Сонував како демек јас сум била докторка, ама сум оишла да работам некаде далеку од тука во некоја сиромашна земја,имало многу болни, сум ги лекувала, многу ми било жал и на крај од сонов, одам до еден кревет, таму седнало едно детенце, целото било обраснато со влакна и на лицето и на телото, со наведната глава и плачело, јас само го погалив по лицето и му капна солза на мојата рака. Језиво. знае некој што би можело да значи?
одамна не сум пишувала сонови..... сонував како сум била во вода т.е. езеро....ама за да се излезе од водата беше многу стрмно и речиси невозможно да се излезе....
Сонував како сум се бањала и наеднаш кога го ставав шампонот на глава се направи многу пена и насекаде во купатилото беше.Се светеше, се беше бело и си викам на сонот сега уште фали ангел да ми излезе ама брзо се премислив . После сонував како сум нашла некое огледало ама тоа било портал за во некој друг свет .Јас влегов и секој што ќе влезе таму поседува магија те. прави што сака .Се сеќавам дека јавав на коњ (кафеав мислам).
Пред некој ден во сон ме пролазила некое пајаче па имав неколку плика по нозете.Денес сонував како кога сум се разбудила смногу ме чешале нозете и сум видела дека имам многу пликови, и плус мн големи, премногу ме чешале, бев испалшена.Сонов ке да е до психата или има значење?? 2.Сонував како сум имала полусестра, и брат ми имал полустестра али не била истата и мојата полусестра не била и на брат ми и обратно.Сум направила план како да ги земам (они живееле заедно), и сум отишла и сум ги земала.После некое време испага дека полусестрата на брат ми е уставри керка на моја комшика.И знам дека после комшиката си ја земала керката јас сум се карала нешо со неа..
Сонував нешто, и кога го прочитав што е значењето се исплашив Сум сонувала како сум била невеста, и тоа многу убава, и сега ме испраќале, и тоа што ми било момче дошло и ме земало со мотор, и некое време сме се возеле со моторот, а потоа, се разбудив. Кога станав проврив на соновникот и вели дека ако се сонувам дека јас сум невеста дека ќе се раболам од тешка болест. Многу сум исплашена....Дали знаете вие што значи тоа? Ај некој нека ми го протолкува сонот ве молам
Сонував сум била во училиште и на скалите се расправале дечкото шо ми се свиѓа (ке го наречам Х) и некој до него поима немам кој бил не го загледав. И јас не сум можела да поминам од нив и сум чекала. Се карале шо се карале и овој ненорлалниот го фати за гз на Х и ја само таква гледам како "Шо се дешава?" и овој Х ко го завртел една до моите нозе се стркала тој и јас го скокнав онака и си поминав. И се качувам на горе и тој незнам во кој дел од секундата станува и ме гледа онака а една скала подолу од мене. И ми вели "мн добар гз" и јас онака се залетувам и скокам по две скали одеднаш а овој по мене иде со брзина на светлината а јас неможам да одам едноставно трчам а никаде не стигнувам нозете не ми мрдаат. А на спратот Х со двајца другари носат клупа и јас само испискувам и доаѓа Х ми подава рака и ме потеглува и ме внесува во училницата онака на брзина и ја затвора вратата и седнувам јас на стол неможам да дишам и он ме прашува добро си и јас онака да да. И потоа доаѓа другар му и ми вели, "да не сакаш фломастер?" и јас онака "не благодарам " Moже некој да го протолкува ова??
Бев нашколо, ама беше нешто период пред нова година и така, требаше само еден час да држиме па сонував дека зборувам италијански и дека пишувам исто на италијански после бев дома со мајка ми и открив дека имам моќ да поместувам предмети со раката и со поглед, не знаете колку ми беше мило, и моќно се почувствував, си реков сега што сакам ќе правам Како да имав изработено некоја скулптура ама после ги изгубив моќите и се изнервирав, неуспешно се обидував да ги поместувам предметите. Па скулптурата паднала низ прозорец, поточно некој ја фрлил и ја скршил на парчиња. и пак демек некое убиство се случило и пак мене требало да ме окриват за тоа демек поврзано беше со скулптурата. А скулптурата била составена од некои чоколдно желе делови, така нешто и кога помислував на нив осеќав дека ми беше вкусно мислам дека не го објаснив баш убаво како што беше, ама не ни можам поточно
твоите сонови ми се најинтересни, секогаш е се измешано ама чудно. нема да се чувствуваш убаво во некоја ситуација нема значење, освен тоа што го сакаш па реалноста се меша со фантазијата на мозокот болест можда, но јас го знам како среќа, партнесрство, доверба можеби и исполнување на желби 1. ќе да е психа, ама пајакот со пликовите обично значи конфликт со женска личност 2. нема значење
Вистина ли е дека ако сонуваш како си умрен нема да се разбудиш? Пред малку ми кажаа... Ептен ми е морничаво
уф јас што сонував... си го сонував бившиот мувач во кој што бев мн заљубена и со години се влечевме (бивши значи од пред 8 години скоро и повеќе ). сум била негде како во кафиќ со мм и тој бил на некоја маса. сум отишла кај него ама не правевме ништо тој само ме гледаше како да му треба помош ( а е во голема невоља моментално) и ништо друго. но мм сум го оставила сама. кога се вратив да го побарам го барав го барав но неможев да го најдам потоа ми се јвил као демек ме видел со него дека стојам помислил дека го изневерувам или слично не се сеќавам точно. ми беше многу тешко тоа обвинение и да докажам дека ништо не сум правела... морав да се искажам, вака кажано глупо звучи ама јас сонувам со многу чуства така да ме истоштуваат овие соништава....
