Да молиш на сон ја претставува твојата несреќа и незадоволство од некоја моменталната ситуација.Се плашиш да прифатиш помош или не сакаат да признаеш дека ти е потребна помош. Лошо куче укажува на тоа дека си ја изгубила својата способност да балансираш некои делови на твојот живот. Мачките на сон симболизираат независен дух,женска сензуалност,креативност и моќ.Исто така претставува несреќа...Мачката би можела и да укажува дека некој е измамнички или предавнички настроен кон тебе. Другиот сон е заштита од некого. Кафето значи гостопримството и споделување на знаења,надежи, интереси и/или идеи.Исто така може да претставува добрососедство,утеха, и дружење. Да купуваш детергент укажува на тоа дека треба да се реши голем проблем во вашиот живот. Да си го уредуваш одново домот укажува на тоа дека ќе има промени во твојот животен стил и начинот на кој живееш.Болеста означува очај,непријатни промени или некој емотивен слом.Болеста може да биде симбол на твојата неспособност да се справиш со некоја ситуација. Да продаваш овошје укажува на залудни напори.Зеленчукот означува потреба за духовна храна. Папагалот претставува некаква порака или озборувања што се пренесуваат за тебе.Треба да размислиш двапати пред да споделиш одредена информација.Желката симболизира мудрос,верност, долговечност и лојалност.Исто така укажува на тоа дека треба да постапиш бавно во некоја ситуација или однос во твојот живот. Стара куќа на сон укажува на стари верувања,навики и чувства.Се навраќаш на некои стари емоции сврзани за некоја работа.Исто така стара куќа значи загриженост околу некои твои домашни работи...Стар мебел симболизира застарени ставови,поранешни односи или стари начини на размислување.Духот со велосипед укажува на тоа дека треба да посветиш време за мала рекреација и лежерен одморИсто така претставува вина,страв или потиснати сеќавања. Крлежи на сон покажуваат дека нешто или некого полека ти ја троши енергијата и силата т.е нешто во твојот живот ја цица твојата енергија и елан. Виножито претставува надеж,успех и среќа во форма на пари,престиж или слава.Многу убав сон,многу среќа и радост значи.. Да се возиш со велосипед значи дека сакаш да постигниш рамнотежа во твојот живот.Треба да ги балансираш работата и задоволство со цел да успееш во твојата моментална намера.Да те прегази камион значи дека премногу обврски земаш на грб,одмори малку Да добиеш златна бурма симболизира емоционална целост,континуитет,обврски и чест.Да ти падне е нестабилност на истите... Да играш на сон означува слободата од било какви ограничувања.Твојот живот е во рамнотежа и во хармонија.Танцување,исто така,претставува лекомислие,среќа,грациозност,сензуалност и сексуални желби.Треба да ги вметниш овие квалитети во твојот буден живот. Да те касне змија означува скриени стравови и грижи дека некој ти се заканува.Твојот сон може да е порака за нешто што е опасност во твојот живот,а ти си свесна за тоа или пак некое предупредување. Раскинувањето е знак дека не сакаш да останиш сама,страв од самотија,љубов,страв од напуштање... Да бараш очајно некого значи потребата да се најде нешто што ти недостасува во твојот живот.Сонот може да биде аналоген на твојата потрага по љубов,духовно просветлување,мир, па дури и решение за постоечки проблем. Бубачките укажуваат на тоа дека си загрижена за нешто.Тоа е симбол за твоите стравови... Да си на село претставува ограничување.Треба да ги следиш некои правила што не ти се допаѓаат.Крвави раце значат некој вид на вина. Штипењето образи симболизира посветеност,интимност и блискост.Исто така ја открива твојата сила на карактерот и твоите мислења. Весникот значи ново светло,знаења и одговори на некој проблем.Двобојот значи конфликти или некои несогласувања.Крвта претставува живот,љубов и страст,како и разочарувања.Нож означува лутина и агресија. Изјава на љубов симболизира млада и убава љубов која е расцутена во твојот живот. Алките се однесуваат на одраз на длабока страст и оган Сонот е исто така знак дека треба повторно да се разгорат некои стари пријателства.