непријатна ситуација 1. несреќа, иако зајакот е среќа, но вие ги убивавте 2. на сон плачеш, на јаве се смееш 1. негативни луѓе околу тебе 2. нова идеја 3. нема некое значење не знам дали не е страшно на празник ама сонот значи тага и несреќа
Цела недела само хорор сонувам. Убијци со нож, со пиштол, со сабја, убиваат се околу себе и мене за на крај ме оставаат. Па бегам, се кријам се плашам, и таман ќе ме најдат се разбудувам. Е синоќа не било толку страшно пошто сум го фатила убиецот на шарм, се заљубил во мене па сум знаела дека нема да ме убие, ама пак нишанел во мене цело време со пиштол. Си ги толкувам во своја верзија, ама не е лошо и друго мислење да слушнам...
грижи, не им обрнувај толку внимание на туѓите проблеми проблеми, проблеми...премногу стрес и напнатост, сакаш да се одмориш
Сонував како во еден сад беше запалена свеќа и јас ставив внатре една розева друга свеќа.Потоа врз оганот те. садот ставив слика од мене со друштво. После исто така палев свеќа ама овој пат ставив слика од некој ама незнам кој беше . Во меѓувреме ми кажаа дека ми се загубило детето на екскурзија и јас одма облеков еден кафеав мантил и ставив се во џебовите.После сакав да облечам друг мантил ама немав време-брзав.Кога излегов пред врата имаше неколку кучиња и се разбудив. 2.Сонував како сум станала зомби или некое чудовиште и сум изела една ученичка во фискултурна сала. Со мене се претвораа така уште 2 девојчиња од клас. Потоа дознав дека тие можеле да летаат и трчав на трети спрат од школото.Отидов право во класната училница на крајот од ходникот на 3 спрат. 3.Како сум си купила ајпод и нешто на школо на час игравме со уште некои девојчиња.А мене неќеше да ми се симне некоја игра .
Со братучедка ми се спремавме за некаде,некоја забава.Носев едно многу убаво фустанче.Но имав уште едно бело фустанче.И нешто реков,а братучетка ми ми рече ајде де не се секирај ништо не му е.Потоа отидов се погледнав во огледало,си се нашминкав.И имаше на стегачи полно-на купче стаени.Си земав еден и си ја врзав косата.Потоа доаѓа баба ми кај мене и ми вика да не имаш стегач? -јас и велам па колку ги имаше,а таа ми кажува не знам таму што им се случило.Не можев да се одлучам што да облечам на нозе и сандали облеков.
Го сонував бившиот со кој неодамна раскинавме како сме имале секс покриени со чаршав. Свршил многу брзо ама имало многу сперма, на сите страни. Он ја чистел, а настрана кога сум погледнала сум го видела дедо ми (кој е мртов веќе 6 години), како не гледа и ни се смешка. Ден пред тоа го сонував цимерот на бившиот како бил со мене. Сме се мувале или може било почеток на врска и ми викал ми е гајле за него, секако него никој не го сака. А мене ми било убаво со него и сум си викала како до сега не сум го забележала него туку сум го гледала бившиот цело време.
Сонував како сум имала вошки ,грозно...И воедно ме шишала фризерка но ете некако многу ми ја скратила косата толку бев лута што ми ја исекле косата која долго ја чував...
