Синоќа сонував дека на некој балкон имало една огромна и убава сина када и паметам дека ја рибав и чистев.Од балконот во дворот имаше преубав голем базен(наводно во куќата каде што сум престојувала) внатре имаше 2ца луѓе во базенот.Сме тргнале со мајка ми по некој пат газев како по некоја плажа и разговаравме нешто.Наеднаш видов едно како едно големо црвче брза во водата да се пикне(не напоменав од левата страна имало како езеро или што и да беше).И наеднаш откако го видов тој црвот како брза кон водата,од десната страна на плажата видов една како поголемка кафеава змија ама чудна беше здрвена и преполовена.Мн се исплашив .И некако си поврзав како тој црвот да бил дел од змијата .Боса газев по плажата
Сонував дека по толку време пак се мував со бившиот мувач Прво сме биле на некое тајно место каде немало никој за да не не видат, а после тоа сме седеле на среде улица каде што поминувале сите.. ние сме биле гушнати (бтв. можев да осетам се , и не му го видов лицето, ама знаев дека е тој) Што значи?
Кога пред некој ден беше Духовден нели бев на гробишта и таму гледав да ги видам двете другарки (кој исто беа таму) и потоа ги сонував: Прво сите пет другарки бевме во една продавница а потоа јас и тие двете (што ги барав) отидовме кај мене дома и потоа дојде еден човек ама не го видов и едната од нив падна и имаше крв, а другата човекот ја удри со палка и и таа падна и потоа почнав да се тепам со човекот а не го видов и тој само ми рече - Ова е крај и го снема а потоа јас извикав -Не може да е крај и брзо почнав да и го проверувам пулсот на раката и на двете а кај едната го осетив повеќе и јас се направив со крв а потоа истчав кај телефонот за да се јавам на прва помош и едвај ги погодив бројките се тресев цела како да ќе умрат во секој момент и на крај се јавив и потоа вртев за да се јавам и на полиција и не можев убаво да му објаснам бидејќи не го видов човекот и потоа пак отидов да им го проверам пулсот и многу се плашев брзата помош ја немаше се јавив пак да ја повикам и дојде една кола од која излегоа луѓе (лекари) и кај мене во дневната соба почнаа да ги лечат и таа кај која што се осеќаше пулсот повеќе стана прва а онаа другата во крв стана потоа едвај ги спасиа и потоа ги изгушкав и се разбудив. Може ли да значи нешто или..?
феминки, јас не сум тука неколку дена, би требало да дојдам до сабота вечер, ако стигнам до компјутер толкувам стрес, можеби тие двете ти значат кавга ако ти значи сеуште, нормално е. ако не, тогаш е од минатото
1.Бев дома и нешто ја преуредував собата.Фаќав таму кај шминките,си редев креми најнормално и одеднаш гледам 2 лименки Red Bull . Викам од каде па сега тука кај мене.Кога ги тргнав позади нив имаше балон,што прво ми заличи на кондом. Го отворив едниот,но беше лименката премногу мека,чудно беше.Пробав и не ми се допадна. Отидов до тоалет.И сега гледам водата во вц школката до горе стигнала,ама беше премногу чиста.Ми беше чудно.Бев во вц и да пуштам вода,но водата до горе исто.Едно време не ја погледнував бидејки ми беше некако језиво.Но се свртев и пуштив вода.Водата отиде надолу. .Се враќам во соба и го видов балонот.Не надуван беше,бела боја. 2.Не знам каде бев дали на одмор бев.Имаше една другарка со мене,со која онака само разговарам.Но не знам како се случи отидовме во бањата и јас почнав орално да ја задоволувам. Ми беше некако грозно додека го правев тоа.Но сепак го направив.
...сонував како читам нешто баш на овој форум и се смеев....некој ненормален трол бил и и се смеев на паметот, и јас нешо пишував, ја зезав..........
Има еден сон што ете изнудува насмевки кога ке се присетам.Сонував бебе -детенце како постојано ми се насмевнува и како сака нешто да ми каже со гестот и насмевката преубава .Не го разбирав а се трудев потсвесно ..Во повеќе наврати на различни локации истото бебе го гледав на крајот само имаше задоволна насмевка како да сакало да ме предупреди или да ми каже нешто со тоа ..Што ли значи овој сон
Сонував како со друштвото од осмо сме се собрале во една мала кола, а внатре 100 души (ноќно време се случува настанот) и одиме до една зелена куќа, инаку многу убаво средена со двор и со се и некако сме провалиле во куќата, а јас прва. Што значи? Инаку оваа не е воопшто дел од моето секојдневние, повеќе не се дружам со `другарите` од осмо
Сонував како бев со мајка ми во мојата соба и ја прашав каде е скриената соба, а таа покажа кон ѕидот каде што имаше едно бело светликаво венче.Го повлеков(или го потурнав) и ѕидот се отвори,а скриената соба се покажа. Во следниот миг собата беше внатре во една комода.Мислам дека не влегов во собата. Има некое значење сонов?
Пак поврзано со свадба..Сум сонувала како сум била облечена во венчаница и јас и една братучетка ама не било во својство на невести туку онака нешто како само за сликање како деверуши да сме биле незнам ама битно венчаници носевме, и мислам дека бевме на нечија свадба и не сликаше сликарот, како у стил знаев дека сум така облечена само за сликање. Можеби дека во последно време почнав многу да гледам слики од венчаници пред спиење Ама ако има некакво значење кажете
Сонував како трчам низ улица облечена во венчаница и се нервирам и плачам зошто китенките не биле онакви како што јас сум сакала да бидат...
Сонував како било 10 сатот навечер и почнало да се разденува.Сите се чудевме сто се случува. Што значи?