Сонував повеќе сонови, но само еден памтам. Се решив да спијам кај баба ми. Кога отидов кај неа, атмосферата не беше како и секогаш. Се беше поинакво, обоено во малку потемни нијанси. Беше прилично морничаво, со пригушено светло и тмурни бои во сонот. Јас вообичаено не сонувам така. Но и покрај таа мрачност во сонот имаше сонце. Времето беше убаво. Потоа, таму дојде и братучедка ми. Ми рече дека дошла за да ми прави друштво. Се заборавивме од зборување, муабет на најразлични теми. Потоа, наеднаш братучедка ми отиде кај тетка ми(мајка и) Требало некоја тајна да и каже. Братучедка ми беше многу вознемирена и веднаш си отиде. Кога она си отиде, наеднаш времето се смени. Почна да врне многу силно, имаше бура. Баш тогаш по дождот баба ми ми кажа дека морам да отидам до кај тетка ми, за да ми дала некој леѓен со вода. Јас ја прашав што ќе и е вода кога премногу врне...таа само ми кажа оди побрзо. Облеков едни чизми што во реалноста не ги носам воопшто. Отидов и го земав леѓенот со вода. И го донесов на баба ми. И на крајот, забележав дека цело време сум била облечена во пижамите со кои спијам. Во сонот ми текна дека моментално ги носев тие пижани и ги завратив малку. Кога се разбудив, долните пижани ми беа исто така завратени.
Пак јас со моите сонови 1. Сонував дека сум во спалната соба. И покрај затворените прозорци и спуштените ролетни ко да дуваше ветер и разнесуваше некое мали ливчиња низ собата. 2. Сум била пред обложувалница со другарка ми и братучед ми. Мислев да влезам и да уплатам но во последен момент се предомислив. Тие влегле јас останав надвор потпрена на една дрвена маса. Значење? :geek:
Јас и една моја комшика сме биле на нашата улица.Една моја другарка,која исто така ни е комшика била пред својата куќа.Јас сум ја видела и сум се мислела дали да одам да ја поздравам.Комшиката отишла во дворот на другарката и седнала на стол.И јас сум отишла во дворот.Додека сум одела накај дворот сум размислувала како да се поздравам со другарка ми.Сум се поздравила со неа.Таа почнала да ме прашува каде сум,зошто ме нема,дека не сакам да се дружам повеќе со неа и слично,не се сеќавам многу и направила тажна фаца како да ќе заплаче.Јас сум и рекла дека јас сум мислела дека таа не сакала да се дружи со мене повеќе.Таа зборувала нешто и се доближувала до мене,а јас сум одела на назад.Кога сум видела дека се доближувам до трња,сум и рекла да се оддалечи,но не го направила тоа.Сум се боцнала на левата дланка со четири трња,а другарка ми се загрижила.Ме болело и сум ги извадила трњата.Сум ја прашала другарка ми дали има хидроген да ми донесе и некоја помада.Таа отишла до дома и ми донела помада и почнала да се мачка со неа по стомакот.
Минатата нок сонував една девојка која ми беше колешка пред 7 -8 години. Не сум ја видела којзнае од кога, но имам чувство дека овој сон има некое значење. Како да бев на суд, имало и други луѓе на судот, не знам за што не суделе, но знам дека судијата на крај рече 14 дена да бидам во затвор.(??) Се преплашив во сон. Како да бев во некои синџири и не можев да се оправдам никако; колешката како да беше некој сведок , нешто како таа да имаше влијание на таа пресуда. А после тоа друга слика, пат, истата колешка стои на срдина на патот држи пушка во раце, нишани и пука. Вторава слика не ме вознемири толку колку првата, знам дека се мачев во сон, не сакав да бидам во затвор, се чувствував многу нелагодно, тешко, грозно, и тоа чувство го имав додека спиев како стварност,... едвај се разбудив ноќта и сеуште го имав истото чувство, не ми беше јасно каде сум, ми требаше време да се освестам дека тоа беше сон а не реалност. Инаку колешката додека работевме не ја доживував како позитивец, туку обратно. Ми има правено многу сплетки и во приватен живот и на работа. Ве молам што значи сонот? Имам чувство дека носи некоја порака штом и кога се разбудив не можев да се освестам за реалноста. После ми олесна многу кога се рашенив, уф си реков ова сон било.
сонував како ми купиле карти за хиликоптер и требало да одам за странство (словенија) . Се качувам во хеликоптерот и стигнувам до едно место а одтаму со друго превозно сретсто треало да продолзам, имав проблеми со картата ми беше измокрена. Инаку во реалноста многу сакам да отидам за америка има шанси да ми се оствари???? или без везе е сонот
1 сон - Јас си легнав, но не заспав веднаш. Вратата кај мене во соба беше затворена. Слушнав како татко ми ја вика мајка ми за секс, а она како да не сакаше и се обидуваше да избегне. Потоа мајка ми отиде во кујна и си правеше јадење дека и се јадело, мислам дека омлет. 2 сон - Трчав и играв со превисоки штикли. Имав позитивни чувства, убаво се чувствував.
