сонував дека сум се породила и имав преубаво машко бебе толку многу беше убаво чуството како што да беше реално,го држев во рацете а тоа слатко ме гледаше а потоа го доев
Ја сонував најдобрата другарка. Всушност бившата најдобра другарка. Не разговараме веќе цела година. Во сонот се однесувавме најнормално и тоа многу подобро функциониравме од претходно. Можеби ништо не значи, но ме потсети на тие времиња, на сите наши заеднични моменти. А дали вредеше ? Ахх..
1.сонував како панталоните што сум ги носела ми биле испрскани со кисело млеко 2.сонував како од пакет маркет сум украла чоколадни бомбони и некој слатки
желба за малку исполнување на твоите задоволства потсетување од минатото, но можеби има и скриена желба да се вратат сите спомени со неа
Сонував како седев со другарка ми во кафич.Во еден момент таа ми рекла еј абе погледни ене го Х(бивши еден)..Во тој момент некако дејството се пренесува во болница,во ходник како двајца доктори го носат Х на болнички кревет.Јас-Каде одите? Др.- мора веднаш да се оперира,незнам како ке ја извршам операцијата пошто е многу тешка,ке одам на се или ништо.Како тие го движеа креветот накај операционата сала јас му ја фатив раката,а тој ми ја стисна..Во тој момент го бакнав на уста и тој ми возвратил.Сум го бакнала на чело,и образ..Тој раката ми се стиснал..Сум му рекла те молам мораш да оздравиш,разбуди се..Инаку др.кажа имал превисока температура и крајниците му биле преотечени неможел да диши... Кој знае да протолкува би го замолил да пиши
1. Сонував како сме биле на концерт јас и уште една другарка ама пред тоа сме им рекле на 2 другари (инаку непознати и цигани) да ни чуваат место. 2. Се сеќавам како ги частев школските нешто.. а не знам која беше причината. 3. И уште еден сон, бев јас професорката по латински и уште неколку околу нас, и јас седам пред пц и решавам тест (тотално посетува на екстерното) и латински проф. ми вика.. и онака ништо не знаеш, и ми кажуваше шо да решам А стварно врска немам латински!
Вторпат веќе сонувам како влегла верверичка кај мене во соба, но овој пат воопшто не изгледаше природно, буквално како пластична кукла само што имаше жив израз и многу брзо се движеше. После видов и некој голем инсект закачен на завеса и за да го покажам сум ја откачила завесата... сонов животинско царство.
1. Сонував како чичко ми се вратил од Авганистан (кој и инаку е таму) а потоа пак отишол во Авганистан имало војна и починал 2.Синоќе го сонував татко ми (кој инаку е во Италија моментално) и тој ми раскажуваше дека школото наше денес ќе го бутале и требало да се преселиме надвор од државата. Па во еден момент се најдов во школото и тоа се рушеше врз мојата глава а потоа се најдов кај дедо ми за да се поздравиме со него. Татко ми и дедо ми го сместуваа багажот во автомобилот. Јас бев во дворот и таму беа мојте другари. Се поздравив со нив и застанав со мојта симпатија и се разбудив.
1. се плашиш за вујко ти, поради реална причина 2. за симпатијата го сонуваш поради тоа што го сакаш, а инаку си под стрес
Сонував дека му работам зад грб на дечко ми, односно се спремам и одам кај неговиот другар дома со кој сум имала тајна врска. Најчудно ми е што овој другарот воопшто не ме привлекува за да го сонувам. Што може да значи тоа?
Сонувава како сум носела 3 прстени на рака,на левата рака.Не биле златни,бижутерија. Во форма на цветови бели биле,од оние големине што се тренд.И сум била некако свечено облечена,со фризура исто и мајка ми,и сум и јс поправала фризурата на мајка ми,како за на некоја прослава сме биле спемни.