Нокеска ја сонував другарка ми а почина пред точно 40 дена и на сонов како да беше дојдена од некаде и како да се збогуваше со нејзините и им кажа дека заминува на долг пат и беше многу радосна. Одкако се поздрави со нејзините ме зеде мене во соба кај неа ( собата и куќата не беа оние во кои живееше) и ми рече сонце имам мноду ствари да ти оставам и како да ми остави палто црвено ( ова и јас и таа на смени го носевме додека беше жива) ама сибата како да не беше средена. За неа си зеде само 3 работи а се друго ми остави мене и на крај се сврте и силно ме прегрна и ми рече мора да оди дека автобусот ја чека а многу долго патувала до дома за да се поздрави со нас, јас ја прашав кога пак ке се видиме и таа ми рече кога ке дојде време и пак силно се прегрнавме и тогаш знаев дека нема пак да ја видам и почнав многу силно да плачам во сонот и срцето многу силно ми чукаше и одма се разбудив препотена и ко чуствував пулсот толку силно. Леле неможам цел ден да престанам со плачење, денес бев во црква да запалам свеќа за неа. Таа ми беше најблиската и единствената пријателка 12 години секој ден бевме заедно и неможам да се помирам со тоа дека ми ја нема
премногу ти недостига, не можеш да се смириш... несреќа, кавга несреќа да не ти недостига малку бившиот или е последица од минатото... некој не ти мисли убаво од зад грб типов да не чувствува нешто за тебе?
соував како сум го гледала небото и наеднаш темни облаци почна да светка во облаците ама го гледам и сонцето некако чудно ми беше ,а дечко ми се спрема за работа отиде тој на работа и јас нервозна по него демек он незнаел колку плата зима и јас и одам на таа и и викам ајде најди ги документите и кажи му колку плата зема не само да го лажете ,и зема таа документите и ми вика 6 000 и јас на него те слушна ли сеа сам увери ли се,и он се изнервира и тргна друга работа да бара и сме се качиле во колата и јас сум почнала да му зборам нешто од свој подалеко нели гледаш дека ке те зафркнат бла бла бла :?
Може,еве јас баш денес така сонував дека сонувам дека сум отишла во Австрија. Само ме интересира дали има некое посебно значење таквиот сон. :
1.Сонував како сите заби ми се расипани. 2.Како кучето на комшиите се пораѓа во мојот двор и раѓа 14 или 16 кутриња(не памтам).
сонував како седев со другарките и се смеевме а едно дете што ми се допаѓа седеше спроти нас под дрво и читаше книга и ми се насмевна има некое значење или го сонувам затоа што ми се допаѓа ?
Па вака се' беше многу чудно.Како филм беше.Косата ми беше друга боја-плава бев,а мислам дека и повеќе години имав.Со дечко ми ни беше многу убаво,си живеевме заедно.Имавме куќа,беше прекрасна.Тој постојано ме гушкаше,едноставно многу се сакавме.Одевме на маскембали,како забави. :geek: И јас какви што тој маски ова она носеше,јас правев кукли на стапчиња со истите маски.Еден ден такви си правев во дворот.Прекрасно беше,така како повеќе на некое убаво село изгледаше.Со дрвја наоколу,цвеќиња.Јас ја правев куклата,а околку мене си трчаа јариња.Ми беа интересни.Мали бели јариња.
(наредната недела ке изнесуваме половина година од смртта на тетка ми) сонувам како дошла кај нас и требало да одат некаде со мајка ми и јас ја гледам така а она бледа и и велам леле тето ти нешто не си добра ич што ти е,и она на мене ми вика леле вика нешто ич не ми е арно што да правам незнам и продолжувам да ја гледам онака чудно некако а она како да помодрува
Сонував како патувам со воз и одеднаш сум се нашла надвор од него и сум била на некое брдо. Целата престаршена сум трчала по брдото бидејќи некоја стара жена ме бркала. Сум паднала и сум се истркалала надоле по брдото. Толико! (лошо ми се пишува )
Сонував како си идам накај дома.Кога се качував по првите скали (на втор спрат живеам) позади мене одеше некој човек облечен во одело.Ги поминав првите скали и он уште идеше позади мене.После на вторите сакав да се фатам за оградата до скалите и тој ми на тргна раката, јас пак се фатив и тој пак ми ја тргна раката.Тогаш целата зачудена се потргнав на страна за он да помине а тој тргна накај мене.Цело време збор не казжа и ми се приближуваше.Јас се испаничив и почнав да врескам и да тропам на врата кај една комшика.Таа ми отвори и се скрив кај неа.После видов низ окцето на вратата како прска со вода во окцето за да не го видиме. После сонував како сум на приредба од школо (стварно ќе има и треба да пеам), а не сум знаела дека е тогаш и немав навежбано песните.Музичко ми даде микрофон и ми рече да пеам да ме слушнела.Микрофонот беше чоколаден и почнав да го грицкам а пеев ужасно . Вчера пак сонував како лустерот дома ми свети како вселенски брод и можев да правам се преку него.
1. страв и проблеми 2. сакаш слобода не ти се пишува лошо, имаш само премногу пробелми и стрес малку од она за пола година, малку несмирени души и тоа е тоа нееднаквост, понижување
Па вака беше вечер.Мајка ми си излегла во двор.И го гледа поминува по улица дечко ми.Јас излегов на врата и тој ми рече кај сии што правиш.Мама го повика да дојде дома кај нас,а јас и велев така засрамена леле маа што правиш.Одма после тоа правевме веридба,играме,пеевме. Тој малце ми изгледаше постар,чуден беше.
Сонував како сум во некоја соба полна беше со цреши па дури и на таванот, имав полно цреши и во рацете??