Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    ќе ми протолкува ли некој?зошто багуфче ја си зема одмор :lol:
     
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сонот ми беше многу нејасен, ама знам дека сум била со вереникот како на одмор некаде и таму сум го сретнала него.... и сум почнала да се гледам со другиов сме се криеле од вереникот ама пак тројцата сме биле секаде заедно, кога требало да се разделиме сум му рекла на другиот ако го сретниш незнам кој како да сум имала син и демек ако го сретниш син ми кажи му здраво да не се посомнева нешто. најтрагично е што таа личност постоеше во мојот живот на тој начин... а синоќа вереникот збореше за зимање свадби... незнам колку е поврзано само знам дека се разбудив со ужасна болка во желудникот и гадење ми требаше премногу време да се смирам ... премногу реално го доживеав сонот... ако некој има идеја нека ми кажи нешто премногу ќе ми значи сега си поставувам милион прашања...
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Старата куќа симболизира невољи.Во врска со лекарот за болни значи здравје,за здрави ви треба добар совет.Ако на сон му плаќаш на лекарот те очекуваат непријатности.Ако лекарот ти дал лек, ќе чуеш важни вести во иднина,ако разговараш со него некоја желба нема да ти се исполни.Да плачеш на сон значи голема среќа.

    Телефонот означува ненадејни и неочекувани вести.Тоа што си ја прочитала пораката значи дека те очекуваат некои непријатни настани кои нема многу да те изненадат.Чувај се од брзи заклучоци.Девојката на еден начин те предизвикува, а тоа значи дека нема да се смириш со непријателите.
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Во твојот сон ти го мамиш вереникот.Ако некого измамите на сон тоа значи дека на јаве ќе откриете нечија измама.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сум трчала по некој пат, било темно, а околу патот имало ливади. Не сум го гледала крајот на патот, само сум трчала со надеж дека ќе стигнам некаде. Сум се чуствувала многу решително и моќно. Може ли некој ова да го протолкува? :)
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Трчање на сон значи добивка, совладување на пречките.Ако стигнеш на целта трчајќи-успех, ќе ти се исполнат некои поскромни желби.Патот во сонот значи дека те очекува среќа во туѓина.Ако си одела по рамен пат-ќе ти успее некој потфат.
    За ливадите што си ги видела: доколку ливадите биле зелени тоа значи повторна средба со изгубената љубов,искосена ливада-непријатности и пакости од луѓето што те опкружуваат,исушена ливада-безнадежност,неискосена ливада значи радост,љубовна средба.
     
  7. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    сонував дека дома подот бил цел со вода и јас го гледам и не превземам ништо, како да е така нормално!! и после одеднаш ја снема целата вода.. незнам што значи ова??
     
  8. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    фала многу карина8 ми олесна вистина...
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Водата што тече значи дека ве лажат одредени личности.Доколку водата била бистра тоа означува здравје, а ако била матна-зло.
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Јас ја сонував баба ми која е почината веќе 1 година. Сум била кај неа и кај дедо ми на гости и она ме пречекала и ми рече ќе ми плетела џемпер и жената почна да плаче. Кој знае да ми каже што значи? :?:
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Да сонуваш баба значи грижи и лутина, дедо-ќе имаш долг живот.Да видиш како друг плаче -некое блиско лице ќе биде ожалостено.
     
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сонував како сум гледала една долгааааааааа змија и таа рипнала и ме каснала три пати на челото. И одма сум отишла операција да ми прават :lol: и после сум била океј .

    Ова што би значело?

    Исто така сонував како нешто се кријам бегам за да се видам со дечко ми. :sweat:
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.759
    Пол:
    Женски
    Змија е душман. Некој ќе те повреди, ама брзо ќе ти помине. ;)
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Како што кажа Марама змијата значи душман, некој од околината сака да ти наштети.Змијата да те касне значи дека поради озборување ќе дојде до расипување на некои добри односи.Тоа што во сонот те оперираат значи дека те очекуваат насилни промени.Бегањето пак, означува грижи и тешкотии.
     
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сонував како седам дома со мајка ми и имаше уште една комшивка на кафе дојдена, наеднаш на врата се појавува мојот свршеник и во рацете држеше најлон полн со печурки. Што значи ова?
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Што значат овие 2 сонови ?
     
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Не се сеќавам на целиот сон, ама знам дека сонував една жена убаво облечена и еден маж, ми се вртеа секакви слики од есен, дожд, вирчиња, и наеднаш се видов себеси, како паѓам во еден вир, се исплашив и се разбудив. :^)
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Се извинувам Бијурселф што ненамерно сум прескокнала твојот сон да го протолкувам.Плоштадот значи дека ќе добиеш некое наследство, нешто што ти следува во скоро време.Лебот што си го видела означува радост наскоро.Марамата значи дека те очекува веселба.На убави работи укажува сонот :)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Да ја сонуваш сопствената мајка укажува да внимаваш и ако не си размислила добро, да не се впушташ во она што го започнуваш.Разговор со мајката-успех во некој потфат.Сосетката што си ја видела значи дека некој од твојата околина шири лоши гласови за тебе.Да видиш печурки во сон значи болест,лага.

    Доколку жената била млада тоа значи среќа, ако била стара-несреќа.Дождот значи верност,есента болест.Паѓањето во сон означува болест на крвотокот, проблеми со притисокот или дека ќе бидеш нешто оштетена.
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Да сонуваш училиште значи среќа.Кафето пак означува мечтаење за љубовни настани и тоа ќе ти се оствари.Момчето што си го видела значи дека ти следува успех, но со многу работа.Момчето што си го видела укажува на успех, но со многу работа.

    Купувањето значи дека околу тебе постојат непотребни работи-расипништво.Ако во сон видиш некој пријател тоа значи дека ти следува неочекуван настан во иднина
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.