Сонував како брат ми сакал да ме исече со некои ножови , а јас сум бегала од него, и ме стигнал и ми ја пресекол едната нога а јас навистина почувствував болка, но мала
ако имаш куче и го сакаш многу, се плашиш дека ќе го изгубиш, а ако не е кавга промена нема да се сложувате за нешто со него
Сонував како ми ѕвони телефонот, го пишуваше името на едната братучедка. Таа ме бараше, а јас се мислев дали да се јавам !? Но, пред тоа го очекував нејзиниот повик, на крајот мислам дека се јавив ако се сеќавам добро !? Потоа, сонував како сум во продавница и си барав најсоодветно чоколадо за мене. Прво ова, ај не не ова, па после некое друго, па трето, па ова било поубаво, ова не чинело и не купив ниту едно... цело време се двоумев, но не јадев или слично. Не купив ништо.
сонував како се гледам во огледало и веднаш до устата имав како големо мозолче, пробав да го стиснам но ми течеа само како капки вода и како што стегав повеќе усните како да ми се собираа. што значи ова? во последно сум преоптеретена со соновниве , исплашена сум
сонував јас сестра ми и уште 2-ца сме паднале од небо/авио во некое езеро и таму една ајкуила ја изеде едната личност и таман стигнавме до брегот другата личност ја изеде волк...јас и сестра ми бегавме од волкот и влеговме во кука со бели врати и таму волци. се стемни и се појавија некои чудовишта црвени драчливи со глави од балон и требало да ги пукаме...потоа се раздени јадев баичка и се најдов во египет и ни давале разни предмети мене ми дадоа меч итребаше да преминеме една вода со мало подрипнување и мене мечот последна ми го дадоа и легнав на една даска и фараонот не сакал да се бои и се прободе....и една до мене се појави со могу убав златен каиш со бисери го купила 85 илјади...
1.не го запаметив до детал сонот ама главното го запаметив и многу ме замисле...беше некој празник бевме кај дечкоми до надворешната врата имаше рамка на рамката имаше моја малецка слика негова од сестраму и од една школска нејзината беше голема и паѓаше во очи тие иначе не зборуваат а и одвај да се познаваат...се налутив јас ама не реков ништо за тоа само реков дека сакам да си одам сестраму беше дојдена се сети и ја покри со нешто сликата...ама јас веќе ја видов и станав дечкоми ми рече да одиме кај бабами што ќе правам дома цел ден и се согласив некако ама не бев воопшто расположена му реков и од таму да си одиме кога тргнавме мене веќе ми беше дојдено преку глава и почнав да викам што бара нејзина слика кај него дали затоа оди цело време натаки да игра фудбал викав така некое време тој само ќутеше имаше застанато по патот за да зборуваме ...едно време го прашав дали има нешто со нејзе тој уште ќутешепочнав да викам и да го мавам плачев и ми призна дека бил со нејзе ама незнаел како да ми кажи...сум излегла од кола и сум ја лупнала вратата исто така сум била и трудна тој незнаел сеуште почнав да трчам и плачев многу плачев...тој излезе од кола трчаше по мене викаше да се вратам дека сватил оти згрешил дека ме сака и што уште не ама јас не се вртев назад бев многу разочарана...мислам дека се фрлив под некоја кола што поминуваше или се фрлив од мост и се разбудив... 2.сонував како ја носат бабами да ја закопаат (иначе е почината) плачев многу јас да не ја носат и сакав да ја бакнам ама не ми дозволуваја ја покрија со чаршав викав јас се молев да ја видам за последен пат на крајот се смилувааја и и го тргнаја чаршавот ја бакнав и се разбудив...
ж 1. проблем во врската, не земај се толку на срце 2. ако ти недостига и е скоро почината, ова е нормално, а инаку запали една свеќа в црква
Сонував дека сум живеела со цимерка која имала змија за домашно милениче,ама таа била безопасна. И не како другите змиии ,имала и долни и горни големи заби. Еден ден пробала да ми се пикне под јорган ,ваљда со намера да ме касне ,ама цимерката одма ја тргнала. Значење?
Сонував дека со дечко ми сме биле во Битола кај баба ми и цело време лежевме под јорган по пижами. Братучет ми постојано не викаше да одиме да шетаме негде но ние не сакавме.... Значење?(јас имам баба во бт ама нема шанси да го однесам таму на гости...сметам дека сеуште е рано...)
што значи брзина во сон? т.е многу брзо трчање сонував како бивш ме носи во раце и трчаше многу брзо, премногу брзо али не бегал тоа онака беше и како после тоа ја изневерил неговата девојка со мене :?
не е брзањето клучно тука, туку тоа што можеби имате емоции еден кон друг или е како последица од минатото
сонувам како сум била на лекар и докторот ми дал упот за крв и мокрача да проверам но заокружил и тест за бременот .има некое значење ова ?
Бев си ја ишишав косата .Кога дојдов дома малце ми беше онака,се гледам во огледало косата добра,али ми недостигаше долгата коса.Седиме со мама во ходникот ? и мама ми вика чекај чекај ти да не беше да се шишаш.И јас се насмевнав и и велам да,па ти сега ли примети. :geek:
Одвреме навреме, сонувам животни. Денес сонував, како ни влегол глушец дома. И во цел сон мислам дека е глушец, а кога се разбудив, сега јасно гледам дека тоа беше еж. Имаше боцки на него. Исто сонував, како сестра ми ми подарила сом. Демек риба. Цело време во сонот мислев дека е риба. Ама не беше сом, туку беше гуштер/мал алигатор со боцки. Многу често, се случува да сонувам нешто, а откако ќе се разбудам, да сфатам дека тоа нешто било сосем друго.
Хммм...од вчера...Принц кој оди во борба,жена му го чека и се секира,а тој се враќа жив и здрав и таа е целата среќна,а потоа заедно шетаат сегде. И уште нешто имаше со сонце,продавници...Тоа некој друг сон се вмеша после.