1 сон - Ја сонував професорката која ми држи приватни часови по италијански. Онака си разговаравме. Спојлер 2 сон- Сонував како сум се вратила во минатото. Повторно отидов во сарајот кај Хурем, во нејзината одаја. Беше 1558, 15 април. Денот кога умрела Хурем Султан. Јас знаев дека тој ден треба Хурем да умре, но сакав да ја спасам и да и кажам се што ќе се случи тој ден. Но, не можев да и кажам. Дојде Махидеран Султан. Ме праша дали сакам антицелулитен гел, да се масирам. Одговорив одречно. Но, мислам дека така ме праша затоа што и ја видов кутијата, а внатре имаше отров за Хурем. Знаеше дека јас сум дојдена да ја спасам неа. Потоа набрзина и ја земав кутијата и го отворив отровот. Ја испрскав со него (тој бил некој магичен отров ) и се умирало само ако ти капне неколку капки, за неколку часа. Но, Махидевран била имуна на него. Потоа Махидевран се приближи до Хурем, а Хурем беше свртена од позади. Сакав да и кажам потргни се или ќе умреш, но Махидевран сакаше прво од мене да се ослободи, затоа што знаеше дека јас сум дојдена од иднината да ја спасам Хурем. Се боревме... Но, Махидевран успеа да ме испрска со отровот. Потоа, се приближуваше кон Хурем за да ја убие. Хурем остана сама и не можеше да се спаси. Потоа наеднаш јас ја прободев со нож Махидевран и она умре. Ја повлеков Хурем на страна и се и објаснив, дека јас сум тука за да ја спасам. Таа ми рече да не се грижам за неа, да си одам дома веднаш, затоа што ќе умрам од отровот. Јас и кажам дека подготвена сум да умрам, но морам да ја исполнам мојата мисија - ДА ЈА СПАСАМ! И кажам дека тоа е денот во кој таа би требало да умре, но тоа може да се промени. И кажав многу да внимава и никаде да не оди, со никого да не разговара. Ја напуштив 1558 година, и тој ден 15 април и заминав во моето време. Си отидов од минатото пред да умрам од отровот, па така да отровот немаше дејство врз мене во ова време. Па така и на Хурем и го продолжив животот, јас се спасив и плус Махидевран ја убив. Абе херој.
1. нема значење 2. ако ја гледаш серијата ова е нормално или ако премногу слушаш за неа, а ако не пиши ЛП промена на лошо 1, скриен проблем 2. промена во нејзиниот живот, слога со мајка и 3. под стрес си, и не ти дозволуваат да кажеш што сакаш семејна кавга 1. ако не е бремена тогаш промена, ако е или пробува да е нема значење 2. некоја препрека или проблем 3. нема значење поголема самодоверба и женственост нема значење стрес и проблеми имаш, одмори се малку (порака од мозокот) 1.малку од секојдневните стресови ама те чека разочарување 2. нема значење тоа со парите значи е од секојдневието, цело време сме со нив, само даваме и затоа
Татко ми ми свари кафе,а на мајка ми какао(бидејки мајка ми не пие кафе).Ми го даде тато кафето и гледам внатре балонче(нели како демек око-сака да те види некој) и почнав да и викам на мама ауу гледај колкаво око,некој сака да ме види.
нешто како сум била во некоја кука и таму имало мртовец,и нешто како после не се секавам убаво,нешто еден пријател сонував,па нешто мртовецот како да станал
Првиот сон: Сонував бел коњ, многу беше убав, на едно поле беше за други детали не се сеќавам. ____________________________________________________________________________________________ Вториот сон: Сонував како возев кола, нашата кола беше и позади седеа уште двајца , момче и девојка кои ги познавам онака. Ги прашав каде да ги однесам, ми рекоа дома и ми кажаа каде ивеат, но јас по друг пат сум тргнала, на пола пат ќе се случеше сообраќајка за малку је избегнавме, дел од камион ќе се судреше право во нас, сум свртела и ја избегнавме несреќата.
Мојот сон од синоќа Одам со една другарка се вика Маја а мајка и била Ката со тебе повеќе не сакам да бидам другарка една Валентина рече дека неси добра ине сакам да дружам сотебе,од таму одам накај гробишта а таму има црква и купувам две свеќи и до мене имало едно свештено лице,поп и миги зема свеќите а тој околу себе имал полно свеќи запалени кои гореле а него го обвивале како со некоја светлина од свеќите ,ги зема свеќите кај себе и тие мои свеќи останаа кај него да горат и се шетам по гробишта и се разбудив. поздрав,валејуниор
Сонував дека имам златен часовник како оние старите што беа со ланче и се носеа в џеб, иако не работеше постојано го гледав.
не се навраќај во минатото, ја руши самодовербата дождот симболизира тага најчесто, но може и да значи дека се ослободуваш од нешто неправда 1. сакаш да побегнеш од секојдневието 2. препрека до некја цел ама ќе успееш соочување
1.Бев во некоја голема зграда со моето семејство и сум била гладна ама мајка ми не сакала да ми даде да јадам па самата си земав една ќеса со јадење од Burger King. После сум се возела во некоја многу брза и нереална кола со брат ми. 2.Дечкото што го сакам,но не и он мене, ме праша "дали ме сакаше?" И јас му реков да..и двајцата бевме некако тажни. Што би можело да значи ова? Фала однапред)
сонував дека сум ја видела свекрва ми и сум трчала до кај неа и сум ја гускала многу силно,инаку со неа се немаме видено неколку месеци оти живее во друг град па што би значело ова. и еднаш сонував дека сум била на некое ритче така како планина и било темно немало никој и јас самата сум отишла до таму сум си поседила најгоре и сум се вратила ама како стварно да било,понекогаш кога сонувам како зборам со некој на пример тоа го имам кажувано,што е тоа?
Сонував сум имала нови палто и фармерки и цело време ги обллекувам соблекувам..многу си се бендисував во нив. Потоа одам на роденден така облечена и кога треба да се сликаме го облекувам палтото. Што значи?
сонував како се шетам со една другарка и другар и другарката се возеше со точак и се спушти од една угорница и ја прегази еден голем камион,ужасна глетка како парче месо изгледаше и другите возила ја газеа па мене многу мака ми стана и овој другарот почна да ме теши и ме бакна во уста(у стварноста има некои чуства за мене тој,ми има кажано),потоа одам по пат накај дома и една баба што сите ја знаат дека си има работа со црна магија зад мене одеше и некако чудно ме фати за нога и не ме пушташе и некако се најдов дома и мајками месеше нешто и и викам ова со другарката беше само сон,нели,ништо не и е и ми вели мртва е,навистина,знам дека цел сон бев тажна,се испалшив и мн ми беше жал инаку во реалноста е жива