^И јас тоа сакав да прашам? На одмор е сајк? Најјака ни беше на темава, сега не знам што ми значи сонот
да се збереме сите сонувачи да ја однесеме во нет кафе да ни одговори...Хахах да не мислиме постојано што значи овој сон а шо оној...ПС УБАВО НЕКА СИ ПОМИНИ КАЈ И ДА Е А ЈАС КАКО НАПРОТИВ КАКО ДА НЕЗНАМ КАЈ Е ПО 5 ПАТИ СОНУВАМ ХАХА пс СВЕТ ЈЕ ЛЕП КАДА САЊАМО
Што значи да сонуваш спална соба со брачен кревет на кој спијат симпатијата и мојата другарка ама најнормално спијат оддалечени воопшто нема близина меѓу нив и шкафови големи и темно во собата, ноќ и јас влегувам намерно КАО да оставам фустан во шкафот и ја светнувам струјата и овие нешто се бунат дека сум ги разбудила и јас го оставам фустанот и излегувам без да ја изгаснам струјата..
Сонував како сум некаде во природа.Одев тука до некој шини за воз,но не беа премногу големи.Си го ставив моето мало возче,чинам не беше воз беше само локомотива.И си возеше тоа таека.Ми се јави мама на телефон и ми вика што прави моето мече?Јас се насмевнав и реков бара мед.Одеднаш од негде падна гнездо на пчелки и се разтече мед.Јас одеднаш со раката земав и ставив во уста ,беше вкусно.Дојдоа пчелките,пред мене се појави некоја машка особа,беше како од цртаните.Јас целата му реков што е бе ти? Со медот на раце и уста,а тој ми рече што е бе па ти.
Потсвесно се плашиш другарка ти да не ти го освои симпатијата, исто ти е страв тој да не ја бендиса неа.
Спокој некаков, нешто убаво ќе ти се случи, можеби ќе запознаеш некоја личност од спротивниот пол со која ќе споделуваш добри моменти.
Изгледа дека си во конфликт со некоја личност, си немаш расчистено некој проблем и затоа сонуваш тепање. Тоа со протезата изгледа не си искрена кон некој
сношти сонував дека го убиле дечко ми.....ние бевме во комбе и не знам каде одевме...и двајцата стоевме простум...а сите седишта беа празни...а возч беше негов другар.....и така патуваме и поминаве низ едно село и таму имаше полиција....и многу коли....и тој полицаецот пукна и го погоди дечко ми ....бидејки стоевме тој беше погоден во грбот но не му течеше крв само куршумот му се гледаше (т.е. дупката)..јас почнав да плачам и да му велам да одиме на болница...а тој само ми рече ништо не ми е .....и што значи ова??? ...(мајка ми ми рече дека полицаец било ангел..)
Сонувам како се скарав со татко ми и налутена решив да заминам од дома (инаку често се караме но со маќеата поеке). И се јавив на тетка ми да и кажам дека ке идам кај нејзе малку, и на тел како да не беше таа, наместо со тета разговарав со баба ми (инаку таа веќе 2 год како е почината). И велам- "Бабо јас се пакувам и ќе дојдам кај тебе". "Ако сине дојди јас те чекам дома сум"- вака ми одговори. Додека се пакував се скарав и со маќеата-од причина што на местото каде што ми стоеа алиштата имаше ставено алишта од баба ми-нејзино масло беше .И реков нешто (не се секавам што) и таа се расплака, а мене жал ми падна. Си ги најдов алиштата и собрав неколку. И така цело време се врткам по дома ова она да земам и никако да тргнам, а почна да се стемнува. Го замолив тато да ме префрли до автобуска, а додека тој се спремаше како вечност да беше. Самошто тргнавме и колата ни се расипа попат. Ја мајсторевме нешто, но не бидна. Незнам од каде но почнавме да возиме голем камион (сканија). И со него истото му се расипа менувачот и несака да тргне. Дури и одеше многу полека. А инаку камионот јас го возев. Инаку страв ме фаќа за сонот, не ми изгледа за арно...во последно време и нешто не сум ок со здравјето. Утрово кога се разбудив потечено ми беше лицето и устата малку.Едвај станав од кревет и уште ми се спие..а подолго спиев од вообичаено. Вчера другарка ми ми се пожали дека сонувала како и паѓа косата-на фемина значи дека ќе изгуби другарка, и окото и играло веке еден месец,претчуствувала дека нешто лошо ке се случи. Не сум песимист, а би сакала да знам што значи ова. Благодарам
Убав е сонот. Ве очекуваат радосни вести Ќе направиш грешка . Некој ќе те убеди да ја направиш грешката и ќе има лоша намера. Засрамена ќе си. Биди позитивна. Биди оптимист. Ќе постигнеш успех. Колку што го протумачив сонов , на крајот ќе излезе на добро , но пред тоа ќе имаш потешкотии Ќе има некоја промена во твојот живот. Негативно нешто.
