Сонував дека сум била на одмор,во куќа сум била сместена.Во сонот една другарка ми побарала пари на заем околу 7000ден не паметам дали ја одбив.Кога сум излегла ад куќата почнал ветер да дува,и дозволив да ме крени во воздух а имаше и 2ца мажи постари кои како бајаги ми давале совети како да летам со помош на ветерот.
Zdravo, nokjeska sonuvav nekoj za mene mnogu drag....no ne i povekje prisuten vo mojot zivot. Vo sonot bese tazen, me gledase i mi rece.... "Kje se vratam pak". Ve molam kazete mi sto znaci toa? Dali kje mi se vrati povtorno? Pozdravce
Ола Сношти сонував како на една голема маса(надвор) сме седеле едно машко, другарка ми и јас..Другарка ми пред една недела го свиѓаше машково.. Сме седеле со цел муабет да правиме,да ги запознаеме нив двајца но излезе сосема спротивното.Тој мене ми правел муабет,сум му рекла х а вистина си добил германски сертификат?? И тој ми рекол е што сега ми манијачиш по профилот? Јас иако од таму сум го видела сум рекла не бе,мајка ми ми кажа... И после некое време нешто другарка ми се налути и стана замина,а ние останавме муабет да правиме... Значење? Психо во лп ке ти додадам една информација во врска со сонов..
1.Со мама и тато некаде во близина на нашава куќа сме имале друга куќа .Бевме таму.Па убаво беше.Стоевме на тераса и некој кабел требаше да го ставиме во штеќер.Но,не можевме бидејки не дрмаше струја по малку.Светкаше.Никако не можевме.На крај го ставивме.На тато му се јави чичко ми(братучед на тато) и му рече имал две мртви тела па да ги закопале кај нас во двор.Тато се согласи,а јас па уште викам тато па зошто не едно тело кај тебе друго кај него. 2.Си ставив да јадам бисквити со млеко. Отворам во фиока гледам чоколатциња,редени едно врз друго.Си земав неколку и отидов кај мене во соба.Пробав да ставав и во млекото чоколатциња.Потоа седев со мајка ми во кујна и гледаме пред двор стојат некои мои познаници,но немам онакви толку блиски контакти.И велам со мама сеа ај кажи зошто стојат пред порта-глупави.Одеднаш почна да врне ситен дожд си отидоа.Но во двор влегоа 2 непознати коли.Едната беше црвена.Мама ми вика кој се овие?Јас велам не знам и од прозор ѕирнав во црвената кола-имаше еден дечко во црвени тренерки,како футбалер.
1. сакаш да се ослободиш од нечија тајна, како повеќе да не можеш да ја криеш 2. нема значење го сонуваш затоа што го сакаш, а и другарка ти навистина го свиѓала типот ако е жив, прва опција е да ти недостига премногу и да сакаш да се вртаи, т.е. тоа да е само твоја психа. втора опција е дека и ти му недостигаш на таа личност. Ако личноста веќе не е меѓу нас, тоа е само копнеж по неа сакаш слобода, но за да ја постигнеш ти треба некој да те води кон неа за забот е навистина некаква несреќа или неубава случка, ама имаш страв од нешто, од нешто се криеш и бегаш, можеби несреќата со тоа има врска задоволство, хармонија и мир меѓу нив двете
пред некоја вечер сонував како на небото имаше две месечини,едната полнаба другата беше подоле како празна на -с- ???????
баш од синоќашната свадба го ставив бонбонот под перница и сонив: покрај една река седам во соба на еден кревет и некое момче се обидува да ми се пушта преку давање книги за на факултет а ич не ми се допадна и се наведнувам од прозорец да подигнам некоја кутија/гајба и под неа стол за да ја преминам реката и се најдов надвор и го барам дечко ми за да се видиме си доаѓа од странство и го гушкам како за последен пат со насолзени очи и си замина...
Комшиката ја сонувала мајка ми како ја испраќаме негде со автобус.Сме биле многу луѓе во сонот и сите сме плачеле. Да плачеш во сон значи дека ќе се радуваш,али некоја да не знае да ми го протумачи цел сон.Што би значело одењето на мајка ми накаде???
1. не можеш без мајка ти се на се, солзите не се главниот објект овде кавга со дечко ти можеби нешто е скриено од тебе
Дедо ми е неодамна починат.Сонував како го изнесуваат во ковчег и го ставаат во кола.Од страна е мајка ми како плаче.Но,чудно е тоа што се беше во бело.Сандукот беше бел а,и облеката на мајка ми.
Сонувам разни сонови,испреплетени..најчесто кошмари, за среќа ништо од тоа не се остварило. Мислам дека соништата се одраз на нашите мисли,мислите го менуваат светот а тие што имаат негативни мисли,имаат и лоши соништа
Последниве 2-3 недели по 2 пати во недела го сонувам дечко ми како има друга девојка, јас во соновиве сум само како гостинка кај нив и само плачам..а тој си се забавува со незе..во првиот сон ми рече дека таа сака да му биде девојка а не јас.. Секој сон е различен ама сите улоги се исти.. Мислам дека и девојката е иста Што може да значи, штом само ова го сонувам ?
сакаш да побегнеш во свет на уживање и слобода нема значење освен ако не си купувала или некој куппувал таков лек преиспитај му ја верноста, но можеби е само твојот потсвесен претеран страв да не се случи тоа задоволство или можеби само обожаваш слатки
сонував како сум стоела пред зградата на золвата и сум го покажувала на некој а не се секавам на кој ,и сум отишла кај неа дома ама сама ,и сум и ги земала шминките,сум бендисала 4 бои ,жолта посветла,потемна ,златна боја и светкавка била едната но не сум се шминкала туку сум ги испробалла на раката боите
сакам да прашам мајка ми ме сонувала како сум ја изгубила невиноста и ме тера да проверам што значи ако некој знае може ли да ми каже