Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ноќеска имав кошмари :sweat: ...Сонував прво духови дома..па после земјотрес(толку беше реален)...па куршуми од негде излегоа..а бе цело време бев уплашена во сон?
    А кај е Баге да ни толкува? :^)
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    сонував како ѕвонел фиксниот телефон .. а јас сум била во другата соба, но сепак сум го слушнала телефонот и брзо сум истрчала до телефонот, но во моментот кога сум ја дигнала слушалката телефонскиот повик беше прекинат .. после разбрав во сонот (ни јас не знам на кој начин :lol: ) дека тоа бил многу важен повик :^)
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Багуф4е, само кажи ми што значи да се сонуваш гола на сон :$ (не бев гола цел сон, само дел)
     
  4. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    ^Хипи јас знам дека ако се сонуваш гола било СРАМ...
    Од Соновник: *Да бидеш гол – жалост и срамота

    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Сонував дека бев во золошка градина...Едно пиле ми долета на рамо и почна да ми зборува (по гласот заклучив дека е женско) Некако се спријателивме. Потоа отиде пред кафезот на тигарот и почна да се кара со него (со зборови)..Се изнасмеав а воедно и изначудив. Пилето се врати кај мене на рамо. (затворен простор како кај нас што беа тигрите и лавовите порано)
    Влегоа луѓе во золоолошката, пилето побрза да се скрие нагоре во некоја дупка од ѕидовите. Јас сета возбудена им реков ``видете луѓе пилево умее да говори!!`` Во тој момент пилето почна да сврчи како пиле. Се зачудив, зошто зборува само со мене а од другите се крие?!? Во тој момент се свртив да го видам, и забележав дека одпозди му виси опашка долга како на стаорец :o
    *не ги памтам разговорите ниту мои со пилето ниту негови со тигарот, само паметам дека беше пријателски разговорот многу срдечен...

    Багуфче те молам нафрлај ми од прилика што би можело да биде?!?! Или било кој друг кој знае да толкува.. Сонов од памет ме извади!
     
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    багуфче, сонував многу чуден сон , она на што најмногу се сеќавам е дека на улицата каде што живеам во мојот роден град поминало стампедо, сум се скрила и ги гледав животните како минуваат од слонови до птици(како на филмот џуманџи :D ) накај некоја шума. сум била и со некоја другарка која што сакала да ме води накај правецот од каде што иделе животните а јас сум се тегнела и сум и рекла дека е темно на таа страна дека има мн облаци не треба таму да идеме. но таа со сила ме повлекла да видам нешто. и сум видела дека во куката на една од мојата најдобра другарка а воедно и комшка се наогале татко и , и комсиката која живее до нив(маж и почина пред неколку месеци
    ) а мајка и стоеле во двор скриена и ги гледала што прават. женава (комшиката) носела како плаво зенско одело и нешто беше спомнато оделото.... не се сеќевам понатму но беше морничаво затоа што беше почнало да паѓа мрак ... фала поздрав
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.980
    Пол:
    Женски
    Баге... А што значи да сонуваш како те погодило куршум? :x И тоа во долниот дел на ногата, од напред,и пак сум останала жива..
    Нешто како војна било, и знам дека ја сум се криела позади некоја кола, и сите пукале навака.
    многу чуден сон имав. :x :x
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.760
    Пол:
    Женски
    Болест.
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.755
    Пол:
    Женски
    Бебе што плачи симболизира дел од тебе на кој му е одземено целото внимание и дека тој дел треба да се негува.Бебе што плачи исто така претставува некоја неостварена цел и чувство на недостаток на некои работи во твојот живот.

    Качувањето по планина ја означува твојата решеност и амбиција.Дрвјата симболизираат нови надежи,раст,желби, знаење и живот.Исто така значат сила,заштита и стабилност.Сконцентрирана си на на својо развој и индивидуализација.Ова другово не знам :D

    Да пееш на сон претставува среќа,хармонија и радост во некоја ситуација или однос.

    Пустината ја означува загубата и несреќата.Може да страдаш од напад на твојата репутација.Пустините на сон се исто така симбол на пустелија,осаменост и чувство на изолација и бесперспективност.Скорпиите претставуваат состојби во твојот буден живот кои можат да бидат болни или пакосни.Тие се исто така показател на деструктивни чувства,забелешки,горчливи зборови или негативни мисли насочени против тебе.

