Сонувам како раѓам дете. Многу грозно дете, а татко му е еден плав, згоден. Мајка ми и татко ми многу му се радуваат нели, на внучето , а јас заебувам и одење на факултет и се, и многу сум среќна со бебето. Што the fuck значи ова?
промена сега сте во таа фаза, убаво ми кажа дека ти е вереник на последно преиспитување до конечно да сте заедно
Го сонував дедо ми кој патем почина пред 1 година, 1 пат го сонвав, сонот беше вака.. Влегвам в дневна и се беше растурено, собата ужас столиците на една страна, масите на друга, наеднаш иди дедо ми од една страна, а од другата влегват брат ми и другарка ми, дедо ми мене ми вика, дедо тебе многу ми те сака, ела да те земи и брат ми му вика, дедо седни си на креветот овде, не не и наеднаш го снема, одма се разбудив и почнав салам да плачам. Сонот им го кажав на мајка ми и баба ми. Баба ми вика дека растурено во куќата е убо а умрен да ти зборни било убо, додека пак да не ти зборни било лошо Некој?
Сонував како покојната баба му на мм сум ја видела во болница легната ако на ренген да се снима и сум и понудила кафе,тогаш демек докторот се иставил и сум ја видела гола од пола надолу. Потоа мајками која е почината повторно ја сонував како и кажуваат дека нема спас и треба да почине...сум плачела силно цел стан полн со свеки,а таа толку рамнодушна
Сонував како со друштвото сме биле во некој пица-ресторан, сме зборувале, сме се забавувале, се убаво, и требаше да си одиме, машките останаа, а ние женските излеговме и пешачевме, ама одеднаш една кола полицајска не сопре и од неа никој не излегуваше, ние сакавме да ја избегнеме, ама таа цело време ни застануваше на пат, и на крај кога ја донесовме до еден ќош излегоа двајца луѓе, едниот со голема бела брада и низок, а другиот беше висок. Двајцата носеа фармерско палто. И ни рекоа качете се да одиме на едно место. Ние сме почнале да врескаме ПОМОООШ, ПОМОООШ, ААААААА!!!! ( ) И сме влегле пак во пица ресторанот и сме се заклучиле во вецињата. Тие трчале по нас, но потоа побегнале - никој не ги фатил. После не знам што се случи отидовме да ги пријавиме, требаше малку да почекаме надвор. Тогаш една кола брзо запре. Не беше таква како на оние. И не беа истите луѓе. го немаше брадосаниот, а дру ите двајца ми личеа на оној слабиот. И еден од нив почна да да брка луѓе за да им покаже некаков си серум и на крај тргна кон мене и јас почнав да бегам, тогаш ме фати, јас паднав на земја. Тој рече: Чекај да ти покажам еден серум. А јас се плашев пак да не ме фати и да ме однесе во колата. Му реков: Ќе направам се што сакаш само не ме допирај. Овој се поднасмеа и јас му реков: Не се што сакаш. И тој рече: Утре во 10 дојди, нешто така. И се разбудив, ама да продолжев со сонот немаше да одам. Малце е смешен туку ајде, и овој од вчера е исто така смешен. Одевме на излет со татко ми мајка ми и сестра ми. Со едно комбе. Тогаш сме стигнале до некој мноооооогу голем град и таму имало место каде што се тренира тенис, на едно 7-8 ката. Со сестра ми сме влегле, не знам како и сме играле тенис. И на столчињата имало, на секое столче по едно ланче, нараквици прстен и обетки, биле чисто сребро и јас сум си ставила еден прстен, и пак сме играле тенис. Но тогаш сме слишнале гласови зад вратата. Тие што тренирале тенис разгледувале некаква книга за Рафа Надал. И сега не сме можеле да излеземе зашто ќе не видат. На крај јас сум се охрабрила и сум си излегла и сум поминала како да не постојат. И се разбудив..
1. многу проблеми од кои бегаш 2. нема значење сакаат да ги памтиш и совет од мене е да одиш во црква и да им запалиш по една свеќа растурено е убаво, ама пак јас со советот да си одиш во црква и да му запалиш свеќа бидејќи изгледа ти помогнал во нешто да имаш среќа
сонував куп пари на едно место до една врата и со брат ми сме ги зеле сме ги однеле некаде ,но не наши пари не се секавам дали беа долари незнам
Сонував дека сум ја викнала другарка ми на роденден,но таа ми рекла дека се сум земала здраво за готово( ),и затоа според нејзе требало да размисли дали да дојде,а јас сум се изнервирала,бидејќи тоа не било вистина.
Веќе неколку дена го сонувам тој што го сакам Првиот пат другарка ми му се ''пушташе'' .. Вториот тој не ме ни забележуваше, како да не ме познава.. Третиот ептен си бевме како заљубени, разговаравмее.. И четвртиот поминуваше покрај мене со некои другари и некако чудно ме погледна Што значи ??
Отидов до еден голем маркет.Во ресторантот си нарачав пастрмајлија.Додека да ми ја донесат,земав количка да пазарам.Отидов кај чоколадите и си земав мали чоколатциња.Некои ги ставав во количката,а другите ги јадев.
....сонував дека одам некаде со другарка и носев чизми некои чевли на топлово, па ми дојде тешко и не можев да одам и викав да ме почека......после собрав сили и почнав да одам без проблем.....чевлите беа од една покојна особа.......сонував и како ги облекувам, како се спремам за надвор......другарка ми ми беше љубоморна за нешто......... .....сонував дека бевме кај некоја река и на реката видов се собраа духови......светлина имаше убава..........видоа што видоа и рекоа добро, ај да си одиме.........
не гледаш на некоја работа од права перспектива нема значење, освен што изглед амногу сакаш чоколадо го сакаш, па го сонуваш, се плашиш таа да не му се пушта, па да не те одбегнува...
Сонував како дечкоми ставил слика на фб и една глупача му коментирала на сликата НА СИТЕ ПАМЕТ ПА И НА ТЕБЕ првин сакав и јас да и искоментирам нешо да и префрлам ама ми се идеше да ја задавам
Малку поодамнешен сон: Вака, сум живеела во град со тесни улички и сите куќи биле бели. Еден ден се расчуло дека во градот се појавил некаков си човек проѕирен бил со ножици во рацете (значи кога одел само ножиците се гледале) и ја крател и „средувал“ косата на оние кои не им била средена (освен на оние кои им била врзана). Јас и татко ми сме се качиле во нашата кола да избегаме од градот, тој заборавил да ги заклучи вратите на колата и тој „безбоен“ човек сам си отворил и сакал да влезе и да ми ја „потшиша“ косата иако ми била врзана. Сме стигнале до една провалија (влетани со полна брзина) и колата со вратите почнала да лета. Сонот ми заврши со тоа како сме паднале пред некоја огромна пештера кај што имало луѓе и тоа е се.
Сонував како сум го видела едниот ќош од поканата за свадба искинат. (Ина4е тоа е поканата од свадбата на мајка ми и татко ми) Делот од нејзината глава го немаше.
Сонував како се тепам со две девојчиња од одделение ( со двете сум во добри односи,незнам зошто вака во сон ми искочија ) прво се тепав со едната па подоцна со друга ( ама јас не ја започнав тепачката,они први ме нападнаа) и ги истепав и двете ( а двете девојчиња се крупни, а јас сум слабичка )