синоќа сонував како татко ми умрел као од срцев удар па сум плачела многу и веќе бил ставен во ковчегот и ми викале немој да гледаш бидејќи станал бел како ѕидот јас плачам многу и потоа доаѓа еден човек што личи многу на татко ми и јас му викам леле тато па не си умрел и тој ми вика не девојче јас не сум ти татко ти грешка си, и јас упорно ама како не си ми па ист си како него....и се разбудив и ми олекна што беше сон.
Другар ми сонувал како ние двајца (јас и тој) сме отишле на кеј сме сакале да седнеме под мостот и имало две мачки,големи како рисови,црни и јас сум се плашела и тој се изнамачил да ги избрка.Што може ова да значи?
сонував како сум се возела со брод ама многу брзо одел тој бродот а имало многу народ во него и мои другари другарки,и кога сум се симнала сум си дошла дома и не се секавам некој ме праша,зошто ти не одиш на работа и јас сум велелеа па бремена сум како да одам ми се познавало и мешенце
сонував како со другарка ми сме биле на тротоар каде биле паркирани многу темно сини и црни автомобили и сме го барале од my crush
Сонував како сум некаде со 2 другарки и седам покрај некој огромен прозорец и гледав долу и го видов дедо ми (починат) како оди и нешто гласно се смее. Покрај него одеше едно мало дете и тој нешто му зборуваше, се смееше. Јас гледајќи од горе почнав многу силно да плачам. Другарките почнаа да ме тешат, но им велев дека неможам, дека дедо ми ми фали премногу. Потоа седев со сестра ми и правиме муабет и таа ми кажува како таа и дедо ми глумеле во К15 И се разбудив...
Сонував дека сум го изневерила дечкото, а и дека и он мене ме изневерил. Многу чудно, стоев со еден дечко и демек сега е некој друг ама кога се сврте дечко ми беше, а јас во сонов не го гледам како да е он него како да е некој друг ама со неговиот лик. А после демек одам кај него и го гледам дечко ми со друга девојка како се гушка, таа плавуша беше. Многу чудно. И да напоменам дека не сум помислила ништо па да сонувам такво нешто. Леле, сега се слушнав со дечко ми и му кажувам за сонов. И вика и јас го сонував тоа пред две вечери. Е баш сега се замислив. Ама мислам дека е чиста случајност, не верувам јас многу, многу во вакви работи.
Сонував дека имам секс со монах ,кој за време на сексот се претворил во Луцифер. Што би можело да значи тоа?
Сум сонувала како сум била кај баба ми.Ми ѕвонел дечко ми на телефон и јас се јавувам.Тој ми се дере ми вика одма да се нацрташ кај мене.Јас целата ваква и му викам ама јас не сум дома,за пола саат можам да дојдам кај тебе.Тој почна повторно да ми дере и тоа викајки каде сум отишла па сега,дома не сум се вртела.Јас пробував да смирам ситуација,и му викам со смирен тон почекај ме ќе дојдам,ќе се видиме.
Сонував како со едни другарки трчам по едни скали и одиме на заболекар. Едната другарка остана да седи надвор а јас и уште 2 другарки влеговме внатре. Една од другарките седна за да прави заб а јас седнав спроти неа за да гледам како ќе и го прават забот..
нешто во реалноста ќе се подобри нема значење, можеби се плашиш од кавга со него прикриена несреќа или проблем можеби се плашиш од тоа или па кавга ти фали дедо ти, но ќе имаш убава случка нема значење, малку од реалноста е промена несреќа страв од нешто разнишана вера, агресивност
Значи ова соновиве се многу чудни. Претходно сонував како се шетам со една другарка, сега како се карам. Епа, немам зборови. А, што би значело?
Влегувам во спална.Ја гледам мама свртена со грб,одеднаш така изненадено се врти накај мене и ми зборува некако со чуден глас.Кога гледам на мобилниот си пуштила порнич .Ми го дава телефонот демек нешто да сум исклучела и се прави наудредна,а јас гледам тука голи слики и ова она.Јас се правам наудрена,го земав телефонот и исклучив тоа што требаше.
Сонував нешто се десило помеѓу мене и момчето што го сакам. (Да се изјаснам можда ќе треба, порано бевме другари и се скаравме и цело време бевме скарани едно 4 години и не ме прифаќа на фб за пријател и ден денес ме нема прифатено.) Значи нешто како муабет сме праиле стварно незнам што било и после тоа ме прифатил на фб за пријател и јас сум се израдувала и сум го ставила во листата на блиски пријатели. Знае некоја што би можело да значи?
сонувам како на syoss шампоните имало наградна игра и ми се паднале парфем и прстен.парфемот бил преубав ама и престенот,и сега како ме болело глава и ке сум одела да ми баат,и одам кај едни пријатели на мајка ми и татко ми и долниот спрат што и беше сокарата си го напрравиле спрат си реновирале,влегувам јас внатре и гледам мајка ми седе со комшиката што постојано ми бае,и велам што барате бре вие овде и мајка ми епа те тојдовме да видиме што и како е ,сум прошетале цела куќа и сум се вратила дома,сум се спремала за работа но (повторно сум била бремена втора вечер како се сонувам бремена)сум излегла да чекам превоз и сум си купила за јадење паштета и лиснати коцки а другото не памтам што беше,сум се качила во автобусот и сум си зела една коцка и од паштетатада си апнам и колешката до мене ми вели ооооо па дај и на мене јас со душа чекам ти да апнеш сум и дала и на неа но половина и повеќе паштета ми ја изеде,сум се вратила од работа и сум била кај дечко ми мајка му нешто шиела и откако го соши тоа што требаше ми вели јас ке одам да прилегнам ме боли глава.КАША МИ Е СОНОВ
Се возев со автомобил со моите другарки.И викам на едната каде ќе одиме, и оваа ми вика како бе па нели предмалку се договоривме да идеме во ново отворениот кафич,Елемент се викал .Јас и викам ама како не сме облечени како што треба.Додека се возевме до мене седеше еден другар,а одма до него го гледам бившиот.Ме погледна така.И одеднаш ми вика да ти ја вратам алката?Алката беше од оние спортскине алки адидас,најк-имам такви али никогаш му немам дадено.Ми ја врати.Одеднаш седна до мене и ме гушна.Го зема телефонот и рече да се сликаме.Се сликавме,и гледам во неговиот телефон,све слики од мене. Гледам кај него на врат виси ланче едно,и одма на тоа закачено друго ланче сребрено со срце,големо.Се зачудив.Стигнавме таму,и оваа другарка ми вика батали,не сме облечени како што треба во патики ли ќе одиме.И така си се вративме.
сонував дека сум била надвор и имало снег и сме се мавале со топки и сум се чудела како може во лето да има снег
синоќа сонував како татко ми умрел као од срцев удар па сум плачела многу и веќе бил ставен во ковчегот и ми викале немој да гледаш бидејќи станал бел како ѕидот јас плачам многу и потоа доаѓа еден човек што личи многу на татко ми и јас му викам леле тато па не си умрел и тој ми вика не девојче јас не сум ти татко ти грешка си, и јас упорно ама како не си ми па ист си како него....и се разбудив и ми олекна што беше сон. ке мозе ли да ми кажете што значи???