чуден сон, неубав и малку долг е да предупредам Спојлер бев сама дома и дошле тетка ми и чичко ми. Пред вратата, тетка ми бендиса едни мои чизми кои се стари и треба да ги оставам веќе и инаку не ги носам многу ама се многу квалитетни и уште можам да терам со нив. И ги бендиса и ме прашуваше од каде се што, па ми ги побара, јас и реков дека не ми се за давање ги оставив и влегов внатре на кратко, тие си имаа заминато кога се вратив и ги имаа земено чизмите, значи ми ги украде стрина ми си реков ајдее па си реков ќе му се јавам на тато сега како смеј вака кога сетив дека некој влегува долу пак, си реков тие се пак, и почнав да им зборувам, ама не биле тие, беа некои што провалуваа и мислеле дека сум сама дома (а сама бев) ама кога слушнале дека зборвам помислиле дека има некој со мене и избегале, демек така се спасив и ги гледав низ пенџере, прави криминалци едниот и маскиран беше, со марама околу уста и на зоро личеше ги видов отидоа накај една куќа во комшии а таму живееле албанци, демек тој што живеел таму ги пратил, стар чоек, си реков е што сакаат овие од мене, другиот ден рано сабајле беше и го видов тој стариот албанец (ама инаку стариов чоек е позната личност а во сонот мој беше шиптар од македонија, а не ни зборвеше како шиптар ниту личеше ) беше в двор кај мене со некој човек македонец шо држеше икона в раце и правеја муабет. ЈАс низ прозор ги видов, отворив и се обратив што е работава што сакаш ти, почнав да му мафтам со рацете да го нема оттука така арогантно како шо си заслужил. Тој се зачуди зошто така се понашам демек не очекувал такво понашање од мене и ми рече демек сакал да ми го даде неговото презиме демек нашето било глупаво (рече некое на г а јас не се презивам така ) демек стариот шутрак сакал да се жени со мене (значи тие вчерашниот ден шо ги пратил сакале да ме киднапираат и да ме носат кај него) демек сега ме просеше тука ко му се вдадов со дерење, мрш таму старчиште шо се занесуваш ти, никој и ништо и грд со мене, абе подолу од гомно го направив (вака во сонов многу ми беше мило како го подбрав никаквиот ) а тој се налути и многу беше повреден хахаха и замисли ми рече која сум била јас така да се занесувам ние од село сме биле спуштени шо си нема врска, а јас му реков ти најде за спуштени од село да ми зборвиш, терорист гнасен, нешто мимики му направив со кои уште толку го навредив, ај не можам сликовито да објаснам точно како беше и тој многу се навреди како сакаше да се закани ама јас затворив прозорец си реков нека оди во мајчина . Отидов кај моите тогаш и татко ми се разбуди од спиење, нели сабајле беше. Ме праша што сум викала со кого се карав, јас му кажав за старчиштето дека дошло да ме проси и тој ми рече можда не требало да се караш, со убаво да одбиеше, ама тато не знаеше дека имаше тој луѓе пратено да ме киднапираат, си реков со убаво нема шанси и толку беше.
Го сонував НЕГО требаше да сме заедно , се скривме во една соба да водиме љубов ...и кога се соблече беше во телото како жена !!! Те. имаше нешто ко пластична операција направено така ....што може да значи ??
Го сонував бившиот како е клекнат на колена пред мене и се држевме за раце. Друг сон се враќав за дома беше темно и дуваше многу силен ветар, едвај стигнав дома. Што значат?
Сонував дека сме направиле сообраќајќа и тоа баба ми возела, не знаела кај да притисне, за колата да застане
несреќа 1. да не те сака уштер случајно или е само потсетување од минатото? 2. страв недоверба цел филм сонот ја симболиза твојата борба во реалноста - не смееш да им попушташ на другите
Омг колку страшен сон сонував, се тресев кога се разбудив. Сонував како на еден човек му излезе нешто од земја (ѓаволот) и го прободе а имаше неколку луѓе во колата од која излезе тој и нив ги уби. Потоа исто така еден човек излегува од кола и застанува пред една дупка и наеднаш искача една огромно пипало и му поминува низ глава на човекот. Седев дома со мајка ми само слушаме нешто шушка во мојата соба.Станавме и кога да видиме една маче влече ќеса.Ја однесе во спалната и се фрли ни прозор мачката ние одма затворивме за да не влезе ама она како да долета низ прозор и ние се исплашивме и и отворивме пак да влезе. После одев од школо накај дома да земам некое шише за другарка ми зашо го заборавила и така се беше тивка и темно(дневна светлина без сонце )