Сонував како баба имала роденден, и мама додека разговарала со неа ми ја дала мене и јас сум и рекла Среќен роденден. И кога сум исклучила ми текнало дека сум заборавила да и кажам Среќна Нова Година И на крај испаднало дека баба ми била бремена и дека денеска требало да роди
1.Се качив на ролерки и почнав да ги возам по улица(во реалниот живот навистина возам).Возев и стигнав до една улица-за мене непозната.Другарка ми дојде и ми вика каде отиде бе одлета со тоа ролерките. Како што стоевме на таа улица,од страна се беше вода,мислам се оддалечи земјата од улицата и остана на средина само улицата.Јас останав на улицата,а другарка ми на другата страна кај земјата.Ми велеше кај стоиш таму бе ти си не нормална.Не знам што се случи после,мислам дека замалку ќе падневме во каливата вода,но се спасивме. 2.Во двор кај мене пуштав некои чудни бомби-не личеа баш на бомби.На мајка ми и татко ми велев ако експлодира,нема да се запалиме,ако не експлодира ќе се запалиме и ќе умреме. Слушав такви експлозии повеќе пати.Одеднаш реков успеав!(не знам во што).Го спомнував името на мојот кум.Цело време.Мама ми вика што ти текна па сега.
Сонував како седам дома ме боли стомакот и мајка ми ме носи на болница,таму ми викаат дека сум бремена и за 5мин сум родила бебе, а усвари појма сум немала дека сум а и не сме планирале,.ми го дале бебето и мајка ми го земала и заминала кај дечко ми да му го покажи и тој се чудел како е можно, а мајка ми му рекла ова дете од господ е.,и сите кефој се радват ние со дечко ми цели се чудиме и едно време дошла стрина ми со исто друго бебе и ние му сме рекле и ова твое е близнаци можи имаше докторите ни го имаат подметнато нас,.,.и се разбудив
промена за него среќа и оздравување 1 и 2 страв, проблеми не гледаш ситуација од права перспектива или си премногу изгубена во своите мисли нема значење неправилен избор, но поправање на ситуацијата бараш промена 1 проблем во врската 2. ти недостигаат радост, успех, задоволство нема значење
Само некои глупости сонувам овие денови. Сонував дека сум била многу богата и позната личност, сум се возела со лимузини
Што значи да сонуваш змија ама со две глави? Не двете напред како во митови или слично туку една напред една позади? Не знам, се исплашив многу, не мислам дека е добро во секој случај. Ако има некој што знае, ве молам или тука или во лп, многу ќе ви бидам благодарна
Денес сањав како имало земјотрес и сум трчала со татко ми и тетка ми и како што сум трчала сум плачела по мајка ми дека не била со нас.. и и се јавувам на телефон откако престана земјотресот и ја прашувам каде е и ми кажа и ми олесна. И од земјотресот се било уништено и другарка ми искочила пред мене и со нас дошла и се разбудив. Мн. чуден сон..
Сонувам секс постојано! Незнам зошто,бре. Можеби е некоја фаза,нешто врзано со пубертет. Ама ногу ме нервира бе луѓе се осеќам ко нимфоман. Исто така сонувам како ме убиваат,како ме киднапираат,како ме брка сериски убиец,како ми соопштуваат дека цело семејство загинале во сообраќајка... Битно се е авто-деструктивно и лошо.
сонувам како со мајка ми сме биле на гробишта имам тетка почината пред 10 год,ми звони мобилниот кога гледам дедо ми,се јавувам и ми вели ајде дојди си почина баба ти,лелеее коа си ја викнав да плачам ,и мајка ми вели епа сега треба дедо ти да ја откопа тетка ти да ја извади невестинската роба за да ја закопаме бабати а јас ,доагаме дома со мајка ми го гледам татко ми седе на креветот и плачаммм ама многууу се осетив дури во сонот колку плачам и се разбудив сонувам како не сум сакала да вежбам на физичко и класната ме прашувала што ти е,и јас сум и велела дека имам миоми на матката и цисти на јајниците
1. среќа и радост кај баба ти и многу ја сакаш изгледа 2. страв од тие болести или си ги слушнала некаде, нема друго значење успех се плашиш од земјотрес несреќа посакуваш повеќе пари но можеби и слава страв ти е од неверство, можеби и потсвесно
Денеска уште еде нов сон.. сонував како со мојата најдора другарка шетаме и сеа имала една баба надвор пред нејззината зграда цртала и ја сум и рекла дали може да ме нацрта ама ми барала за озврат две работи(некои чудни беа не ми текнуваат) и нешто сме се зарчкале и почнала да не брка и мене и другарката и така трчајќи сме се разделиле и ја сум отишла кај едни двајца и тој едниот ме сокрил и другарка ми уште трча и доаѓа накај мене и ми вика дека бабата се зезала незнам шо .. и доаѓа бабава и ме откри каде сум и таман да дое до кај мене и сум ја мавнала и таа сакала да ми напраи нешо на мене али дечково шо ме сокри и други машки од позади излегле демек аеродромците ја тргнале а од друга страна овие city park boys и нешто се зарчкале и тој од цити парк бојс ми рекол ќе видиш ти убаво од нив ли најде да бараш помош.. Иии бидна што и кажувам на другарка ми дека ми го неа телефон и она се смее и ми вика незнам кај ти е и кога гледам кај мене у џеп. И сите си заминале и ја сум била до тоа местото кај што ме скри тој дечкото и сум нашла ланче во вид на срце и тоа демек било мое и сум сакала да го закачам и тој дечкото сакал да ми помогне да го ставам на мене и сум се разбудила чудееен сон
сонував како во ресторан имало многу луѓе и на масите се служело пилешко месо,на една маса имало полжави што летаат и се разлетале и сите луѓе се разбегале, а јас со уште 2 девојчиња сум се скрила во некоја соба, сум се качила во нешто тесно со другото девојче а третото се пикнало у блендер,и сум видела како тече вода, наеднаш не поплавила и сме пробувале да искочиме од собата. ако некој знае нешто што значи, нека пише
Денес сонував еден сон кој прилично ме вознемири. поради тоа што имам слушнато дека тоа шо го сонував е лошо...многу лошо...Поточно сонував како сами ми паднале 3 заба:десниот голем заб, горна вилица и другите 2 до него,2ка и 3ка.. Не ме болело ништо онака сами си паднале и работата беше како кога се млечни дека се менуваат и дека после пак ќе ми никнат нови. И навистина подоцна ми никнаа нови , ама како да ми беа криви, и су м и викала на една другарка која треба да носи протеза: еве и јас треба да носам.Преплашена сум од она што го имам слушнато и прочитано за ваков сон со заби... Не дај боже да биде нешто...... Јас сум уште дете, имам 14 години, ама не знам што да правам.Препрепреплашена сум... И не е само тоа, сонот продолжува...Само сосем друго се случува.Сонував како да играм некоја компјутерска игра, ама и јас сум била некое од тие човечињата таму шо се во играта , поточно мислам дека беа пингвинчиња.Сонував како играта била како фудбал нешто такво.. И како на моменти и сум бегала од некого.. Ве молам кажете ми ваше мислење и дали некој друг сонувал нешто вакво слично?? Рацете ми се тресат додека го пишувам ова... И кажав на мајка ми само за она со забите, и таа не ми рече ништо ме праша само дали ме болело и ништо друго не ми спомна, ама јас имам слушнато мн лоши работи за ваквите сонови...