оф, јас имав кошмар ама мака ми е да го раскажувам Spoiler само накратко да прашам, зошто веќе неколку пати сум убиец на сон значи убивам? што значи после некое време да почнеш да се каеш и тоа многу? што значи да возиш кола, воланот го движев и другарка ми која беше многу пониска од мене во сонот, до половина ми беше.
Spoiler Моите соништа се премногу реални и ми се остваруваат речиси во потполност. Ова мора да престане...
Една другарка ме сонувала и во сонов ми рекла оти не ми кажа дека ќе се мажиш/си се омажила. Што би значело тоа?
Сонував како работам во таа фирма каде што сакам да работам. Со мене беше и другарка ми.И работевме нешто и одеднаш слушаме музика од некаде доаѓа,ама музиката беше таква нежна,многу пријатна за слушање.Другарка ми одеднаш рече го слушаш ли ти тоа?-јас и велам да.И ми вика оваа музика за тебе е.Јас само се насмеав.
што значи да сонуваш како авион летајки пага над твојата куќа и има оган и чад како магла?ако знае некој нека ми пише
Јас и една моја другарка сме лутале по улици низ чаршија сме се смееле ко ненормални и тк. . што значи ова ? јас како што имам слушано смеење не е на арно па незнам, чешки нека е обратно
Се разбудив во 8 сабајлево и си викам рано е не станувам,пак сум заспала и Сонувам како лежам или спијам незнам на мојот кревет доаѓа една жена незнам не ја видов убаво чудна беше во бело или проѕирно нешто облечена како дух незнам ми остави до мене букет со црвени рози и ми рече ти посакувам многу среќa.А незнам дали пред или после тоа сум сонувала идам дома кај една другарка да запалам свеќа кај неа во соба,имав две едната ја запалив за мене а другата размислував за кого да биде (и пак да си кажам незнам што се случува со мене скоро секој викенд цркви и свеќи сонувам) Spoiler П.С Не успеав да и кажам на жената дека Кали сакам не рози
несреќа не можеш да го кажеш своето мислење или чувствата соочување старите велат дека ако на сон се смееш на јаве ќе плачеш и обратно премногу стрес задоволство
1.Си седев во дневната и така сум задремала малце и сонував како паѓам од некое мнооогу високо место и таман да паднам скокнав од креветот и се разбудив 2.Некое девојче незнам што точно но нешто правела наопаку па си сечела вени, и така јас и семејството сме ја направиле да не биде веќе таква и татко и ни се заблагодарил 3. Не го знам цел сон но знам дека сум се качувала по некоја планина со снег и малку пред да стигнам до врвот сум паднала 4.Сонував како мајка ми ми дала 500 ден за на екскурзија Ај кажете што значат овие сонови
Јас сонував како сум се бакнувала со некого во ГТЦ, легнати на подот. Што значи ова? Не можам да протолкувам.
1.Со другарка ми дома кај мене бевме.Но куќата не беше како мојата ова беше палата со многу соби кои беа истотака многу големи.И така нешто си се зафркававме,а мајка ми чистела и друкше ми ја преуредила собата,и сеа влегувам во една соба го гледам моето биро,но ѕидот не беше исти.Се чудиме со другарка ми и одеднаш велиме ама ова друга соба е и се изнасмеавме.Отидовме во друга соба,но и таа не беше мојата соба.И јас велам леле па дека имам волку соби не можам да си ја погодам собата. .Потоа требаше да одиме негде и одам јас да се облечам и гледам кај мене на кревет нова кафеава кожна јакна. 2.Сега со моиве две другарки па во дворот на мојата палата.Се лулавме имаше 3 лулашки закачани на една шипка.Се глупиравме и јас им велам немојте многу сило да не летне шипката надолу и сите 3 на земја.Овие се изнасмеаа,но се лулавме најсилно што можевме и шипката воопшто не ни се помести. 3.Ми се јавува на телефон еден дечко (сеа само излегувам со него повремено) и ми вели јас сакам сериозно да одам со тебе,а јас ќутам не му велам ни да ни не.Не сакав ништо да кажам во тој момент и не се стремев кон тоа да кажам да.
Сум сонувала како сум добила стипендија.И таа некоја си ми рекла незнам што таму ке ми ја префрлеле од United Кingdom.И на тој листот што ми го даде пишуваше United Kingdom,Kanada.Бог да чува.
Сонував дека ја возам колата на мајка ми навечер.Возев кон школото но,ептен ужасно возев Што значи сонов?