Вториот не знам... Да се степаш покажува дека во последно време не почитуваш некои ставови и мислења или конкретно не ги почитуваш мислењата на таа девојка.Шамарот сугерира дека засолниште на некои потиснати и длабоки лутини и бесови. Кратена коса енезадоволство од себеси,се чувствуваш неубаво психички и физички. Пожарот симболизира уништување,страст,желба,просветлување,прочистување,трансформација или лутина.Исто сугерира дека нешто старо и минливо и нешто ново што влегува твојот живот. Стубовите значат цврстина и јак карактер.Лепчето ги претставува основните потреби за живот.Лебот може да ги означува и позитивните квалитети и големи нешта што си ги научила на своето патување низ животот.Марамата симболизира само-ограничувања.Можеби премногу ги контролираш своите емоции наместо да го изнесиш. Сонов значи страв од отфрленост.Можеби чувствуваш недостаток на внимание во врската или незадоволство од некоја сфера на животот.Малку опушти ја потсвеста Значи ова да го преведам како изневерување? Да сонуваш дека дечкото те изневерува значи се плашиш да останиш сама.Можеби чувствуваш недостаток на внимание во врската. Ливада на сон претставува отвореност и заштита.Самата ти и тие околу тебе ги ценат твоите достигнувања.Решителна си и моќна личност и во самиот твој буден живот. Поплавата значи потреба за ослободување на некои сексуални желби.
Гледам Багуфче се вратила на местото толкувач,а и Карина ги толкува соновите,па ќе ги замолам да ми кажат што значи да сонуваш како ти испаѓа пломба од заб?
Сонував многу чуден сон. Го сонував бившиот дечко со кого бвеме заедно пред 3 години. Ми нудел да одам со него на патување но сум го одбила, поради сегашниот дечко. После тоа сме се сретнале и јас сум ги вратила парите кои тој ги платил за билетот тоа беа 600 ден После тоа се најдовме во кола каде тој наеднаш ме бакна но јас иако сакав не му возвратив баш , но сепак се осекав убаво. Исто така во последно време ја сонувам многу често братучетка ми со која се немам видено неколку години. Те молам ако може да ми кажеш што би можело да значат овие сонови.
се сонував како сум била облечена во чизмите и наеднаш сум ги погледнала и сум видела дека напред ми се излупиле и искинале и сум рекла „колку се квалитетни“ само толку се сеќавам ..
Сонував како се наоѓам пред море, водата заматена, многу ветер дуваше... Останатото не се сеќавам... Багуфче транслејт
Чизмите ја симболизираат љубовната врска. Сонот веројатно ти укажува на незадоволство во моменталната емотивна ситуација. Ако си во тазе врска (ако чизмите ти се нови) и забележуваш дека се лупат, значи дека чувствуваш разочарување во врската. Ако не си во врска си разочарана од `потенцијалниот` партнер или моменталната љубовна ситуација. Зависи од кој заб ти испаднала пломбата. Ако е забот преден, се работи за блиска особа, а ако е заден (четворка, петка, шеска) се работи за подалечна особа. Испаѓањето на пломба означува повраток на болест кај таа личност. Ако забот болел додека пломбата паднала- ќе те боли и состојбата која ќе се случи на личноста. Ако не почувствува болка- тоа полесно ќе го поднесеш.
joelle напиша:сонот ми беше многу нејасен, ама знам дека сум била со вереникот како на одмор некаде и таму сум го сретнала него.... и сум почнала да се гледам со другиов сме се криеле од вереникот ама пак тројцата сме биле секаде заедно, кога требало да се разделиме сум му рекла на другиот ако го сретниш незнам кој како да сум имала син и демек ако го сретниш син ми кажи му здраво да не се посомнева нешто. најтрагично е што таа личност постоеше во мојот живот на тој начин... а синоќа вереникот збореше за зимање свадби... незнам колку е поврзано само знам дека се разбудив со ужасна болка во желудникот и гадење ми требаше премногу време да се смирам ... премногу реално го доживеав сонот... ако некој има идеја нека ми кажи нешто премногу ќе ми значи сега си поставувам милион прашања... Значи ова да го преведам како изневерување? Да сонуваш дека дечкото те изневерува значи се плашиш да останиш сама.Можеби чувствуваш недостаток на внимание во врската. багуфче јас го иневерував не тој мене...
