сонував како со еден шо ми се свиѓа и се знаеме сме биле сами и ми викал. (имаме инаку излезено на состанок еднашка)
Сонував како со другарка ми сме биле умрени и духови Пред нас имаше гробишта и малку подалеку една мала куќа. Влеговме во куќата и имаше една жена пред која застанавме за да видеме дали стварно сме духови, кога таа не не виде почнавме да се понашаме како вистински духови Помрднувавме предмети и ги кршевме пред очи, лумпувавме Потоа влеговме во другата собаа и имаше две близначки. Имаа машка флизура (кратка коса ) портокалова коса и големи наочари и и нив почнавме да ги плашеме и на крај излеговме и јас и реков дека сега треба да се вратиме во гробовите и да отидеме и да видеме дали ќе одиме во пекол или во рај. После сонував како сето ова и го раскажувам на другарка ми и сум и рекла -Сонував како ти го раскажувам ова После станавме и јас се обрнав и во остатокот на собата беа и другите другарки и сите излеговме и видовме еден дедо кој почна да оди на 4 (и со раце и нозе). Изгледа беше педофил и почнавме да бегаме Ако знае некој што значи ќе може ли да го протолкува ?
Значи вака.... Игравме една игра треба да се скриеш за да не те погоди со едно како стрела али само се лепи на тебе и јас и еден другар од основно се скривме у едно како ископано и само седнавме а тоа све земја и добро не не најдоа послем тоа дојде до мене една топка и требаше да ја подадам и али некако неможев кога ќе ја фрлев како да ми пагаше од раце .Другиот ден во школо(основно) и имавме физичко и вежбавме а ја скоро никогаш невежбам на физичко и во сонов вежбав и баш бев опуштена и се тепав(закачкав) со едни машки а иначе сум многу повлечена и срамежлива .И добро заврши часот и сега со еден друг другар треба да идам во новото школо да видам во кој клас сум ( во средно дека сега ќе бидам 1 година ) и само идеме натака и наеднаш незнам како излеговме на Бит Пазар а ние живееме во Аеродром и сега најдовме едно патче али тоа како низ шума и само наеднас идам и пред мене беше се исто како да идам накај школо истата слика али наеднас пред нас се стори една провалиа и јас се лизнав и среќа што ме фати другаров и добро ај назад се враќавме па пак на Бит Пазар и одевме накај Центар за кај дома и така се разбудив. А пред некој ден сонував друг сон како се бацувам со еден друг другар али мене многу ми е чудно дека до сега не сум се мувала и ај сеа што значат соновиве?
Што значи ако бакнеш во уста некого? Поточно сонот беше вака: Сонував еден дечко што пред година време ми се пушташе, стоевме и се смеевме нешто и на разделување јас го бакнав во уста,поточно само усните еднаш и си заминав
сонував како сум играла оро со другарката ама ситно ситно сум го везела Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=tVevZnmpRkE
Сонувам како патувам со автобус. Во автобусот имаше многу гужва, претовар беше. Неможеше да излеза на една угорнина па правевме пауза. Возачот како карти да ни пишуваше у меѓувремено. Додека пишуваше кажа нешто неправедно и ја навреди другарка ми, а јас собрав смелост и му вратив и му кажав дека така не е убаво да ја засрамува, дека тоа си нема врска со картата и др некои работи со еден збор ја одбранив другарка ми . Исто така забележав една патничка која носеше светло сина перика, со рамна коса над раменици Некое телкување ке ве молам
Не ти е страв јавно да искажиш мислење( со оглед на тоа што ја браниш другарка ти). Тоа со периката внимавај, некој не ти се претставува во вистинско светло, односно не ти се претставува онаков каков што е.
Ја сонував бившата најдобра другарка со која сега немам ни здраво. Во сонот ми беше криво за се што се случи и почувствував омраза кон неа. Мислам дека потсвесно сакам да се врати тоа време?!
успеав до компјутер накратко да дојдам сонот е потсвесното, тоа што го прижелуваш испитај ги емоциите твои кон него и обратно
сонував како сум го изневерила дечко ми.на јаве тоа никогаш не би го направила ги сонував баба и дедо.мртви не веќе неколку години.поточно ја сонував баба ми како се грижи за мене.ми готви,ме чува.на сонот бев свесна дека се мртви и се прашував како повторно ги гледам кога се мртви со години.
Сонував како одам пески со една другарка на голема дстинација. Потоа на враќање го згресивме патот и стасавме до една раскрсница со испреплетени патеки, имаше и полукружно свртување и еден пат кој бесе под мост. Потоа едни луѓе ни го покажаа вистинскиот пат и ние продолживме да пешачиме. Толкување? Однапред благодарам