Може ли и јас да прашам нешто?На мене ми се случи нешто многу чудно пред неколку години си ја сонував свадбата со непознат човек знам како изгледаше до најмала ситница,знам дека викаат свадба не е убаво уште повеќе ако е твоја ама чудното беше што после неколку години чисто случајно се запознав со еден дечко што кога го видов ми се пресекоа нозете изгледаше исто како дечкото од сонот...Што би можело ова па да значи?
Сонував како сум барала нешто, или некој, повеќе не се сеќавам, но сум поминувала низ стара куќа чиниш готова е да се распадне. Сегде прашина, стари искршени работи, доле земја, стари врати изедени од глодавци и термити (животинчињава не ги сонував но само да доловам какви беа вратите), стар мебел, завеси....се старо. И сме поминувале со луѓево низ сите одаи кои се наоѓале во куќата. Цело време додека сме барале, само јас сум можела да го видам духот на мало дете како вози точак, никој друг не можел да го види. Детево т.е. духот негов цело време се вртел околу мене и разбрав дека детето било убиено и сакаше во сонот да му направам услуга, да му завршам некоја недовршена работа, но можев да го разберам што сака да ми каже бидејќи цело време си свиркаше некоја мелодија и си пееше. А јас цело време ги прашував луѓето околу мене, дали го гледаат детето но сите ми викаа дека сум луда, дека они никакво дете на точак не гледаат. Што ли може ова да значи?!
Сега се сетив дека минатата ноќ сонував виножито.Како мала имав слушнато дека таму кај што е почетокот или крајот на виножитото таму има богатство некои такви работи во што сакаш да веруваш кога си на возраст од 8-9 години,но сепак сонот ми беше преубав,видов виножито и сфатив дека всушност се наоѓам на самиот почеток на виножитото,и отидов да ја допрам земјата од каде што започнуваше сонот ми беше мноу убав,ве молам ако некој знае што би можело да значи да ми каже.
може тоа е љубовта на твојот живот. посто имам слуснато како некоја девојка си ја сонувала бовчата од нејзинта свекрва и имало црвени папучи . се омажила и немало во бовцата црвени папучи,за кратко време се премажила за друг дечко и замисли свекрвата и подарила црвени папучи од денот кога досла како снаа у куката.. мисли позитивно само..
Ајде кој знае нека ми го кажи значењето на сонот. Сонував како татко ми ми даде златна бурна, ја ставив на средниот прст но мнооогу ми беше голема и ми падна, ја загинав. Е сега некои ми кажаа дека златна бурма значело бременост, али пошо мене ми била голема и ми паднала не знаеа што е. Знае ли некој?
Шубе ми е цел ден за еден сон. Сум сонувала како се симнувам во подрумот на стрина ми заедно со братучедка ми. Сум и рекла да чува стража, а јас да барам нешто (никако не можам да се сетам што сум барала). Долу имало детски кревет со плава постелнина, а не можам да се сетам со што сум светкала, но цело време се палело и гасело светлото. Сум барала цело време, секаде, но не сум можела да го најдам тоа што ми треба. На крајот ми свикала братучедка ми: „Побрзај, се симнува!“ На излегување врз вратата забележав на три места број 1 (истиот круг со 1 што доаѓа на фемина кога имаш една непрочитана порака). Потоа се разбудив и се сетив дека повеќе пати го имам сонувано ова. Ме копка цел ден, а мама кога ме покривала нешто сум и зборувала... ми рече дека змеј или меј нешто сум и викала.
Сонував како дошле овде братучед ми и братучеда ми (добро тоа, во ред, навистина треба да дојдат утре) и братучеда ми останала тука кај нас на спиење. И такви цели по пижами сме биле во некоја дискотека и ди-џејот фатил да вика There's a scene on the scene, со истиве зборови и да го повторува ова цело време. Одеднаш над подиумот ставија маса (фактички тоа му значело, УШТЕ ЕДЕН ПОДИУМ ВРЗ ПОДИУМОТ) и јас, братучеда ми, брат ми и братучед ми сме се качиле на масата и сме почнале да играме. Божееее одамна немав глупости сонувано. Баге где си, служба те зове
Сонував како сум гледала една долгааааааааа змија и таа рипнала и ме каснала три пати на челото. И одма сум отишла операција да ми прават и после сум била океј . Што ми значело ова Баге ?
Веќе 2 пат сонувам како раскинувам со дечкото, и на крај се смируваме пак. Првиот пат поради некоја девојка било и во сонот јас се чуствував тешко, додека пак вториот пат он плачеше во сонот. Што би можело ова да значи ?
Сонував многу чуден сон. Го сонував бившиот дечко со кого бвеме заедно пред 3 години. Ми нудел да одам со него на патување но сум го одбила, поради сегашниот дечко. После тоа сме се сретнале и јас сум ги вратила парите кои тој ги платил за билетот тоа беа 600 ден После тоа се најдовме во кола каде тој наеднаш ме бакна но јас иако сакав не му возвратив баш , но сепак се осекав убаво. Исто така во последно време ја сонувам многу често братучетка ми со која се немам видено неколку години. Те молам ако може да ми кажеш што би можело да значат овие сонови.
Јас сонував како сум прочитала порака дека дечко ми требал да се сретне со некоја девојка, и сум сакала да го спречам и цело време се обидувам на сонов да го најдам. Одам на факултет таму имало како некоја игра како монопол ама на неа пишувало други работи како демек секс, бакнеж (такви работи) и они биле потпишани на играта ко да ја играле. После тоа сум одела низ факултетот и сум нашла мнобилен (досега невиден модел) и сум украла уште неколку такви телефони од други колеги и сук ги криела и од сите броеви сум пробувала да му свртам но не сум можела, никако не сум можела да го најдам, и после од мојот мобилен таман да му се јавам... не се сеќавам понатака ама знам дека не сум го нашла ќе го згазам багуфче не не заборавај и отвори сметка за да почнеш да наплаќаш
Знае ли некој да ми каже што значи скоро еден меcец секоја вечер да сонуваш една личност.Мислам постојано да ти се јавува во соновите не само неа да ја сонуваш.Јас еве скоро месец време сонувам една другарка што ми беше,не се дружиме веќе ама чудно ми стана само на здраво сме сега а јас ја сонувам па пак ја сонувам Што може да е?И денес сонував мост и под него длабока вода и книги како во неа а на мостот многу коњи и луѓе..и после едно место како се од снег направено скулптури многу убави биле и јас ги сликам и почнува да врне снег онака ситно убаво и се разбудив,има ли некое значење овој сон?
Сонував како јас и тој сме биле во некое село, во природа. Тој постојано трчаше негде бараше нешто... А јас само го гледав. Потоа знам дојде кај мене и кога ми ја подаде раката таа беше раскрвавена, нечиста, со некои рани. Јас се обидував да му ја исчистам. Епа Баге помагај.