Сонував како да сум била кај мојата покојна мајка,но татко ми (кој е жив)и таа биле во ист стан кој бил убаво осветлен со запалени сијалици потоа сум и подарила црвено јајце и биле среќни.Откако сум испаднала отаму сум се нашла пред некоја зграда која била некако темна и за да избегаме со мажот ми требало да се возиме со лифт во лифтот имало како некој кревет или што знам што беше,јас сум се закачила на него но сме успеале заедно да бидеме и лифтот да не однесе до нашиот спрат.Што означува сонов!?
ричи, оди во црква и запалете со татко ти свеќа за мајка ти...бара нешто 1.непријатна ситуација 2. ќе имаш желба да останеш дома 3. нема значење да не имаш малку чувства за колегата или па тој за тебе или сеуште те сака бар малку или потсвесно го посакуваш тоа
Го сонував дедоми починат е беше кај нас дома а истовремено дојде и поп после то јас плачев по дедоми и му викам кај седиш сега нешто ова она и вика ајде иди ке одиме кај шо седам и ме однесе во куќа некоја врска немам па таму и некојси бебиња имаше шо би можело да значи!!!!!!!?
што е денс ова...сите починати сонуваат...нов почеток на нешто, но за секој случај да ти кажам да си одиш во црква и да му запалиш една свеќа, очигледно ти недостига, а и ти нему
Psychic што може да значи сонот? Сонував како одам по еден пат така убав рамен со некого..прв пат одам по патот но како да го знам и дури му објаснувам на тој што беше со мене како треба да одиме каде ке стасаме,и таму каде што се задскриваше патот зад кривина одеднаш излезоа многу овци и овчар и јас каккко да се исплашив и почнав да се вракам назад а? Однапред благодарам
Чуден сон сонував ноќеска Порано се дружевме 3 другарки, јас бев блиска и со двете (со едната и до ден денес) а тие меѓусебе баш и не се сакаа многу... Од одредени причини, сега со едната и двете не збориме. Епа сонував како тие две се раскарале, и таа со која не збориме ја истепала другарка ми. И јас за да и вратам, со дечко ми сме ја начекале и главата од ѕид сме и ја удриле. Девојчево се оснесвестило и не сме знаеле дали е уште жива дошол лекар некој, и ја однел, и сме чекале да видиме дали била жива или не... Се разбудив пред да видам дали е мртва Значење има?
сонував како сум била на одмор со дечко ми,и сум излегла да ја разгледувам плажата водата убава сина мирно море и сум влегла во водата и одеднаш како водена змија се наближува накај мене едни луге викнаа и јас избегав,после тоа дојде и дечко ми заедно ја гледавме плажата се бакнувавме ,дошла и братучетка ми и со неа заедно сме почнале да излегуваме а дечко ми го снемало и како јас сум го изневерила нешто и дошол он да ме земе да си одеме дома и сме напуниле вода од морето во едно шише за по пат да пиеме а во шишето кога подигнав да се напијам вода,водената змија во шишето внатре
...а пожар кај соседите??среде ноќ тропаа кај нас за да влезат зошто кај нив гореше и јас ги пуштив ...и друг сон...сонував као Вардар тоа беше и на едно место, на почетокот во реката се влеваа две притоки и двете беа прави, во правилна форма, забетонирани од страна и двете се спојуваа во облик на пирамида пред да се влеат во големата река.....тоа од страна беше голем предел како на влезот на Скопје ама нечисто беше малку на буниште личеше., па не е далеку ни од вистината, така е некако и таму........и тука имаше партизани еден куп цела чета........и со татко ми ги гледавме....ама се некако црно бело беше као во филм.......
Што значи да излезеш на тераса и да заврне дожд ама да не те наврне и наеднаш пред тебе да се појави некое непознато машко и тоа си стоеше јас се приближив и се гушнавме? П.С. и што значи да јадеш на сон колачи или парче торта?
1. тага 2. и мене ми се пријаде...среќа и задоволство 1. малку не се сакате со нив... предизвик со кој треба да се соочиш страв, несреќа да не имаш страв од змии? обично симболизира несреќа, но ова може и страв да е поранешните проблеми те прогонуваат, жалиш за некоја постапка, мислиш дека поинаку треба да постапиш одиш премногу со толпата на луќе. Губиш креативност, но брзо ќе се вратиш на старо
Psychic сонував како се бакнувам со едно машко по малку ми е сиппатија хахаха шо би можелода значи!!!!
Сонував дека имав проблем со една професорка, и со еден тип од мое школо, со кој немам ни здраво буквално, ниту пак некогаш го приметувам, сме отишле да го бараме директорот за да се пожалиме, и типов одеднаш ме гушна и ме бакна Морам да кажам дека во сонот типов беше многу низок и ситен, не знам како така го сонував
Сонував како било празник.Кај една другарка во двор сме биле јас другарка ми и татко и.Татко и имаше два ножа во рака.По грбот ми направи 2 исекотини.Јас се смеев,воопшто не ме болеше,ниту па крв имаше.Само така две исекотини на грбот.Татко и се насмеа и ми рече ти реков.Јас задоволна си отидов дома.
денес имав чуден сон.ми дошол некој братучед на гости со девојката кој не сум го знаела ,и сме отише во дискотека и таму дошол бившиот игравме заедно ,бев мн среќна ,а потоа и друг бивши требало да дојде. што е ова,не можам да го толкувам..сноу
Јас сонував еден кошмар кој еве и по два дена уште го мислам. Сонував како седам во скутот на дедо ми (покојниот) џвакав нешто и ми се скрши забот (горна вилица 2-ка) го земав во рацете беше цел, но коренот му беше модар. (не чувствував болка) Дедо ми ми го гледаше непцето и рече: Има нешто.. Можам да видам нешто.. Му кажав извади го тоа што го гледаш.. Ми извади од дупката на забот два долги црви Ги чувствував во внатрешноста на вилицата како ми се движат. ( чувство како кога вадите врвки од патики) Ужас.. Одамна не сум сонувала нешто олку лошо.. Не знам што значи, ама и по два дена јас уште мислам на сонот.. Некој да ми каже што значи?
Во сонот од никаде во мојата соба дојде мачка.Јас ја галев но таа ме излижа за раката.Потоа сфатив дека мачката имала беснило и истрчав во купатило да се измијам.Не се сеќавам точно,но мислам дека и брат ми беше со мене кога се миев и јас реков дека се измив и дека не е страшно. Значи нешто сонов?