пари, промена развој на некоја проблематична ситуација нема значење 1. кавга во друштвото 2. не си свесна за некоја ситуација, можеби бараш одмазда 3. нема значење, секојдневна ситуација е
цела недела сонувам се бело,празно нема никој во сонот, и после се заборавам како матно ми е и сонував како братучедка ми малата била нешто болна пред умирање имала уште 2 дена
за братучедка ти имам да ти кажам дека ќе има среќа и оздравување, а ова со белото може да значи дека криеш нешто или па перфекција, мир
Јас сум личност што сонува многу и некако на свој начин се обидувам да ги протолкувам моите соништа но,не и овој последниот кој личеше на некоја епизода од LOST. Прво на што се сеќавам од сонот е дека сме биле со сестра ми внук ми во една зграда,внатре која многу личи на нашиот здравствен дом во градот и низ муабет решивме да одиме на друго место(некој објект кој бил напуштен но,преуреден во нешто друго и да го посетиме). Следно се сеќавам дека се најдовме на плажа јас ,сестра ми ,внук ми,комшивката со нејзиното мало детенце и еден непознат дечко.Седевме на плажата и одеднаш почнаа да надоаѓаат големи морски бранови,секој нареден беше поголем и поголем од претходниот а,јас чувствував страв дека некој од нив ќе ме проголта.Внук ми и другото детенце ги однесоа брановите ,одеднаш морето го снема и на негово место остана само песок. Потоа се најдовме во една малечка просторија во која јас се обидував да најдам излез...одеднаш вратата се отвори и се појави една жена со изразито црн тен..јас и подадов рака и ја пуштив да влезе внатре,на зидот имаше малечки полици и таа почна да реди некои предмети на нив..бели филџани за кафе превртени надолу 2 а,потоа непознатиот дечко стави уште еден врз нив.Јас во раката држев црни ножици со некоја чудна форма црни и свиткани на врвот и пар обетки (кои ми ги поклони една другарка за роденден).Се што имавме требаше да и го дадеме на жената но,јас немав доверба во неа и ги криев ножиците во моите раце. Следно...се најдовме надвор слегувавме пешки по една улица надолу,беше ноќ а,нагоре се искачуваше една кола од која паѓаа летоци со известување за некоја наградна игра.Решивме да се упатиме кон тоа место ,јас се возев во кола,незнам кој беше возачот...се најдовме на една доста прометна улица со народ и други возила,блескаше сонце а,ние баравме место за паркирање на едната страна на улицата..потоа се разбудив.
сонував дека сум бремена, имав стомак голем демек пред рагајне али некако стомакот ми бесе Чуден некако како криво на стаана нез како сто ке е?
сонував како сум у некој филм од 'седумдесет и некоја.... живеев со цимерки, али сум влегла во врска со некој тип шо после дознав дека бил оженет и тој ми вети дека ќе се разведе ме однесе у неговиот стан заради нешто и ми рече дека можам таму да останам до....ми одреди рок зашо тој ден доаѓала жена му со детето ја да сум заминела да не се сретнеме, а тој коа ќе дојдел ќе разговарал со неа. и ок.....така направив али заборавив да заминам и таа дојде и ме најде тука.....се налути, почна која си ти....љубовница си му??? и ја си заминав тогаш и го сретнав долу него со автомобилот, тој не знаеше дека таа дошла и ми рече да те носам дома.....јас се мислев дали да му кажам дека таа ме фати внатре или да молчам....внатре у кола му кажав и ми се налути зашо не сум заминала на време.... ...втор сон...дома славевме нова година, имаше и музика и многу луѓе ама ние бевме тажни.....
Сонував како сум отишла да купам сладолед, корнет од 25 денари, само толку сум имала во мене. Во продавницава стигнав, отварам фрижидер го барам сладоледот што го сакам, го нема никаде, сите други поскапи беа и не купив никаков, си заминав дома посрамотена дека немам доволно пари. Продавачката ми викаше земи каков сакаш ќе ми донесеш пари, не е проблем, јас не не и си заминав.. ама сон!
Сонував 3 невестински фустани, од кој едниот му го нарачав на дечко ми по мерка и требаше сите 3 да ги пробам. Тој што го нарачав беше невестински но во повеќе бои и некако не ми се свиѓаше и се мислев кој да го одберам. Што ли ми се спрема сега?
Сонував една убава девојка која ми се претстави дека се вика срцекршачка,убава со виткана коса со мала бемка над усните како Синди Крафорд,право ја бакнав во образ,потоа во уста,просто уживавме во бакнежот,немавме ништо повеќе ако мислиш на секс се се заврши на бакнеж. Што значи сонов?
малку фантазија, но многу мир и хармонија започнуваш повеќе да се цениш и почитуваш себе нема значење 1. проблеми 2. неубава ситуација, но како што стрите велат ако на сон си тажен - тука среќа имаш промена се грижиш за внук ти, но имаш многу преклопени и задушени емоции и не му веруваш на никого
Што значи да сонуваш.... имаше оган гореше една куќа во комшии,вртев во полиција од мобилен и цело време го грешев бројот,упорно пишувам(вртам) 192 а ми излагуваа други бројки,пак вртам 192 ми се појавуваат други бројки...значи никако не можев да го свртам бројот.... Што значи тоа и дали му се има случно ова во сон?