Девојќи пред некео време сонував еден сон тоест два поврзнаи во едно и мн нелогични би сакала некој да ми каже што значат зошто од тогаш постојано само на тоа мислам: Во едниот сон седев на тераса и дојде еден мој другар и ми вика жал ми е но дечко ти е мртов јас целата расплакана и околу мене мн луѓе и наеднаш не го ни досонував се префли во некоја голема сала за свадби јас во венчаница а дечко ми на невестинската маса со друга не ни видов која беше ме погледна со солзи во очите и јас излегов одтаму и се најдов на една темна и мрачна улица и додека одев поне ме удри кола пото дојде дечко ми и само слушав некој рече веќе е мртва и се разбудив. што ли значи ова
Сонував како сум го фатила бидермаерот на свадба иако не бев застаната да го фатам туку онака сум стоела на страна
сон 1: рипам во базен со најчистата вода ... несто карпест предел, па ме брка некоја девојка со точак цон 2: пробувам кондури некои и си ги купувам,лаковани многу убави
Сонував како носам на рамо едно девојче на околу 2-годишна возраст и го шетав низ град и по некое време ми заспа на рамо. Девојчето е моја внука. Ај нека пише некој што значи.
Сонував дека сум имала сексуални односи со мојот бивши( а додека бевме заедно, немавме интимни односи )...и дека сме се смириле..што би можело да значи?
сонував како сни биле на гробишта и сни раздавале зајре сите така седевме ко во круг и се пулевме еден во друг...кога се вратив дома седнав да јадам од тоа од црква ама не се сејќавам дали зедов или само така се пулев во јадењето...
помири се со судбината или е желба од минатото или од сегашноста малото ти значи многу, но нешто не знаеш за неа 1. предизвик со многу препреки 2. не биди толку самоуверена, ќе треба да трген во нешто непознато почитување од некого прво, не можеш без него. А другото е дека поминувате во нова фаза во врската, најверојатно поубава извини, не догледувам некогаш. Мажот ти не ти верува, а ти треба да се соочиш со проблемите
Сонував како сум била во интернат и една жена од социјално ми дала пари за да и дадам на некое девојче.Сум се качувала по скалите за да влезам во интернатот и парите ми паднеле во дупката мегу скалите, во подрумот.Сум испаничила и сум се симнал во подрумот да ги земам.Сум ги барала али ги немало во една кутиа го видов мојот украден телефон(што навистина ми е укрден), но парите нигде ги немало.Една од професорките што била таму почнала да ми се дере, дошло и девојчето на коа сум требала да и ги даам парите.И сум се извинувала и сум и рекла дека ке и ги вратам парите.Иначе не беа многу пари може 2илјади денари.
....сонував дека некој кој ми има доста згрешено....се расправавме али ја партал го направив и дури го истепав....се тепавме.....он не попушташе ама пак јас бев овој пат таа шо ја имаше контролата....и му се заканив и се останато......а одамна не сум се сретнала со таа личност.....години има уште еден сон....сонував дека сум бремена....вака си го живеев секојдневниот живот со моите и со обврските само што бев бремена ама немав преголем стомак.....
за кавгата, тоа е последица од меморијата за грешките и сакаш да го истепаш а со бремена промена изгледа
Сонував како една долина е претворена во едно убаво место за живеење.Јас навратувам после многу време и се е променето многу бев пријатно изненадена беше преубаво направено.Имаше една преубава голема куќа со базен бела со сино ми остана во умот.Исто така поток имаше,некој ме прогонуваше и паѓав надолу но секогаш успевав на некаков начин да се искачам горе.Имаше и мноу продавници јас си купив штикли со полна пета едни многу убави но, едниот чевел го изгубив и го барав долго време исто така и облека нова си купив.Многу случки ми се случуваа една подруга во тоа место, исто така имаше и една патека која порано била епроодна сега ја направиле мнгу интересно патче.Со една другарка бев и незнам зошто се степавме . Како трговски исто така имаше со многу продавници и театар имаше... и на крај кога погледнав беше се како во една преголема соба со огромни бели ѕидови, а јас цело време имав чувство дека тоа ми припаѓа мене. Што би можело да значи?
анализирај делче по делче на соновник фемина а според вчерашиот сон изгледа дека јас наскоро ке се мажам-немажена девојка сонува маж значи дека ке се мажи наскоро по незнам кој пат веке
Сонував како разговарам со едно момче изгледа ми бил дечко во сонот, како демек не му верував дека ме сакал и дека сака да биде со мене во тој смисол нешто, и тој за да ми докаже дека не е така станува и со градите легнува на моите за да му го чујам срцето како чука, јас тоа го почуствував ама се намрштив незнам зошто. Чудно ми е никогаш не сум сонувала вакво нешто хехе. Сонував како влегувам во златара и купувам два златни прстени, ама си ја видов и левата рака на неа имав исто два златни прстени, како да сакав да ги извадам, така ми дојде незнам зошто ама не ги извадив.Златарот ми кажа дека направив одличен избор дека се многу убави прстените што ги купив и одеднаш излегувам низ вратата и ми текнува дека заборавив да ги земам прстените хаха, се вракам да ги земам и му викам на златарот дека имам некои проблеми затоа сум малку подзаборавена. И што е најинтересно да кажам дека златарот беше Chuck Bass леле хахах крај.
1. да не си заљубена случајно? така изгледа...или љубов те чека 2. Златарот нема врска, но ти ќе имаш поголема самодоверба и повеќе ќе се цениш себе
Јас посојано го сонувам бившиот. Пред некоја вечер сонував како сум го побарала брат му да прашам како е, оти во сонот изгледа бил болен. И после тоа сум била некаде и сум го сретнала него. Ме гушнал силно и ми рекол, следен пат побарај ме мене. Како да му требам нешто. Следната вечер сонував како сме биле некаде (дека сме биле уште во врска) и после тоа сме отишле во некоја соба. Сме имале секс, и додека ме бакнувал по вратот сум се наежила и ми викал ете што ни фалело. И како после тоа сум сакала да отидам до WC и сум планирала да се вратам и да продолжиме, арно ама две негови другарки ме сретнале и ко да ме испратиле некаде на сосема друго место. Таму сум барала тоалет и бил преполн, едвај сум дошла на ред. Откога сум завршила таму сум се вратила на истото место но сме седеле со дечкото и двете негови другарки во некоја дневна. И тој им раскажувал што планира со мене.
Сонував дека ме нападнал огромен црн тигар, и почнал да ме гриза, ми откорна делови од телото, насекаде имаше моја крв. Знае некој што значи ова??