Сум била во библиотека и сум барала една книга но таа ја немало па потоа сум земала три од кои едната била мн голема.
Сонував како еден питом коњ се вртка околу мене, а јас многу му се радував беше кафеав со бела точка на челото. сонував исто така како одам по еден рид ама тој целиот бече зелен (светло зелена боја-мојата омилена) немаше луѓе никаде како да ги снема јас се искачував нагоре и некако бев срекна од глетката.Подолу имаше едно момче кое разговараше на телефон седнат на столче во вода но и водата беше зелена фала однапред
Сонував како сум се соблекла пред едни луѓе по долен веш. Ми даваа комплименти за убаво обликуваното тело, а јас си останав индеферентна. Ниту ми беше срам, ниту ништо. Потоа отидов кај мене во соба и се соблеков целосно гола. Воопшто не бев вознемирена, туку се чувствував исто како да носам алишта. Бев убаво расположена и се гледав во огледало. ?
сум била облечена во спавача и сум се искачувала по скали али од другата страна на оградата(од каде шо може да се падне).Оградава била во форма на коцка,местово имало форма на коцка и во средината имало празнина,а ја од таму сум одела.И ,сум чекорела полека,ми викале некои луѓе(не ми текнува дали ги познавам или не)да не паднам,али ја не сум ги слушала и полека откако сум ја исчекорила цела коцка сум ја прерипнала оградата и сум била на другата страна(не од каде шо може да се падне).
Невозможно , сонував како јас и една моја другарка одиме да гледаме натпревар во училишната сала , и си правевме муабет за дечковци за ова за она .. и ја спомнав мојата симпатија .. кога видов крши нас на неколку метри на скали мојата симпатија со негови другари седеја, тој ме виде и јас кога го видов и викнав на другарка ми така затреперена :стефи брзо трчај ене го: ние трчаме бегаме а тој кога виде дека бегам почна да трча по мене да ми вели : (го кажа името мое) чекај да поразговараме : но јас не застанав незнам како да имало нешто меѓу нас по некое време трчање ме стаса ме фати за рака и тогаш .. се разбудив Значи до пред неколку месеци си се сакавме така еднаш излеговме заедно но потоа ги изгубивме контактите бидејќи тој во мај отиде во србија нз зошто и тогаш го избришав од контакти но сега пред неколку дена кога ме додаде на скајп и на фб и се однесува како да не ме познавал предходно , но добро да не должам знае ли некој да ми каже што би значел овој сон ??
Пријателство Бело куче Доброто однесување и манири ќе ви помогнат да ги победите вашите непријатели. Црно куче Имате злобен соперник кој нема да бира средства за да ве победи.
го сакаш па го сонуваш и за двата сона важи желба за слобода горда од себе, спознавање на женствената страна, ако треба да добиеш или имаш ова е нормално нешто има што не припаѓа и е чудно 1. сила, моќ 2. желба за слобода, мир повеќе ќе се цениш себе
1.Сум сањала како тетка ми ми ја скратила косата до раменици и сум стаила тетоважа на вратот ама тетка ми ми рекла да сум ја криела со косата 2.Сањав како моето куче дошло дома и дошле две девојки и рекле дека е нивно и ја сум влегла дома и сум плачела, а од подрумот излегло некое мало животинче ..