Синоќа сонував многу сонови... Но запомнив само 3. Првиот беше вака: На една улица од мојот град од небото паднале 2 кукли како ангели големи како човечко тело и една икона. Се собрале многу луѓе сите изненадени од тоа што се случи и јас ја земав иконата и и ја дадив на една постара женичка а таа пак ми рече да не и ја давам неа туку да одам во црква и да му ја дадам на попот демек така убаво било. Јас се согласив и тргнав накај црквата. Но потоа се сетив дека јас немам време попот да го барам и се вратив и и кажав на женичката. Тогаш таа ми рече дека тоа било грев и рече да ја бакнам иконата и да ја фрлам позади мене. Јас ја бакнав и таа ми ја зема од рацете и ја фрли позади мене. Вториот: Стоев натоварена со некои кеси покрај река и имало 2 дрвени мостови. Со мене имаше уште 2 девојчиња и првиот мост го поминавме без проблем. Но на вториот мост девојчињата го поминаа а јас кога видов како се мрда додека минуваат ме фати страв и седнав на почетокот на мостот и така планирав да го минувам. Потоа до мене помина тетка ми и ме праша што правиш јас и кажав се а таа само ме погледна и си замина. Тогаш здогледав од другата страна на мостот 4/5 момчиња и кога тие ме забележаа дојдоа кај мене и почнаа да го нишаат мостот и да се смеат. Мене уште повеќе ми беше страв и наеднаш се излизгав надоле и само со едната рака се држев за едно јаже. Тогаш еден човек на првиот мост фрли многу пари и момчињата заминаа да ги соберат. Јас се качив на мостот и така се разбудив преплашена. Третиот: Бевме дома кај мене со мајками, тетками и бившиот пиевме кафе. А мајками и тетками не знаеа дека тој ми е бивши. Кога го испивме кафето тетками ја виде шољата на бившиот и му рече ти имаш дојдено во оваа куќа порано, а тој и рече нее ова ми е првпат. Тетками пак му рече ајде доста имаш дојдено во оваа куќа а и си бил поврзан на некој начин со ова семејство и тогаш јас и реков е од кај го знаеш ова тето и таа ми кажа дека видела во неговата шоља и сигурна била во тоа. Јас и реков ајде нема врска тоа бабини басни а бившиот ме погледна како да сакаше нешто да ми каже. Потоа откако тој си замина тетками ме фати за рака и ми рече зошто бегаш од мене а јас и реков не бе тето што ќе бегам и само ми рече ќе разговараме подоцна јас и ти.. Ви благодарам однапред!
Сонував како намерно ме оставија на едно место за да се изгубам (или можеби не беше намерно) инаку во реалноста нема шанси таму да се изгубам. Јас барав помош но никако не можев да си дојдам дома. Моите ме исфрлија од кола, без пари, без телефон, без облека само таа на мене, без ништо - на тотално непознато место. Поминаа две години, јас сеуште барав помош. Мислам дека многу се изменив, станав поинаков човек. Сакав на некој да се одмаздам затоа што цели две години бев оставена во некој пуст град со чудни луѓе надвор од нормалната цивилизација. Во сонот видов и една другарка и и барав помош. Таа не можеше да ми помогне. (инаку во сонот не се познававме ) И на крајот не знам дали се вратив дома... затоа што се разбудив. Само знам дека наеднаш местото ми дојде познато и се сетив на нешто... можеби ќе го најдев патот...
Чувствуваш некаков страв од некоја ситуација во која можеби ќе се најдеш, осеќаш како никој да не може да ти помогне, освен ти самата.