сум сонувала како сум добила на подарок синтисајзер и не бил потпишен од кој е, а јас немам блага веза со свирење на синтисајзерот и сум била ептен зачудена. СИте мои роднини сме биле соберени и сме зборувале некои политички теми. Тoгаш јас сум отишла со еден министер да разговарам какви да бидат следните чекори.потоа на работа сме имале ручек со колегите и една од колешките прет шефот ме пофалила дека успешно сум ја завршила работата и јас сум била изненадена од тој добар гест.Некако во сонот сум се чувстувала као да кажам почитувана.Сите ме гледале со почит и очеклувале нешто од мене
Првиот сон што го сонував беше како едно дете кое ми беше симпатија кога бев помала ми испратил писмо дека ме сака и ке дојде кај мене да се дружиме како порано.. Вториот сон, бев на плажа.. со мајка ми и татко ми.. и наеднаш стигнал еден брод и се закотвил тука на плажата, и сум пробала да се качам на на него ама бил многу лесен и се нишал и капетаните ми рекле дека не е стабилно да се качам и сум слегла. Внатре целиот намештај бил со дупки и кога сум прашала нели бродот е нов, тие рекле дека претходните патници го искинале намештајот Што значат?
1.Сум сонувала како сум била во сала со мојот клас од 8 одд. сме застанале сите и сме се молеле на Господ,многу беше некако чудно,морничаво. 2.Исто во сала доаѓа еден другар и ме фати за градата,се смееше,а јас му велев зарем тебе ти е смешно и се онесвестив,но само онака полузатворени ми беа очите,знаев што се случува,како да глумев дека сум онесвестена.И кога ме дигнаа онака,ништо не ми беше и доаѓа истиов другар како ништо да не било,трчавме заедно и се фаќам за предниов заб,гледам малку крв и велам Леле човече крв од забов имам.
Мајка ми направила лебче, така округло многу убаво ишарано одозгора, и многу вкусно сите кршиме од него и јадеме со сол, одам да го виканам и маж ми да го проба незнам дали дојде мислам и тој јадеше.
сум убила некого пак ткви соној.... и се криев, неќев во затвор да одам. Некој сакаше да ми помогне, ме криеја, ми помагаа ама пак полицијата ме фати. ми беше многу криво, се каев, ич не сакав во затвор да одам и се чудев што ме нашло ама мајка ми ме тешеше, ми велеше мора, ќе најдеме начин ќе излезиш пред време.
мноогу нервоза ништо 1. надеж 2. несреќа 1. ништо 2. неостварени желби да не се сакате уште случајно? несреќа можда и болест тоа со мостот значи дека имате голема препрека за да бидете заедно
Постојано сомувам автобуси...значи веќе година ипол секакви автобуси сум сонувала како се возам во нив,како поминуваат покрај мене...дури и автобус од бетон и незнам уште какви не.Незнам што е финтата со автобусиве и каква врска јас си имам со тоа .. дали сака нешто да ми каже сонот или...? понекогаш се многу нервирам така.Што може да значи тоа?
пред три недели почина бабами од тогаш неколку пати ја сонував... 1.таа неколку години имаше проблеми со ногата и го пресекоја палецот а пред да почини требаше и ногата.и јаs сонував како оздравена со таткоми јас и мајками се качувала по скали на втор спрат во болництаа се смееше а таткоми многу викаше по докторите.пред да почини докторо кај шо одеше и рекол јас кажав од ова нога не бидува и таја одма др ден падна впостела. 2. во соно го гледав дедоми како ми кажува бабати ми се јави на сон и ми рече кажиму на другите дека неможам на сон да му се појавувам пошто многу црви ме јада... 3.во сонот ме прашувашее бабами појќе нешта ама само ова го запамтив. рујановци уште немаат деца? кој рујановци и викам оние што имаат продавница? тие ми рече..немаат и вокам и вели добро ко така да му пратам едно бебе...а тие немаат повеќе од 20год.деца... 4.овој сон многу ме зачуди...на мајками еден братучед пред неколку месеци се самоуби ама подалечен и беше и не го знм како помалечка имав еднаш појдено. и сега сонував како биле мајками таткоми сестрами бабами тетками тетинми и браучедами на име кај него јас сум била нашколо и ми рекле ко ќе ти завршат часовите дојди..и јас сум одела пешки од вград всело долг пат сум поминала и по пат сум сретнала тутун првин бил многу висок убав после се намалувал...и сум рекла оти боже вака тутунов ама сум продолжила по патот...ко сум стасала таму ме избациле на врата мајкаму од братучедов на мама и женатаму...ко сум влегла ситесни јаделе ко да немаме слатки видено и после рекле достае со слатките сега ќе ручаме за ручек донесле лубеница и пак сум се чудела зошто да ручаме лубеница и така се разбудив... во собата како да немале нико
1.Како се спремам за маскембал и се нервирам дека ќе закаснам и на крај закаснив (Ова е од премногу мислење) 2.Како ја чекам другарка во влез и слушам како се довикува со мајка и што треба да купи а она и вика треба салама,маргарин... и јас се скрив за да ја плашам(секогаш така и правам) 3.Фимлски сон седам во дневна кај тетка ми и еден човек отвара една кутија и внатре го гледа тој што требал да го убие жив и овој му вика погрешен човек си убил.Убиецот ја отвара другата кутија и гледа жена исечена и врз неа една дрвена скала(долга беше).и јас земав да бегам и истрчувам надвор вратата заклучена.Се појавувам во тој момент кај мене дома и излагам на малато балконче(кое е препуно со се и сешто и не може да се помине).Тука се појави брат ми и ми ја затвори вратата и јас останав сама на балконот
