сонувам чуден сон ,седам јас на горниот спрат и идат брат ми облечен во едни широки фармерки плава кошула и сиво сако ,бившата му девојка во црни хеланки и црно бела блуза како корсет,и мојот дечко облечен во црно бела блуза и црни панталони,и како доаѓаат да се поздрават со мене ке оделе на концерт на ријана а јас пак упорно прашувам за едно дете како се викало демек сум планирала да го изневерам дечко ми и брат ми ми вика абе презимето знам дека е Буџаковски а за името не ми текнува и едно време аааа да Нено се викаше Буџаковски Нено,и му викам добро знаеш,и се поздравувам со дечко ми го гушкам го бакнувам и едно време ми вика ајде сеа треба да одиме ми се слоши веќе,а ја слушам и колата надвор како брче
Епа вакаааа : Сонував сум била со дечко ми во гимназијата кај нас било вечер имало некоја претстава нешто и останале уште само професорите ама гимназијата кај нас е голема на 4 спрата и сме сакале во некоја просторија да одиме насамо и се некако наоѓавме и таман ќе тргнеше работата ќе почневме да се бакнуваме мнооооогу страстно ! ќе налеташе некој професор или некој друг и два-три пати се преместивме и на крај си излеговме и реков ајде ќе одиме кај баба во куќата нема никој и по пат две три куќи до нејзината имаше една куќа која делумно беше со прозори. И таман јас реков дека сум слушнала дека има духови во куќата се вртиме двајцата и можда 10 духови потпрени по прозорите и не гледаат ама се беше една иста жена во иста положба...само се погледнавме полузачудено и уплашено и си продолжимне...најдовме некое местенце потоа и пак со бакнежите прекрасни си почнавме.....
1.Сонував како со мама одам накај Johnson Matthey фабриката.Мама скокна и се качи на некоја тераса и јас и викам а јас како така да направам,таа ми се насмевна,јас ја ставив едната нога,но не можев да се качам ми рече да одам од вратата долу.Се согласив.Одам долу и гледам наредени на една маса(како што е внатре во Јоhnson Matthey) луѓе што не ги познавам.Бев така малку по спортски облечена па ме загледуваа чудно.Го видов тој што го познавам од таму.Свртев јас накај друга врата и тој дојде по мене ме држеше да половина(не дека не ми прави мерак ).Ме потпре на еден ѕид и ме залапа Јас бев зачудена,но ништо не чуствував кон него.И незнам ми беше малку чуден во изледот,а и кога ме бакнуваше носот негов ме нервираше . 2.Го сонував бившиот пред поратата моја.Дојде другар му докај мене и ми вели ***** сака да ти каже нешто.Јас целата налутена,нервозна(како и по обичак,не сакам да го видам ни во живо) И доаѓам и велам ШТО Е? Тој насмеан ми вели нешто таму дека ме сакал ова она...јас му велам јас имам дечко и не те сакам тебе разбираш,колку пати до сега ти имам кажано и се разбудив.Ахх бе и на сон ли тоа треба да му го објаснувам.
1. нема некое значење, освен што некој ти наметнува нешто 2. ако тоа се случува и во реалноста или слично, нема значење некоја препрека во врската што брзо ќе ја поминете и потоа преминувате на поубава и постабилна врска нема значење
Има значење да те гушка машка особа? Го познавам, не ми се појави прв пат во сон ( многу ми било убаво дур ме гушкал )
Јас сонував дека ме бркале многу големи волци ,главниот сум го убила а другите избегале.Бегајќи сум се качувала по дрва и сум скокала преку огради...
Сонував како мачорот мој со некоја мачорка му се родиле две мали мачиња. Ги видов сите заедно како во кутија беа. Што значи?
Вчера многу се уплашив во сонот,што незнам ни како ама за малку мислам дека ќе се удавев. Незнам,беше околу шест часот,и наеднаш едноставно немав воздух,почнав да кашлам,незнам ни како се случи,ама ми беше лошо во сонов.Како да сум го доживеала навистина.Сонував неколку пати како сме биле со братучед ми во колата негова,само во сива боја,а не темно сина како што е навистина. Неколку пати сме доживеале сообраќајна несреќа,и пак некако сме успеале да се извлечеме.Колата била целосно оштетена,и секогаш кога ќе продолжевме по патот,била сосем здрава,како ништо да не било.Последниот пат,мислам тогаш кога ми беше најлошо,толку сило удрила колата,што во моментот како да го почуствував ударот.Како да сме паднале од високо и пак колата била прилично добра.Само вратите биле скршени и јас сум била сеуште жива,мислам дека и братучед ми.Баш во тој момент,се разбудив и повеќе не сонував како се возам.
имаш премногу проблеми и стрес кои те поклопуваат издавање на доверба ами зависи што правел...ама најчесто авторитет проблем од кој не можеш да избегаш иако се трудиш задоволство некое
Неколку пати имам сонувано па да не речам ист сон. Се бакнувам со машко. И тоа не другарски онака на образ, туку бакнеж како да ми е дечко...
Сонував како во нашата куќа (изменета беше) донеле некоја жена, но демек против нејзина волја, а и никој друг не знаел, па требало никој да не ја види. Плава беше, не беше убава, постара и имаше околу 40тина години. Лежеше во спалната на моите, и цело време беше онесвестена. Чувствував само како дише. Мислам дека беше пред умирање. Ме оставија сама со неа, и како што лежеше, главата и ја покривав цело време со нешто, со ќеси, ќебиња... По некое време требаше да излегувам и ја покрив целата со ќебиња, од глава до пети, направив како да нема никој на креветот, туку ќебињата се растурени, за да не ја види некој. Ги затворив прозорите, заклучив и излегов. Се чувствував многу одвратно.
sonuvav kako sum bila zrtva na ubiec me bodel so nos vo grloto i osekav kako se davam vo sopstvenata krv i potoa se uste ne sum billa umrena i toa toj go zabelesal i me udril i Site zabi mi ispadnale imase mnogu krv i togas se razbudev bese mnogu strasen son sto bi mozelo ova da znaci neznam
овие моменти ти се полни со стрес и немоќност. нема да успееш да направиш се како што си замислила закопја го минатото и продолжи напред поголема самодоверба, но и желба за поголем авторитет и повеќе моменти за себе имаш препрека во животот низ која си излегла или ќе излезеш
Го сонував еден мој поранешен додворуваш ,кој сега е женет за моја братучеда ,како ме кани кај него дома и кога сум отишла ми дал торта и сливи во пластична кеса. Потоа заедно сме седеле во шатор јас ,тој и уште многу други луѓе и сме слушале музика. На сонов сум носела црвени чевли кои им се допаднале на сите.