не ги кажувај секому своите тајни. ќе те измами некоја познаничка или пријателка ќе бидеш успешна во нешто некој ќе ти помогне во нешто ќе постигнеш голем успех ќе донесеш некоја лоша одлука
ма што зборуваш ти??? половина не се точни (без навреда, но видовита сум и одговорите на соновите сигурно подобро ги знам ) тоа што те баци, знам дека посакуваш да е така. Математиката е само причина преиспитај го мислењетто на другарка ти за тебе може да се приспособи на многу ситуации, но малку сила (зборувам за сестра ти) среќа, исполнување на желбите
Сонував дека требаше да се преселиме во друг стан, па ајде сме ја викнале баба ми за да го запали. Она почнала да го пали балконот, па мојата соба, итн. Јас сум ја молела немој бабо, таму ми се алиштата нема што да носам, таму ми се сите ствари. И кога се беше завршено, кога отидов да видам што се остана останав изненадена. Се си беше на место, ништо не беше изгорено, само на ѕидовите малку црна боја, од чадот. ?!
девојки јас ја сонував комшиката во венчаница, правеше свадба ( а минатото лето се омажи) ама многу затемнето беше во ресторанот и немаше музика а гостите сите беа станати и имаше едно дете нејзино значи од 4-5 год легнато на плочки и како да плачеше нешто се жалеше а таа сеуште нема дете ШТО БИ ЗНАЧАЛО ОВА?
сонував како сујм одела некаде пешки,и едно момче ме симпатизирало а јас сум минела покрај него и тој ме прегазил ама на ногата на мускулот јас сум му тропала по вратите а тој се правел како да не ме слуша,во еден момент излегува мајка му а јас и кажувам случката,и тргнувам какко на некој рид се качувам и дечко ми работел некаде за 4000 ден а јас не сум сакала и тој ги уплатил сите пари на една утакмица јас кога ги видов ливчињата му вика дај да ги видам,и му викам тоа ливце не тоа не тоа не и него го снема,и дошло другото момче што ме симпатизирало а со него и еден мој бивши и цело време го осекав момчето што ме симпатизирало дека сака нешто да ми каже а не ми кажа пошто таму беше мојот бивши. КАША
Епа вака не знам точно каде бев.До мене дојде и ми се пушташе еден дечко.Имаше црна коса,зелени очи.Едноставно беше прекрасен.Но мене ми пречеше кога дознав дека тој е албанец.Не ми кажа тој по неговото неправилно зборење го открив тоа.Не можев да му одолеам,но сепак не попуштив.Кога прв пат го видов мислев дека е некој странец.Тој почна да ме гушка од позади,а јас само се смешкав,но не го бакнав.И за малку да ме бакнеше,јас се потргнав и тој ми рече ама зашто сега ми правиш вака.Јас само се насмевнав.
можеби некој те сака или па има нешто што не знаеш дел е каша, гледам се грижиш за дечко ти, ама ќе има проблем можеби таа не може да има дете, но во секој случај не е убав сонот, несреќа мртва на сон - среќа и оздравување во реалноста ама фактот што потоа се смее, а ако на сон се смееш, на јаве ќе плачеш
Старите велат дека тоа значи пари, или некоја парична награда може да е поврзано со игри на среќа - уплати лото или спортска. Мислам дека сите така го толкуваат тоа.
Девојки, се ослободив со пренатрупаните обврски. И затоа ќе почнам пак да ги толкувам соновите во темата Сонови. Јавно Ви се извинам на сите кои ми пратиле ЛП со сонови а не сум им одговорила, навистина бев презафатена и уморна, и не можев да ви одговорам. А постари сонови не чини сега да ви ги толкувам. ...па сега ќе се читкаме низ темава
Епа ајде сега сте две,кажете што значи,денес сонував дека некои луѓе не киднапирале на еден начин,не однелсе на некое место ко пустлија,не сме можеле да одиме никаде,па сме пробувале,со мајка ми мислам сум била,па сме заминале некако,после па избувнал некој вулкан,далеку сме биле од него,ама од сегде само пепел паѓало и не се дишело,требало ко со маски,сме заминале некако од таму и сме се ослободиле и толку се сеќавам..
1.сонував како јас лежев во кревет како да спијам а блиску до креветот многу убави мажи,некои беа голи 2.некако како да гледав телевизија и на екранот како очи на мачка се појавија,зелени,и некако се помали стануваа
дечкоми сонувал како некои луѓе задолжени за да ги земаат кучињата скитници отишле кај него со некое комбе и го прашале дали е дома кучето тој му рекол дека е дома и му кажале дека дошле да го зема пошто било пријавено дечкоми викал не го давал кучето сакал да му кажат кој го пријавил овие не му кажувале пошто било забрането ама после долго расправање му кажале дека се комшиите тој многу се нанервирал викал пцуел и така се разбудил...шо можи да значи?
Го сонував него пропаѓал во некаков си бунар, сум му подала рака ама не сум успеала да го извлечам, паднал а јас сум викала неее.. Знам само дека се разбудив преплашена
Нокеска сум сонувала како сум била дома кај де4ко ми и сме седеле со неговатаа маајка и сме си правеле муабет,потоа одеднаш се онесвести и падна врз мене.По4нав да викам и пла4ам.Излегувам да го виксм де4ко ми а тој доага на врата и ми вика што бараш ти овде.И ми каза ладноооооооооооо дека не сака да ме види повеке. Што зна4и ова?? A в4ера ве4ер сонував како сум била во една соба и видов еден голем сандак на него имаше еден лист го ЖОЛТ ПО БОЈА на него пишуваше нешто ама незнам што.Со мене беше во соба едно девој4е кое беше свртено кон сандакот и не и го видов лицето.Цело време така стоеше и не се сврте. Однапред ви благодарам за добиенето толкување.