Сонував како сум била бремена, но многу се нервирав не го сакав детето. Многу се мачев, сум се криела од другите, не сакав никој да знае, но сепак го родив. убаво се сеќавам како одев во болница да го родам и како после тоа ми го донесоа, но не знам дали беше момче или девојче. Се сеќавам дека го однесов дома, но пред другите криев, а пред моите дома дека не го сакам. Сепак на само влегував да видам како е, го држев во раце, го галев. Ќе може некој да ми каже што значи ова? од кога се разбудив многу сум напната од сонот.
нова идеја можни проблеми во врската, промена или е страв од тоа да не го изгубиш или криза во врската изгледа е приврзан за кучето 1. или срамна ситуација или малку отповеќе ти работат хормоните 2. мораш на нешто да гледаш од друга перспектива
Го сонував сегашниот и на сонот ме остава, како нешто демек сум го изневерувала не ми дозволува да му објаснам ниту пак ми ја кажува причината. Кога ке го прашав зошто беше нервозен и ме одбегнуваше. Што значење има?
Сонував дека сум била кај вујко ми во дневна и сум ја отворила третата фиока на бирото а во стварност нема таква ама ок, за да земам ситни пари (во реалноста стварно си собира железни пари ама во пепељара) и стварно имало многу ама имало и кутивчиња и шишенца со лекови и зашто некој ме брзал да си одиме сум си рекла ако сум веќе тука да ги земам парите ама уз брзање земав и некои лекови, тоа што можев вратив, тоа што неможев оставив кај мене. После дошол вујко ми кај мене и рекол дека дошол да си ги земе лековите што сум му ги земала со се парите и не ми текнува, му ги вратив мислам и после се ми е заматено. Што значи ова?
Сонов е малку измешан.Сум се облекувала во пижами,и незнам како сум ги видела градите,Од левата страна сум имала стрии,нешто како крв црвени биле,и сум почнала да плачам.Дошол и братучед ми и ме видел дека плачам,сум му кажала па тој и кажал и на тетка ми и мајка ми.И понатаму не памтам.
сонував како сум чекала на улица подолу од мојава превоз за накајј дома,и воо еден момент застанува полициско комбе до мене и излегува еден полицаец и ми вели ајде влегувај во комбето и јас му велам ама јас ништо не сум направила зошто и јас ,и сум се качила во комбето а комбето полно со азиланти и викам леле од каде сега јас со овие ,и не однеле во затвор а затворот како школото и ја гледам мојта класна и една школска заедно што сме завршиле а таа пишува дипломи свидетелства нешто и пишуваше изостаноци и само ја запамтив 9 ката.и доаѓа еден полицаец накај мене и јас му велам ама јас ништо не сум направила мене сакам да ме пуштете јас само носев дипломи во чесето ништо друго и велам да му звонете на татко ми тој да дојде,и ме пуштиле и сум пошла кај една бивша колешка а таа готвела нешто за јадење и кога се наведнала сум и ги видела градите голи и испаднаа од робичката што ја носеше таа,НЕШТО СЕ КАШИ СОНУВАМ ОВИЕ ДЕНОВИ 2.сонувам како сум излегла на шетање со на дечко ми сестра му и бебчето и сме оделе и едно детенце се фаќа за една ограда и почнува да прди ама прдење неможам да опишам и се разбудив
1. многу ситуации, те обвинуваат за нешто што не си направила 2. помалку проблеми нема значење, можеби онака како да се грижиш за изгледот мораш да застанеш на свој став
чудни сонови и малку морничави сонувам во последно време. 1.ми кажуваат дека една моја другарка од средно починала,одам кај нејзе,нејзините плачат и ме гушкаат,плачам и јас со нив. 2.сонувам како сум имала грутка на едната града,и одеднаш како да паднала и имав огромна дупка во градата.вака е смешно ама се преплашив. 3.најмалку 2 пати неделно го сонувам местото и куќата каде што живееја баба ми и дедо ми на село. таму сонувам секакви случки,од убави до морничави,и честопати ги сонувам и баба ми и дедо ми(кои се починати)ама се на тоа место и во таа куќа.тоа трае веќе две години без престан. има и многу други уште појезиви ама ги заборавам,само што една вечер не можам да се наспијам како човек,мора да се разбудам со тахикардија и препотена од кошмари.
прв пат ваков сон да сонувам и боже те молам да не се повтори веќе подобро да сонував како ме јадат зомби или од нешто што се плашам отколку ова во сонот многу се плашев уплав дури а незнам од што и сакав да се разбудам но кога се будев се сонував како се будам во страв а сонувам и во сонот си викам леле сонувам и пак го повторувам истото го доживував сонот како реален и пак легнав и од страв молев да се разбудам и глеам пак сонувам и се кубев се дерев да се разбудам си викав на име да се разбудам се будев самата себе во сонот и така 4 пати ми се случи и на крај кога се разбудив реално мислев дека уште сонувам и се развикав на цел глас уште ли сонувам и ги исплашив другите што спиеја во собата не сакам вакво нешто во живот да ми се случи се почуствував како да умирам и заглавена сум во некој си измегу свет што значи сонов ?
Сонував дека правев завршен тест хемија јас не учам годинава хемија, незнам од кај испадна сонов... Одеше вака: Влагаме во една училна со класот да праиме тест, и секој од нас добива скроз различен тест од 6 страни. И кога седнав да го решавам, видов дека ништо незнам од прашањата. Ме фати ужасна паника дека нема да добијам пролазна оценка на тестов, и така цела тресејќи се, се разбудив. Има некое значење?
синоќа ја сонував мајката на еден бивши,дошла жената да спие кај нас,и тоа во мојта соба.јас бев у црвено облечена,потоа заминав некаде на крајот од градот да си купам парфем но бил многу скап.а врз перницата на мојот кревет имало многу пари.што може да значи
поголема самодоверба нема значење, од минатото последица да не ти се случила парализа во сон? а зомбито значи дека не си свесна за некоја ситуација 1. другарка ти ќе биде среќна 2. ќе имаш повеќе толеранција и љубов 3. можеби ти недостига местото, од често сонување се оптеретуваш со тоа и пак го сонуваш, но можеби има и друго значење- треба да направиш нешто на тоа место
....црвено небо....убаво али плаво црвеникаво како при залес......... и као за некој проект ми требало, ама го правев со некои други деца........ требало да се садат некои култури као грав....ориз, па заедно со стебло и корен да се однесат....и ја викав сеа за утре ми треба а неам... татко ми ми вика има у двор и стварно ги имав...ми ги донесоа и беа замотани у весник.....и отидов едното....ова беше она бабите шо го прават, тарана го викаа моите баби....као и тоа никнало од земја како растение го истурив у канта а стеблото остана и после си реков леле шо напраив..... па зедов да го збирам и тие што беа жолти ги оставив настрана а белите ги враќав..... и како ориз стана.....па си реков ајде, шо има врска...... и така почнав да ги спремам за другиот ден.....
1 сон - Јадев кикирики. 2 сон - Се гледав во огледало, поточно си ги гледав веѓите. Ми се допаѓаа. Потоа дојде мајка ми и ми рече дека многу ми биле убави. Потоа повторно се погледнав во огледало и видов како десната веѓа ми е само половина... другата половина ми ја немаше !? Имав само пола веѓа (десна)