Сонував како скришум сум влегла во една куќа, потоа забележав како тоа е куќата на еден другар. Во куќата немаше никој, јас разгледав наоколу и бргу излегов. Потоа се сетив како паричникот ми испаднал и се вратив, сакав повторно скришум да влезам но забележав дека некој има внатре, јас повикнав и одвнатре се појави една бабичка и јас влегов внатре и како демек ми било лошо и сум влегла, лажев нешто. Бабата ме понуди со кафе и цигара и седнавме си пиевме кафе кога дојдоа нејзиниот маж и ќерка (сите тие и бабата и мажот и ќерка и не ги знам, прв пат во сонот ги гледав) и мажот нешто почна силно да вика, да се кара и се разбудив.
Сум сонувала дека сум била излезена.Било касно навечер и сум требала да си одам накај дома.Епа сеа јас и дечко ми живееме ептен блиску.Тука пред неговата куќа стоеа две девојчиња што живеат тука исто.Стоеа како некое обезбедување.Гледаа кога ќе се вртам и дали некој ќе ме испрати,за да му кажат на дечко ми.
Сонував како сум земала огледало сум се соблекла надоле и сум се гледала како изгледам одпозади ве молам ако некој знае нека ми каже што значи
Ноќеска одвај заспав! Цели 2 саати се превртував во кревет и одвај некако заспав, и јас незнам како. Сонував дека сме на гости кај прва братучетка на мајка ми и жената не беше дома, на работа била. Инаку маж и умре пред една недела.И таму доаѓа едно девојче им носи кафе на татко ми и мајка ми, а за мене сок. И мама и вика фала,фала многу. И јас одеднаш погледнувам накај вратата,гледам човечка дланка како ја држи кваката и и вратата ја мрда лево-десно. Наеднаш јас легнувам на некоја перница која што беше до мене, многу ме заболе главата. Чувствував како некоја виша сила да беше помеѓу нас на сонот. Се се случуваше толку вистински што помислив и дека не сум сонувала. Се разбудив во истата позиција, легната. Толку се исплашив и почнав да врискам, дојде мама и малку ме смири. Се разбира не и кажав на мајка ми, туку и реков дека сум сонувала како бегам од куче. Може ли да ми кажете што значи овој сон, многу сум исплашена. Досега не сум сонувала вакви сонови!
Вчера имав еден чуден сон. Се наоѓам негде низ град, така место со дрвца и наеднаш се слушаат звуци од авион што слетува. Наеднаш слетува воен борбен авион и од него излегуваат болни луѓе во сини спавачици и такви бледи со држачот за инфузија и на носот туба за дишење. И после мене ми рекле дека ако сакам да го полагам следниот испит треба да идам до факс со тој авион Побогу, шо може тоа да значи?!
малку страв од испитите, малку стрес и притисок сонот е поради мажот. убаво што ми кажа дека е починат, 40 дена душата не може да се смири. не е страшно ништо поголема емоционалност имаш поинаков поглед на некои работи некој е против вашата врска ќе сакаш да одиш против некое правило
Сонував како сум бремена и се пораѓам ама никако неможам да го родам, не искача, ептен се мачев и некако во сонот осеќав и страв ода таа што требаше да ме породи и си станав, после тоа се разбудив, т.е ме разбуди алармот Што значи ова?
sonuvam kako bivshiot decko doga i saka da ima seks so mene pocna da se slekuva a jas go prekinav i go izbrakav?? sto bi znacelo toa?? pozzz fala mnogu
odamna e gotovo ko sto napishav bivshio decko znaci ne e segashe )) ama cudno e toa sto go nemam sonuvano reciso nikogas ? i toa sakashe seks ? toa bi znacelo deka e gotovo pa gotovo e da odamana
Сонував како сум обиколена од три кучиња и ми е страв да поминам. Кучињата беа мирни, не лаеја, но сепак неможев никако да поминам. Одеднаш едно дете како да се појави од некаде и го уби едното куче, другите 2 кучиња многу се налутија и потрчаа кон детето и кон кучето. Јас тогаш почнав да трчам кон дома и се разбудив.
промена проблем кој не можеш да го видиш, а се однесува на тебе и блиските (или фамилија или пријатели)
1.како да сум била во друга земја,некако кај што стоев на едната страна имаше море а на другата половина жито со се косач а пред мене плодно поле и еден познаник како да работеше нешто плодови имаше и јас со него нешто муабет сум правела,некако и мајками си отишла со патувањево дома па јас сама морало да си одам 2.кај нас дома требало да правиме веридба на една роднина женска(а немама таква) и си била така во годинки и нешто сме чистеле по дома,а мајками не довршила со чистењето и отишла некаде и нешто гледав многу предмети од разни патувања мои што не ги имам во реалноста,и дошле првите гости ама како роми и со мало детенце и не било дочистено ама заметев некако пред нив,и ги прашувам зошто кај нас веридбата на роднината и велат зашто не била кај вас на велигден ,и сите гости дојдоа и нешто како на спортска арена се седело и татко ми рекол дека младоженецот го прашуваат за годините за да видат разлика,и рече за мене како ке кажеме за неа,демек мојот вереник бил 15 год.постар ,и дури се скрив од страм
Значи вака....пред 10 дена сонував сон сакав да го напишам овде али незнаев како да го опишам,па сега ќе се обидам.Сонував како сум во црква за велигден попови литургија прават за воскреснување на Исус има доста икони,народ.3 свештеници излегоа пред вратата на црквата и прскаа со вода по прагот и како се мокреше земјата така се покажуваат човечки стапки како Исус оди додека прскаат,во дворот исто така имаше како фонтаничка мала, парички се фрлаат таму и стојам покрај неа и доѓа жена со мало детенце девојче беше,девојчето беше со искривена десна нога или така нешто повредена нога и тажно беше.Го земав детенцето во раце го подигнав и како го држев ногата почнуваше да му заздравува а тоа раснеше се поголемо и стануваше се повесело во моите раце и бидна големо дете и здраво и весело.Оваа го пишав сега да го анализира некој и да ми пише оти мојата десна нога е во гипс од пред 2 дена ја повредив значи почна да се остварува и што можам да очекувам понатаму
Сонував како на нозете имав многу влакна..дури се зачудив Сонував и како сум го гушнала детето со кое бев пред две години..Толкување феминки?!
нерешени проблеми од мене совет е да одиш во црква ако има некоја таква фонтана да се измиеш (ако смее) дефинитивно не е за толкување туку е порака 1. ќе воочиш некаква разлика 2. нема да си горда на нешто
Два пати сонувам како мојот вереник ме изневерува и многу плачам, се нервирам лошо се чуствувам, што значи?