Ќе може ли некој да ми го протолкува мојот сон? Сонував како сум носела панталони и горе само некое болеро на кратки ракави (скоро без ракави) и сум ги видела моите другарки и сум се стрчала накај нив, и градите ми се виделе. И кога сум стигнала до кај нив сум видела еден мој познаник (машко) и болерото почнало да ми станува се помало и помало
Што значи гукањето на гугутката? Не во сон туку како симбол? И значи ли нешто дека имаме една гугутка на терасата и постојано гука?
Сонував како мајка ми и татко ми се карале затоа што некој ставил слика во палтото на татко ми од некоја жена, за мајка ми да биде љубоморна и да се разведат Другиот сон што го сонував беше како последниот дел од Хари Потер, а јас сум го раскажувала крајот.. и дури раскажував плачев и кога се разбудив цела бев со солзи. Што значат?
1. Сонував еден ѓавол, сум го видела и не ми давај да го пријавам во полиција, ама јас сум го пријавила, полицијата дошла и го испрашувала Спојлер па го врзале на еден столб во мојот двор и го покриле со црна прекривка Тогаш јас сум гледала преку прозор, а ѓаволов не ме видел и излегол од под прекривката и ѓаволот всушност бил соученикот на сестра ми. Имаше црвена фаца, ѓаволски рогови, опашка и ѓаволска насмевка Спојлер Вие гледајте ја црвената боја што е на лицето и телото и роговите, а не фацата на ѓаволчево. Тој имал 2 картички на кои пишувало нешто во стилот на: „Ние сме ѓаволи ние ќе го добиеме светот имаме право на сопственост...“ некои такви глупости. Сум сакала да го пријавам во полиција, ама сестра ми ме спречила, си реков „ај“... и не го пријавив, но после пак нешто направи ѓаволов и го пријавив, тој негираше дека е ѓавол, но јас му ги извасив од колата картичките, ги покажав и го уапсија.. Знам, многу чуден сон, ама тоа е.. 2. После ги сонував девојките од „Танц со ѕвездите“ Јас бев во улога на Јелена , и не знам од кај го извлеков ова, ама местото каде што се снима „Танц со ѕвездите“ (студиото) било на улицата каде што живее тетка ми. И таму имало една стара куќа, сме влегле внатре, се ги пуштиле сијалиците, и било слично уредено како во Градската болница во Струмица.. Ајде пак сега! Во ред тоа, се испоплашивме и бргу излеговме, арно ама заборавивме една струја да изгасиме, една од нас се врати притисна негде и излезе еден стар човек од куќата и почна да не кара, како сме влегле во неговата куќа, бла бла бла... ние ќе се убиевме од чудење, и кога сме се враќале добив некакво чувство како една од девојките да го употребила смајливо: ама како вистинско смајли, онакво, со жжолта фаца, не знам... и зад нас едни машки викнаа „Еј, ене ги тие од танц со ѕвездите.“ Ние почнавме да трчаме и бегавме бегавме, па сум се нашла на улицата на една другарка. Па дошол „голманот“ (некој си) и не спасил... Толку! Знам дека се многу чудни соништа, ама не знам што ми станало та такви глупсоти сум сонувала :geek:
Го имав најчудниот сон .Во принцип ги заборавам соновите.Но овој незнам зошто сум го запомнал .Од нигде никаде да бакнеш непозната девојка (барем јас не ја препознав :geek: ).Што сон ли ке беше ?
Нокеска сонував сон незнам што значи па ако знаете кажете ми Сонував како некој ми дал куп книги и јас како сум ги продала на некоја докторка во болница за 1000 денари. Ве молам кашете ми што значи тоа
Сонував мост висок, многу долг така кој требаше да го поминам за да дојдам на другата страна, мостот се наоѓаше ко демек поврзуваше два острова не знам нешто чудно, со мене во сонот беше и симпатијата мој и заедно требаше да поминеме. Ќе може да ми кажете што може да значи? Исто сонував кришки леб многу со мед намачкани требаше да ги јадам.
Сонував дека сум имала бебе, во сонов бебево било како 4 месеци вејќе, не сум го гледала порајѓајот. Сум го држела целата радосна в раце, ама бебево беше истото како што бев јас на таа воздраст. Во истите шпикозни што ги носев јас. Наредниот ден сонував продолжение на сонов, ќерками била нешто болна не знам дали сериозно, и мајками, мм, сестрами и бабами (почината е) ја носеле Ск на болница а јас дома сум ги чекала. ..
Сонував како сум му седела на бившиот во скут. Сум барала број во мојот телефон на еден другар да му се јавам. Сум му рекла на бившиот да ме држи пошто ќе паднам ама нема врска. Што значи сонов ?