Сум го поминала денот со едно дете кое не можам органски да го сварам (значи однесувањето негово ми е неподносливо и го мразам) и чудо, убаво ми било. Сме седеле пред еден огромен ресторан со тенди напред и ние сме биле на скалите и една пријателка била тука со нас. Сме разговарале за неговиот најдобар другар, за мене и не знам уште што...
Го сонував бившиот...како после толку време сум го сретнала,он само ми кажа нешто и почна да ме гушка,но јас несакав и се тргав цело време..тој не ме пушташе.:/
Сум сонувала како ме брка хиена успеав да влезам во нечиј двор и ја затворив оградата хиената удираше во оградaта ама не можеше да влезе се спасив
пријатели кои се дволични ако имаш чувства за него нормално е, ако не тогаш е од минатото нема значење носталгија или сакаш да промениш нешто од минатото нема значење ако те сака нормално е инаку нема значење
^^^psychic А да ми кажеш чисто информативно од кај ги копаш толкувањава, дали од некои соновницни или од чиста логика Чунки за долги сонови ти два збора кажуваш а она кога ќе кажеш нема значење ми е најјако (Без навреда ама толкувањата ти се прекратки и неповрзани )
Сонував како на мајка ми и кажувам дека имам дечко кој не е од Македонија, и очекував она бурно да изреагира, ама таа остана без зборови и не рече ништо. А јас бев смртно изнервирана дури и уплашена. Се сеќавам пред да и ја соопштам веста се каравме..и така(во реалноста немам никаков дечко).
да не имаш некаков страв према неа и тоа прашање, друго значење нема не сум тип на девојка која зборува многу, па и за ова нема што да се кажува. не одам по соновници, туку малку видовита жичка имам, па кога ќе го прочитам сонот ми иди одговорот апсурдно и неверојатно е, знам, ама тоа ти е.
Во сон се сретнав со мојата пријателка која не е од мојот крај и не сум ја видела извесно време сме се сретнале во центарот на градот а таа била во мојот град на екскурзија
1.Не знам каде бев.Онака си лежев на кревет,си одмарав.Ама надвор некаде.Одма до мене имаше орев голем.Од него си паѓаа на земја оревчиња.Го слушав звукот кога ќе паднат на земја.Нешто дојде докај мене братучедка ми и со неа моето куче.Имаше и некој други луѓе,не ги видов баш кој се,ама му реков на кучево мое демек како нешто да ги избрка ли не знам што.Ова лаеше и ги избрка сите.Јас за тоа време сум заспала.Моево куче одеднаш скокна кај мене во кревет и почна да ме лиже за фаца. 2.Мама направила баница(мама не знае да прави баница хаха).Дошла баба ми кај нас и си седела.Мама стави да јадеме и и велам со што е ова едново,мама ми вели со млеко .Јас целата зачудена како со млеко?Мама ми вели така со млеко,пробај.Пробав,беше премногу вкусно,но сеуште ми беше чудно како со млеко баница.
1. Стоев на еден мост. До мене стоеше маж кој држеше бебенце. А во реката под мостот една жена лежеше на нешто како носилка направена од дрва и се закануваше дека ќе се убие. Мажот со бебенцето кој всушност бил нејзин маж не велеше ништо, само одеше од крај до крај на мостот. Јас почнав да разговарам со жената, да ја убедувам зошто не треба да се самубие. Но таа никако не попушташе. И тогаш пред мене излезе на една другарка татко и (кој обично едвај уста отвара да прозбори нешто) и ми рече оди си остај ја што решила тоа нека прави. Сами нека си ги решат нивните проблеми. И јас си тргнав да си одам. 2. Трчав низ една удолница, брзајќи да си го фатам автобусот. Извадив пари од џебот за да видам дали ќе имам доволно за карта и продолжив да трчам уште побргу.
Сонував како нешто се глупирам,си танцувам пред врата дома.И одеднаш се гледам во некој прозорец.Но нема на тоа место прозорец па да се гледам.Се видов,но изгледав поинаку.Косата ми беше фатена во пунџа,бев многу убаво нашминкана.Малку на невеста наликував.Се гледав така едно време.И јадев колачиња.Влегов кај баба ми и дедо ми што седат.Барав нешто.Отварам фрижидерот гледам многу благи ствари.Тортици,бомбици.Земав од тортиците.И оп ете ја баба на врата ми вели аа кој ми краде благо ,а мене буквално фацава ваква .
...сонував дека професорката ми била ѓавол....била дојдена кај нас дома и ја послуживме ко што е ред.....јас уопште не ја сакав а и онака во вистински живот не ја сакам, ми изгледа како лицемер........нешто ми кажуваше ама како и обично не сакав да ја слушам....после испадна дека е ѓавол со лоши намери..........
Бев во моето училиште.На час бев.Седиме сите така и одеднаш сите од едната редица пропаднаа долу,на долниот кат.Истрчавме со другарка ми долу.Имаше знам едно момче починато.Една моја друга другарка плачеше и кажуваше каков другар бил ова она.Се расплакав и јас и велиме со другарка ни ова не е за нас,ај да си одиме.Одиме по ходникот и не' сретнува професорката по историја.На мене ми вели дојди малку ми требаш.Ми вика ај оди до продавница и смени ја оваа мастика,види каква е.Ја гледам мастиката,не знам баш ништо не и фалеше,но видов дека има сликички со цртани.И велам океј.Одам јас до продавница и викам да ја сменам мастикава.Таа продавачката ми вели ја затвораме продавницата,ќе се селеле .Но имаше уште роба.И велам е ајде де гледај колку мастики имаш,смени ја.Ми вели добро.Ми даде нешто како во кутивче.Отварам гледам airwaves бонбончиња и сликички од природа,имаше слика и од убав светло кафен коњ. Се враќам назад во училиште,но во раката носев и шампањско. Влегувам внатре и и викам купив еве,а таа ми вели а што е шишево шампањ од каде?Јас и велам не знам јас тоа.Оваа радосна го грабна и се напи од него.Јас и велам ама немојте тука,во училиште сме.Ме однесе горе во канцеларијата и дојде мојот матичен доктор и ми вели како се викаш ти девојче? Јас велам ********* и тој ми вели како како ? Леле колку само ме изнервира.BTW бев прекрасно облечена.
Сонував како идат стројници кај мене дома. Со свирки со сватови, кумови, па чуда едно друго. Е сеа му се радувавме сите но не знаевме за кој се, пошто имаме уште една не мажена дома, но кога го видов деверот, ми стана јасно дека е за мене и почнаа сите да ми викаат ајде да те носиме кај момчето. А ја таква несредена, по пижами само стоев и се радував.
1. Сонувам како сама си ја шишам косата и тоа многу (вака ми е долга а сум ја исшишала до рамена) и почнувам да ја мијам ми снемува шампон па водата ми била топла/ладна,и ај бидна некако миењето излегувам да чекам автобус,(кај мене на улица а тука никоаш непоминува автобус)со многу народ сите млади и не ни дојде автобусот и сите си отидоа дома