеларија,целата радосна.И јас видов тетка ми и и велам знаеш дали може да одиме кај него,таа ми вика слободно оди,тој тебе не те одбива,баш ќе се израдува. 4.Не знам кој ми рече дека на некој му пукнало срцето,умрел.Ми го кажаа и името и презимето,но не ми текнува.И сеа демек тука во близина погреб.
Сонував како сме на една ширинка и сонце грее,седат двајца момци и две девојки ама не ги познавам и едната девојка се дрзна да ми каже дека сум бил многу ружен грд,леле кога се налутив па се расправам со неа како можела такво нешто да ми каже,и извадив пиштол ама мал,и овие се исплашија им викам не се плашите не е вистински.што значи?
ќе им се спротиставиш на тие што не ти одговараат 1. го памти тоа заминување кај ****, и не му е баш мило 2. имаш многу проблеми 3. ама 100 пати ќе кажам тој што го сакаш нормално е да го сонуваш и нема некакво значење 4. погреб на сон, ама среќа во реалноста значи не може да се земаат соновите дел по дел, се зема севкупното значење. Пример, да сонуваш само куче значи верност, ама ако те касне значи опасност. За црквата обично значи дека бараш помош, заштита ама овај ритуалот за бркање на злото од тебе не треба да тер плаши, нема врска со такви ритуали, туку значи како дека треба да се вратиш во нормала и да ги извршиш обврските, но можда и ќе бараш полесен излез од проблемите.
Не сакам да те плашам но, сонов е предзнак за опасност. Кучињата може да значат дека некаде грешиш во односот со некој близок пријател, додека попот и ,,ритуалот'' кој го извел може да бидат предзнак за црна магија (чадот), и болест. Јас искрено не верувам во магии, така да тоа не го сметај за релевантно. Но, сепак внимавај ако веруваш во моќта на соништата.