    Забавата укажува на тоа дека треба да излегуваш повеќе и да уживаш во себе.Самата бела боја значи чистота и невиност додека белата облека укажува на тоа дека треба да се олесниш на некого.Можеби од неодамна се чувствуваш малку депресивна.

    Да носиш во сон венчаница значи дека во последно време ги оценуваш и проценуваш твоите лични односи.

    Да си бремена на сон симболизира еден аспект од твојот живот што е во пораст и развој.Исто така бременоста на сон може да претставува раѓањето на една нова идеја,правец,проект или гол.Секс пред други луѓе укажува на тоа дека некои други луѓе се мешаат во твоите приватни односи

    Значи црвената боја е симбол за енергија,сила,интензивна страст,агресивност,сила,храброст, импулсивност и страст.Црвената боја има длабоки емоционална и духовна конотација.Возење во лифт претставува пораст на богатството.Може да се покачи нивото на свест и да го гледаш светот подетално.Да се сонува за смртта на некој близок укажува на тоа дека ти недостигаат одредени делови во твојот живот.Запрашај се она што е она што го прави овој човек посебен и што ти се допаѓа кај него.За продолжување на животот мислам дека тоа е бабини деветини,ама не знам...

    Земјотрес симболизира некое големо случување кое ќе те стресе и и' се заканува на твојата стабилност.Исто така ја претставува твојата несигурност,страв и чувството на беспомошност.

    Целокупниот сон претставува некој опасност во приватниот живот,здравјето или бизнисот.

    Кратката коса е парична загуба и трошење пари на непотребни работи...

    Да си бремена на сон симболизира еден аспект од твојот живот што е во пораст и развој.Исто така бременоста на сон може да претставува раѓањето на една нова идеја,правец,проект или гол.

    Ништо страшно,нема посебно значење сонот едноставно посети го на гробишта и запали свеќа.Поздрав :(

    Машкиот полов орган означува сексуална енергија,сила,агресија и плодност.Исклучително голем полов орган сугерира сомнежи и стравови во врска со твојот сексуален нагон и либидото. :$

    Да го носиш детето на доктор значи великодушност.Шминкањето укажува на тоа дека ќе се обидуваш да прикриеш нешто.Исто значи дека се обидуваш да ја зајакнеш твојата сопствена слика за себе и да го зголемиш чувството на самодоверба.Многу фустани претставуваат женска перспектива,феминизам,женственост...Црвената боја кажав погоре што значи...

    Значи сонот во целина го означва твоето ниво на самопочит и самодоверба.Често пати,овие квалитети се зависни од физички и психички изглед.Сонот исто така, ја одразува твојата неискажана љубомора,неискажани зборови,потребата за внимание.Маглата симболизира збунетост,проблеми, скандали,несигурност и грижи.

    Градници значат поддршка и заштита.

    Значи по 855435543 пат... Да си бремена на сон симболизира еден аспект од твојот живот што е во пораст и развој.Исто така бременоста на сон може да претставува раѓањето на една нова идеја,правец,проект или гол.

    Сонот означува дека треба да се ослободиш од нешто во твојот живот кои ти предизвикува многу болести и вознемиреност.Треба да се прочистиш од сите негативности...

    Еве ја :) Земјотрес симболизира некое големо случување кое ќе те стресе и и' се заканува на твојата стабилност.Исто така ја претставува твојата несигурност,страв и чувството на беспомошност

    Сонот означува и претставува проблем со комуникацијата во будниот однос со твоја сакана личност или член од семејството.Сметаш дека не си во можност да ги изразуваш твоите чувства.

    Голотија на сон означува страв дека ќе бидеш откриена поради нешто што го правиш.Се чувствуваш како погрешно осудена поради нешто...

    Зоолошка градина симболизира губење на слободата или пак неоткриени и незабележни таленти.
    Да се сонува дека животните можат да зборуваат значи супериорно знаење.Она што ти го кажале срдечно сигурно е некоја форма на мудрост.

    Животните во твојот сон претставуваат твои сопствени физички карактеристики,примитивни желби и сексуална природа.Сонот е тежок за преведување,вистина...Би можел да значи вистина,мудрост,вечност,посветеност,спокојствот,лојалност и отвореност.Присуството на сина боја во твојот сон може да симболизира духовно упатство и оптимизам за иднината.