Сонував како си ги бричам нозете до колена, со еден туп жилет, абе живците си ги искинав И таман мислев дека се средив коа се погледнав во нозете пак бев цела со влакна
сонував како седам во такси и едно дете некако не ме почитуваше па почнав да му кажувам која и што сум и го нареков гомнар,после некако требало да го однесе таксито како во планина ама неможеше да се искачи и некако здогледавме како многу убава кука со многу скали и се искачивме и тоа било некоја стара болница имаше израснато и растенија дури внатре,расфрлено долна женска облека ама ја исчистивме,ја средивме и како сме правиле слава сме почнале да готвиме 2.нешто како во дукан бев и пазарував и ми куцаше фискална продавачката ама јас некако прднав и ептен се засрамив
фино поштено си отидов у пежо и си купив 206ка искачам од таму, возам се..али кочницата не ми факаше како што треба....требаше повеќе да стискам, дури поминав и на црвено на семафори.... па ме виде еден познаник од многуууу одамна од основно па вика еј инн купила кола...а ја сум изброила 10 000е за колава со некои опреми дополнителни
Што значи да заглавите вшума со некој ѓавол, демек со него тргнуваш, тој да сака да напакости на некого, сака да спие со жена поминува една кочија, ги запира, маж и жена се, сака да ги зафркне некако, оди некаде, ни вели да го чекаме тука, овие веруваат оти немаат друго, јас знам дека најубаво ќе е да си одиме оттука ама не знам како и немам чаре. Паѓа ноќ, а женава исплашена од нешто и ме гуши и по дишењето осеќам колку е вознемирена и си викам, ајдеее, нека се смири малку . Ама таа не знае дека ѓаволов е всушност ѓавол туку се плаши од нешто што не може да го објасни. инаку беа некои богати маж и жена. цело време во воздухот некоја.... сексуална напнатост се осеќаше
1.Сонував како прво се враќавме навечер од некаде со другарка ми и не сретна тој чичко и и не зема со кола.Возеше и не остави на улицата кај мене.Темница беше и и велам на другарка ми ај дојди со мене страв ми е да одам сама по темницава,демек да ме испратела.Одиме накај мене и само гледам пред двор црвена мртовечка кола. Кога ја видов вриснав и се затрчав кон дома.Инаку кога го видов тоа колата само стоеше немаше никој ни во двор,ни пред куќа. 2.Со братучетка ми бевме некаде во ГТЦ седевме,денски.Доаѓаат две момчиња,не ги познаваме инаку.И не знам како тој едниот се залапа со братучетка ми.Мене ми беше мило и се насмеав.Но овој другиов па сега ми се доближи на мене и многу нормално истото ми го направи и на мене. 3.Хахаха ми се јави на мобилен Adam Lambert и ми рече ќе дојдеш вечер кај мене.Јас му реков да ќе дојдам овој пат нема да те излажам како минатиот пат.И одам со другарка ми исто навечер не знам каде и и велам онака мртва ладна еј ми се јави Adam Lambert и ми рече да се видиме.Таа само се насмевна.
Сонував чуден сон многу чуден Сонував како сум отсуствувала секој ден од мојот живот за време од еден час...значи за тоа време мене никаде ме немало ме снемувало од земјата..и после еден час пак се вракам и тоа ме снемувало додека спијам..а тоа несвесно сум го правела.Една баба ми велеше дојди да ти покажам каде одиш секој ден во скоро исто време, имала се снимено...а јас како да сум претчувствувала дека е нешто лошо и се противев,несакав да знам каде исчезнувам..и таа одеднаш ми ја пушта касетата и јас се гледам самата себе како лебдам во воздухот свечено облечена,со убава долга кадрава коса..бев прубава и отидов накај небото и таму ме чекаше некој лик ми беше како дечко..беше свртен со грбот неможев баш убаво да го видам..како да го бакнував..но некако ми личеше на мојот помал брат...незнам што може да биде кога се разбудив се чувствував пријатно некако ми беше убаво...но овој сон ме збунува и тоа многу .Значи ли дека мојот вистински е можеби мртов или пак...? Ве молам за одговор би сакала да знам
Некој ќе те предаде ненадејно. Ќе имаш убави, пријатни моменти. Напредок во работа. Успех, ако избегаш од ѓавол значи кавга. 1. Неочекувана радост. 2.Пази се при љубовни средби 3 Нема значење. Поволен настан во блиска иднина би го истумачила.
Што значи да сонуваш како ти паднал заб од јадење вајда го видов изваден во рака ми беше И како го сретнувам бившиот партнер и како одиме во цирква( не за венчавање онака..)?
Јас искрено не верувам многу во соновниците. Инаку , баш отворив во соновник и пишува дека ако ти падне заб значи смрт во семејството. Пак ти нагласувам, јас не верувам. Ова така пишува во соновник што го имам дома. Ако сонуваш момче-значи дека ќе има свадба Црква-озборување.