1.Бевме некаде,кај некој си познат на дечко ми.Седевме на креветот и тој одеднаш почна да ме бакнува толку страсно, ми рече немој случјно да си помислила да имаш некој друг.Цело време ме бакнуваше,стана од креветот и тој познатиот ми вели немој да го оставаш,вие двајца заедно ќе имате бебиња,немој. 2.Непоканета отидов кај дечко ми.Доаѓам кај него пред порта,тој ме виде и направи изненадена фацка.Ме внесе внатре и ме прилепи за ѕидот.Беше премногу напален .Кога требаше да почне да ја прави ''oнаа работа'',само што почна ме заболе толку многу што не знам колку гласно викнав.Му се допадна тоа и ми рече колку ти беше добро тоа. Влегов внатре и се поздравив со мајка му,беше изненадена и радосна што ме запозна(во реалниот живот знаеме една за друга,но не сме се запознале).Почна да ме прашува нешто да прави муабет со мене.Одеднаш дојде брат му и ми ја стави раката негова преку рамо.Беше премногу повисок од мене. Само се насмевнав.Отидовме во друга соба и ми рече ти сакаш на брат ми да му бидеш нешто повеќе?-јас одговорив да и тоа како.
1. многу сте блиски 2. исто како првото 1. неслога 2. поголема самодоверба повеќе ќе се грижиш да се сакаш да патуваш, но си свесна дека тоа не може така лесно само сеќавање на нејзините сплетки, но можеби и криеш нешто
Синоќа го сонував соседот ( 50 годишен манијак) наеднаш се појави пред мене ми ја фати раката и ме турна на земја. Јас паднав и почнав да викам помош и да плачам а тој почна да ме бакнува по вратот. Потоа се разбудив преплашена и сфатив дека беше само лош сон. Што значи сонов? Ви благодарам.
со сестра ми сме барале фустани низ непознати дуќани и ништо не ни се допаднало..а јас цело време сум туркала празна бебешка количка и на неа имало закачено темно плаво сако и кафена чанта...
Многупати сонувам змии во дворот на мојата куќа, меѓутоа минатата ноќ сонував змија со човечка глава која дури и ми зборуваше. Главата беше како на жена со седа коса, но не можам да запамтам што ми зборуваше. Сепак стнуваше збор за некави совети. Некое толкуваше?? Благодарам
Сум се сретнала со еден шо ми се свиѓа и нешто почнал да ми зборува.Двајцата сме имале по еден другар/другарка до нас.Сум одела по него со другарката али пошто сум носела зимско палто сум отишла дома да облечам кожна јакна и сум ставила портокалова марама на мене шо ја неам во реалноста.Сме иделе по него пак со другарка ми,и овај наеднаш се свртил и почнал да ми вика шо го следам така нешто мислам дека беше.Друго не ми текнува.
Сонував како една вечер како сум била кај во куќата на чичко ми и било многу касно навечер. Тука биле и братучед ми и стрина ми. И јас сум држела во рацете делфин голем, гумен. Сме требале да одиме да спиеме, јас сум отишла во собата на братучед ми да спијам и со мене сум го носела и делфинот. Што значи тоа ?
1.Сонував како хоризонтално лебдам над земјата.Кај мене во двор беше.Се чудев од каде имам толкава сила,за да можам така хоризонтално без да ја допирам земја со ништо да лебдам. 2.Се спремав за на училиште,но доцнев.Трбаше во 12:00 да бидам таму,но кога погледнав беше скоро 2 часот.И велев на мама е што ќе одам кога многу доцнам,мама ми вели како доцниш погледни 12:30 e,навистина кога погледнав толку беше.Заѕвони некој на врата,беше братучедка ми.Кога отворив врата,беше ден но се беше темно од темни облаци.Беа многу ниско.Имаше и многу магла.Бев многу зачудена.Братучедка ми ми даде тетратка и ми рече за утре да напишеме состав.
Се разбидив препотена од сонот... уште некако лошо се чувствувам. Сонував како било некој празник и на тој празник се одело на гробишта и требало да се одкопаат мртвите и да се видат. Одев со мајка ми и баба ми низ гробиштата и насекаде гледав одкопани гробови... Стигнавме до гробот на дедо ми и вујко ми, и баба ми го одкопа гробот и требало да ги видиме остатоците од нив. Но одеднаш не сме во гробиштата туку дома и баба ми става бел чаршав на масата на која што јадеме и како наводно во тој чаршав биле замотани коските на дедо ми и вујко ми. Јас плачев и ми беше страв да погледнам но бев спремна да ги видам. Но се не спречуваше да за да го одмотаме чаршавот, прво вратата се отвори, па моравме да ја затвориме, потоа наидоа сестра ми и татко ми и таман баба ми да го одмота чаршавот се разбудив...
пари 1. желба за слобода 2. истото како 1 слобода бараш го сонуваш затоа што го сакаш, друго значење нема несреќа нешто ти фали во животот тоа што е тој в реалноста,имаш мал страв и го сонуваш ти недостигаат сите затоа, мешавина од реалност