    Да те погодат со куршум значи дека треба да се издржат и пребродат некои тешки времиња.Времето лечи се`...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Вечерва сонував како дечко ми отишол во странство и веќе 11 дена бил таму и по телефон го молев да се врати и да не остана веќе, сонот ми изгледше толку реален и само ТЕ МОЛАМ повторував само тој збор ми одекнување во глава а тој сепак ми рече дека нема да се врати барем не одма.. :worried: Што значи ова?
     
  10. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Алал да и е на Багуфче,колку сонови успеала да протолкува и да посвети време :clap:
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    сонував како ме бркаше куче големо беше но не изгледаше агресивно одеше по мене а јас потвриснував и бев уплашена бегав... :o
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.760
    Пол:
    Женски
    Куче е душман колку што знам. Значи некој во твоја близина не ти мисли добро, а ти си свесна за тоа, па се трудиш или ќе се трудиш да го одбегнеш.
     
  13. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Да ти кажам од лично искуство :) Полагав многу тежок испит и чекав резултати од него.Денот кога трбаше да бидат истакнати резултатите станав многу рано,цела возбудена!!! :D и едно време,кај 11 саатот сум задремала и сонувам огромно црно куче како ме душка од позади,ама такво непријатно чувство беше тоа,се ежев во сонот! И само ми ѕвони телефонот,се разбудив и ја слушам колешката ми кажува дека сум положила и тоа со солидна оценка! Значи кучето што ме следеше во сонот беше убавиот глас што треба да стигне до мене! ;) затоа уживај и чекај да ти се случи нешто убаво!
     
  14. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    фала надевам нешто убаво е мн поздрав :)
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Сонував дека спијам, а под поктивката со мене спиеја 3 мачки. Kога станав и ја кренав покривката, тие се разбегаа, а на чаршафот имаше измет :^) . Не ми беше непријатно во сонот, како да беа мои мачки.
    Баш ме интересира како би можело да се протолкува. Anyone?

    Пред или после ова, го сонував мојот покоен дедо како ја чува куќата. Ја туркаше вратата, не пуштајќи да влезе еден огромен човек кој туркаше од другата страна.
     
  16. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Jaс сонував дека сум била кај другарката дома,и ке сум спиела кај неа дома.исто така ако нешто значи јадевме многу благо и брат и бил со нас :$ :?:
     
  17. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Сонував како ми испаднала пломбата од еден заб.Многу е страшно?? :( :(
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ги сонував нешто колегите од факултет и сме дискутирале нешто, а една од колешкиве цело време погрешни заклучоци правела, а јас превртував со очи цело време. Во сонов имав мислење дека е глупава и ништо не знае, но проблемот е што во стварност не го мислам тоа. Супер си е девојчето. Боже сачувај |(
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Прво сонував како во школо директорката ми дала тегла полна со кафе и требало да одам да прашам во одделението на детето кое го свиѓам дали некој сака кафе. Отидов влегов и никој несакаше. Излегов и по мене излезе тој што го свиѓам и викна нешто, потрча стигна до мене и одеше до мене. Повеќе не ми текнува.

    Бевме во еден маркет и трабаше да купиме со мајка ми прашок, и тоа многу. (мислам околу 50 беа). И јас ги земав сите и ги наредив во колички за пазарење. Ме викна мајка ми која всушност во реалниот живот ми е другарка. И ми рече дојди да разговарате убаво. Сега имаш шанса. И јас отидов и тоа беше детето кое го свиѓам, а имаше лик на братот на другарката која ме викна. И зборевме нешто(не се сеќавам што беше) и одеднаш се најдовме кај мене во дневна. И толку повеќе не се сеќавам. :wasntme:


    Кој знае што би можело да значи. :tmi:
     
  20. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    благе сонив еден чуден сон,сме се вселиле во куќа стара со дечко ми и сме почнале да ја средуваме од нула сме ставале најпрво ламинат а потоа јас сум била случајно на лекар без никакви проблеми и ми кажале дека имам тешка неизлечлива болест и ми го докажале тоа,потоа сум плачела дечко ми не сакал да ме остава а јас сум го молела да го стори тоа,затоа што ќе сме немале убав живот и максимално ќе сум живеела 10 години.поздрав(а можно ли е за болеста и од тоа што учам и да го сонувам :lol: :lol: )