Понуда за патување значи дека сакаш да си на место каде што никој нема никакви очекувања од тебе. Можеби е време да создадиш нов почеток.Парите се однесуваат на твоите ставови за љубовта.Тоа е заеднички симбол за сексуалноста и моќта.Парите значат и потрага по љубов или моќ.Билетот претставува цената што треба да се плати за да се достигнат замислените цели.Имаш одредено пат во твојот живот.Билет означува и почеток на нов потфат.Само знам дека роднини и братучеди на сон претставува некој аспект од твојот карактер кој е малку ти е познат.Можеби ти е потребно да поминуваш повеќе време во зачувување и развивање на некои нови способности. Да носиш чизми на сон се однесува на моќта на твоето движење и на храброста на твојата позиција. Имаш цврст став. Заматено море ги претставува твоите чувства,разбирање,перцепција околу некоја ситуација во животот...Се помируваш со нешто што цел живот ќе те следи и то.. Џоел твоето е долго,ќе го видам во наредното толкување затоа што сега многу се брзам.Поздрав
Сонов малку ме исплаши зошто мислам дека не е добар. Сонував како со моите другарки одиме во бутици и пробуваме венчаници. Венчаниците беа многу убави, пробав една венчаница но не ми се бендисуваше многу и продолживме со разгледување. Значи не купивме, само разгледувавме и пробувавме. Ако може да ми кажете што значи
Синоќа сонував како во секој џеб наоѓав парии...... А и неколкуу мои другаркии ми викаат дека стално ме сонуваат мене и бившиот како или се караме или плачеме по телефон али ми викаат секоја вечер не сонувале и тоа не само една неколку ги има што ми го кажале тоа.. А иначе јас и овај бившио многу се сакавме и сите го знаеа тоа нон стоп бевме заедно аа сега раскинавме јас сеуште го сакам а тој мене незнамм.... Што ли значи ова ај те молам кажи што значе ова???
Маж и жена, живееа во мојата училница. Жената породуваше бебе, во женскиот тоалет, а детето од тој мажот и помагаше. Само незнам кај сум јас во оваа приказна.
За делот со парите, знам дека ако сонуваш железни пари значи успех или дека ќе заработиш пари, а книжни пари не е убаво да се сонува
Аууу сонов ми беше страшен.Ми дава баба ми една лажица да ја вратам на една нејзина комшивка (втф). Ја носам лажицата и објаснувам на еден другар дека тоа е таа куќа, гледам алишта постелени на сите куќи, ја носам лажицата во куќата и ја гледам ќерката на жената од позади-распуштила коса долга до под газот. Ја враќам лажицата и рподолжувам.Потоа поминувам покрај една слаткарница, ја одминувам таа бидејќи не ми се допаѓаат таму слатките и продолжувам во една друга. Седнувам и порачувам слатка со смокви. Целиот сон ми беше многу колоритен... А сите личности и локации се реални
што значи да се сонува гуштер? Исто така сонував како моја другарка имала ќерка и заедно сме оделе на одмор.
pozdrav i jas bi sakala da mi kazete sto znaci eden son koj go sonuvav odamna ama mi ostavi golem vpecatok .bevme na gosti kaj covekot sto go sakam i jas sakav vo toalet ,toj mi pokaza kade ama vnatre imase samo ogromna kada napravena od rozenikav kamen,i uste nesto sto znaci koga vo sonot nekoj ne ve gleda kako da ste duh.ve molam za odgovor.blagodaram
Сонував како мојата братучетка ми кажувала колку има за учење. Исите книги беа прилично големи а имаше некои 5-6. Јас и таа лежевме на кревет и си правме некои општи муабети...
може ли некој да ми каже што значи мојов сон Значи сонував како сум со дечко ми на факултет и седевме еден до друг и зборефме на телефон ? Лошо ли е нешто или Благодарам однапред
сонував како сум видела некоја девојка со некоја фризура, а тоа било на улицата, и кога сум се завртела некај некој излог од стаклото сум видела дека и јас имам иста фризура и многу долга коса до половината..фризурата биле горе на главата ситни плетенки, а доле пуштена ...