(имам една комшивка не ја мразам ама па не ја ни сакам) сомувам како седиме со баба во дворот а таа во нејзиниот и повекето комшивки седат кај неа ,и таа ги прашува кој каде зивееле дали со синовите дали со керките ама она цинично прашување,и мене ме изнервира и и се дерам едноставно а ти ма велам со кого живееш а зошто ги прашуваш другите прво кажи си ти ,велам ти живееш ли со син ти вика да епа викам што ги прашуваш другите тогаш аууу колку ме изнервира и тоа на сон не па во живо кога ја гледам низ двор 2.сонувам како сме изнајмиле соба во некој хотел со дечко ми сме имале односи и тој почнал да свршува но ме избања свршувајки бев целата бела
1. од реалноста е со мешавина и фантазија на умот, нема значење 2. или сакаш да имате, или зголемена женственост
Синоќешниот сон ми беше морничав. Една од оите другарки не повикала сите другарки во станот на нејзината тетка бидејќи бил слободен деновите да седеме заедно. Знам и во што бев облечена што ми е многу чудно бидејќи никогаш не се сеќавам на облека. Таму беше и мојата симпатија и ме натераа да седнам до него и тој ме гушна, а јас ќе умрев од срам Потоа тој ме исштипа за образите како што често му правам а потоа јас станав. Многу ми се одеше во ВЦ (ми се мочаше де ) и ја прашав другарка ми (таа што не покани во станот на тетка и) дали има во зградата ВЦ и таа ме однесе некаде и после малку беше помешано и се бањавме па се облековме во бањарки и се вративме во станот и симпатијата си беше отиден и ги прашав каде е и ми рекоа дека во 2 и пол требало да си оди Потоа си дојде тетката на другарка ми и ние бевме по бањарки и другарка ми ни ги зеде алиштата и тргнавме да си одиме ама тетка и не задржа ни рече ќе не однесе некаде да се пресоблечеме. Поминавме низ ходникот и во една соба нејзините деца ги видов во една соба потоа излеговме надвор на едно темно место и таму не се сеќавам но се облековме во алишта и потоа тетка и не воведе меѓу едни грмушки и таму имаше една мала куќичка а пред неа еден слуга кој не смееше да влезе внатре. Влеговме и пред мене истрча едно девојче околу 4,5 или 6 години имаше маскара на очите која и беше размачкана околу очите косата и беше разбушавена и и паѓаше дел и на очите а, на врвовите на косата имаше боја со косата замавна и ме напрска на рацете. И беше дозволено што сака да прави се закачи за мене и врескаше. Јас се исплашив а другарка ми беше шокирана. Сватив дека има ментално пореметување и дека тетката на другарка ми ја чува надвор од јавноста и ја разгалува. Во куќата имаше знам стар свеќник, беше темно, кревети, маса кукли шминкнани и расфрлани беше расфрлано и темно. Мајка и не предупреди убаво да зборуваме сите 3. Другарка ми беше во шок и се плашеше па јас го зедов во скут девојчето и почнав да и зборувам и мајка и и даде коплимент за очите. Потоа јас и реков да ме погледне и имаше убави зелено сини очи додека нејзините браќа имаат светло сини. Тогаш и реков дека и мојата сестра и сите братучеди се со сини очи а само јас со кафеави и дека сум грдото пајче и погледнав во мајка и која ми се насмевна и потоа се сетив наназад како една наставничка во предавањето рече дека многу и е тешко на мајка на која ќе и кажат дека детето и е ментално болно и дека одсекогаш се прашував кои се тиа мајка и дете. Потоа девојчето ми ги бендиса шарите на ноктите и јас и реков дека и нејзините се убави и слични како моите и таа ме фати за раката и почна да ме стиска силно и со ноктите и многу ме болеше погледнав во мајка и исплашено но таа не реагираше и викнав од болка и девојчето полуде едноставно и мајка и ја зеде и и рече дека кога ќе дојде времето луѓето ќе знаат за неа и јас прашав - Зошто ние 2 први? Но, таа не ми одговори само не изнесе надвор и минавме низ ходникот и јас забележав дека ми го нема прстенот од раката и не сакав да го барам но го видов на вратата пред собата си го зедов влегов во собата си го зедов и телефонот и потоа се враќавме дома и се беше измешано. Може ли да значи нешто или само онака го сонував ова?
Сонував дека со мајка ми сме се искачиле на некое стрмно место , но, било ноќно време, ладно било, таму имало и бандери кои светеле. Таму сме ги сретнале тетка ми и тетин ми и братучед ми. Но, тетин ми го немало и сме прашале каде е тетин и тетка ми одговорила: Отиде некаде, сега ќе дојде, вие пополека почнувајте да се симнувате. А тетка ми со братучед ми седеле во мала просторија и го чекале тетин ми. И ние сме почнале да се симнуваме и тогаш се разбудив.