сонував дека сестрами имала порно на ливада со уште двајца други дечкое и еден познаник со кој не ни живеат... и и се заканувале го објавиле на фб ама јас не сум можела да го гледам сите само за тоа зборувале и до таткому стасало видеото тој ништо не рекол ама јас се му сум изнарекла на дечкое... и сонував како сум одела нашколо и по пат сум го сретнала докторот кој ме лечеше и кој ме расплачи и загриши ме застана беше на прошетка во бел мантил училиштето беше како болница и зборувавме му кажував дека ми е сега многу добро дека немам повеќе болки дека одам да ги полагам испитите...тој ми рече дека му е многу мило зборувавме уште нешто ама не се сеќавам...
Сонував како одам по некоја улица сама,брзав а страшно беше колите многу бргу возеа долг пат поминав после незнам од каде се појави баба ми одевме со неа и отидовме во една куќа таму беше дедо мој т.е. брат на баба ми кој е починат пред неколку месеци влеговме во куќата се позз со него и јас му викам здраво дедо како си ,со него беше и жена му му готвеше јадење,откако почина човекот два пати го сонувам а не сум била блиска со него ретко и го гледав.
синока само што задремав ми се појави женско стапало облечено со црна сандала на висока штикла и само едната нога
Додека разговарав со едни луѓе, ја галев мачката и им ја покажував. Тие ќе ми кажеа нешто, но јас повотрно ќе се навратев на некои теми поврзани со мојата мачка. Им ја покажував, зборував за неа, дури осетив дека бев малку досадна. Но, јас упорно продолжував околу мојата мачка. Тие ќе се обидеа да ја сменат насоката во разговорот - но џабе беше се.
ќе имаш прилика да се извлечеш од проблем, но нема да ја искористиш creepy...поголема женственост и самодоверба совет од мене е да одиш во црква и да му запалиш свеќа и би требало да престане
2 дена со ред го сонувам бившиов како се начекуваме и се поздравуваму,ме бакнува ама никако не се разделуваме а не мислам ИЧ на него и друг сон сум добила на гребки много пари :?
Сонував како два заба почнале да ми се клатат.И после некое време ми паднал еден цел и мали делчиња од други,ги држев во рака ама беа како гравчиња.Кога сум ја отворила устата сите заби ми биле на број(асални да кажам) али некако вилицата ми била изместена,и мајка ми видел и ми кажала коа ти викав да ти стават протези, а јас сум и кажала дека коа сум сакала да одам да ми стаат таа не сакала.
Сонував прво поле со трева и многу детелинки. Сум нашла детелинки со 4 листа и тоа повеќе. Не се сеќавам дали беа 6 или 7. Потоа одеднаш сум се видела со бившиот ми дечко. Го сонував како сакал да ми се врати и сме плачеле и двајцата, макар што мислам дека он повеќе плачеше. Ме гушкал. Бил покрај мене цело време. Пред тој ден сонував јајце, поголемо од обично. Бело, малку розево одоздола. И како го украсувале со дијаманти и ми го дале мене.
1. среќа, но бившиот сеуште те посакува, барем потсвесно 2. славење на нешто, но и зачеток на нешто ново не е убаво штом паѓаат заби, но сонот има значење дека ќе имаш кратка несреќа и потоа пак ќе си радосна најверојатно е од минатото ова со бившиот, а за парите имаш неисполнети желби
татко ми сонувал како нашата кука била помегу 2 големи рида и фатило некоја силна бура,страшна дури,било како големиот утоп водата страшно струела ама нашата кука била заштитена,се било потопено освен нашата кука,некако водата дури ја кружела како на дедо Ное бродот била многу ми е битно сонот да се протолкува,бидејки после неколку дена од сонувањето ни изгоре битен објект си велам да нема врска со ова нешто или? јас сонував денес попладне,како сум на работа и никако неможам да завршам а сум имала друга обврска пак во врска со работата и никако да излезам од работа а во мегувреме сум била загрижена бидејки мајка ми како да умирала дома или сме ја чекале да умре а јас на работа и како грутка во градите сум имала а во реалноста си е жива и здрава мајками,па и газдарицата како да се бунила зошто не сум ја завршила работата
сонував како сум била на фемина и некако сум открила дека и другарка ми има профил овде и сум ги отворила нејзините мислења и не се секавам повеке psychic те измачив изгледа најмногу сонувам
сонував како врнеше дожд мн силно после одеднаш сонце па пак дожд па сонце... и само сни се преместувале со мајками бабами почината и една стрина последнио пат бабами само шетала лево десно и реков седни бабо не шетај така таја само чудно ми се испули и се разбудив..
Сонував дека плачам и тоа многу многу плачев бидејќи професорката неможеше дами го најди тестот од многу важен испит.
соннував како бившиот дечко ми се јавил да се сликаме за фото сесија пред свадбата...оние интересни фотографии...и јас ко му викам абе каква свадба со нас е готвво се..и он ми вика ајде уште сликиве нека не биде џабе парите фрлени вака ке си имаме слики за секавање ..... ц ц ц свашта
Сонував како јас и уште неколку ученици сме правеле тест по математика.И наместо 1 и 2 група да пишува,имало неколку бројки.На мојот тест последните 2-3 бројки биле различни од тестот на оние кои биле околу мене,па затоа јас сум имала друга група на тестот.Сите тие препишувале бидејки биле иста група,а мене некој ми го покажал тестот за и јас да препишам,но бидејки сум била различна група не сум можела.Јас поради тоа сум се изнервирала,ништо не сум напишала на тестот и сум станала и сум го предала тестот на професорката.