Јас сонував како бившиот дечко дошол кај мене дома. Сакал да седне на мојот кревет, но на подот имало фигурчиња од киндер јајце и некои такви боцкави предмети, пред тоа ми рекол дека му е многу жал за се што се случи и дека сакал да се смириме. Мислам дека и на креветот имаше некои такви фигурчиња... Мислам дека знам што е сонот, сами ми треба уште едно мислење за споредба
Сонував како навечер си седам на тераса кај мене дома.И одеднаш по скали ми доаѓаат две кутриња мали,црно- бели беа двете,машко и женско.Не ми беше чудно бидејки мои биле на сонов. Лежеа едно до друго двете и нешто се играа.Јас како што стоев на терасата,подлетував.Низ цела тераса така летав малку и пак ќе застанев на нозе.Едното кутре ме гледаше,а јас му велам сакаш и ти ? Влегов внатре,а во рака излегов со штурче али како од цртаните беше со очи уста,на две нозе,во рака имаше мало чадорче.Одеднаш тато излезе надвор.Отидов таму во тревата,дојде и тато.Нешто се смеевме и јас се држам за тоа штурчето,тато ме фрли во воздух и јас пак така си подлетнував,но пафтав со другата рака.Слетав на тревата,тато ме држеше во раце,но му викав абе чекај жтурчето да си го земам......и се разбудив.
Во последно врме постојано сонувам луѓе што не ги познавам, знам дека се странци, и зборуваат странски но во сонот плачам што не сум ги видела долго време и сега дошле, потоа сонувам дека сум на погреб на човек што не го познавам, но најдечесто ДЕЦА. Особно во последно време. И тоа деца некаде 6-7 годинки, еднаш сонуав близначиња многу дебелки и двете девојчиња, си играм со нив, но јас не ги познавам и баш вчера сонував девојче во школо, јас ен го познавам, но си играм со него, ја учам, ја испраќам до дома. Прочитав во соновникот на фемина дека значи: Ќе ја пронајдете среќата далеку од вашиот дом. Може ли некој да ми појасни ншто за соновите, зошто ги соувам и што всушност се мисли во "пронаоѓање на среќата далеку од својот дом"?
2 пати имам сонувано како една другарка ми вика да и правам друштво до дома и мораме да одиме по река и јас и викам пази да не згазнеш некоја змија во рекава има многу.
Јас сонував како сум си купила некоја плава ташна па ми ја украле па ми ја нашле и се разбудив навистина ми е чуден сонов некој да ми го протолкува
Ако има некој повеќе од мене да сонува нека ми се јави... 2 часа да спијам па сонувам по 2 сона минимум , а тек за 15 сати спиење...? тонааам буквално кога спијам, толку се возбудувам што често пати ми се дешава со солзи закоравени за очите станувам ...и зборам вриштам...ми се смејат често моите...милион сонови сонувам...ама најубаво ми е кога летам....добро расположение ми создава таков сон...
Ја сонував братучедка ми седеше спроти мене и косата и беше многу проретчена имаше како дупки без коса и и се гледаше главата. Кога ја прашав зошто и е така а нејзе косата и е многу густа по природа таа ми рече од хемотерапиите што ги прима. Тогаш почна да плаче многу и ми кажа дека имала леукемија. Јас почнав да ја тешам да не плаче за косата пак ќе и порасне а во меѓувреме може и перика да си купе. Тогаш дојде и другарка ми и на неа косата целосно и беше опаѓана и таа патела од истата болест. Така се разбудив.
Го сонував дедо ми од страна на мајка ми кој е умрен неколку години.Бев во некоја бела соба,во неа имаше една маса и две столови,јас седев на едниот од нив,а другиот беше наспроти мене и беше празен.Изгледаше како да чекам нешто.Наеднаш во собата од една бела врата влезе дедо ми,го видов целиот од главата до нозете,но не се сеќавам на детали како беше облечен.Седна на празниот стол наспроти мене и го изговори моето име и уште неколку зборови.Чудното е што неговиот глас не го слушав,името добро го разбрав следејќи ја неговата уста,но другите зборови не.Како да кажа нешто,неколку збора,но не ги разбрав.И наеднаш се разбудив.Е сега уште почудно е тоа цело време во сонов бев свесна дека сонувам па дури се убедував дека не е сон и дека се појавил дедо ми пред мене.Додека тој ги изговараше зборовите и јас цело време му се обраќав и викав по него,но немав глас,а тој воопшто не ме слушаше и беше сериозен,како да дошол само да ми каже нешто и ништо друго.
Го сонував дедо ми,од страната на мајка ми целиот облечен во црно како лежи и спие во ист кревет со брат ми. Може да ми објасни некој што значи ова?
Сонував многу малечки светло кафеави кученца, беа радосни и мафтаа со опавчињата беа насекаде околу мене. Што значи?
1. Сонував сум се тетовирала два пати еднаш на прстите на рацете на секој прст по еден збор и другиот пат на десната страна кај градите порака за извинување 2. Сум се гушкала со еден многу добар пријател.
Леле,јас сум ја сонувала баба ми како умрела и кога се разбудив ми олесни затоа што знаев дека ако сонуваш некој како умира тоа значи му го продолжуваш животот.И после ми текна дека јас ја сонував,ми кажале дека умрела,ама после се вратила и ми објасниле дека морала така да кажела,така да направела,да одглумела дека умрела...Тоа домашните го знаеле само мене не ми кажале.Знае некој што може да значи?Се надевам свативте затоа што незнам како да ви објаснам.Колку бев тажна кога се разбудив,постојано мислев на сонов
Ако може некој да ми каже што значи сонов , имам дечко , а сонував како сум имала врска со некој плав дечко , премногу сме се сакале и ништо неможело да не раздели , дури кога се разбудив ја чуствував таа љубов ...
ме сретна денес една комшика, која е омажена во др град, а се немавме видено скоро 2 год и само што ме виде ми вика еј да ти кажам сестра ми те сонувала како да си требала да умреш за 3 дена и дека си и рекла имам уште 3 дена за живеење, а баш вчера и го раскажала сонот и ете денес кога се сретнавме уште не ми кажа ни здр н и како си туку одма за сонот што значи ова
сонував како сум одела на екскурзија со класот,требаше на летување но испадна на зимување снег колку ти душа сака ,јас велам леле јас на долги ракави не носам ништо и сега ,и ајде да се сместиме во соба се качуваме низ едни малечки степеници едвај со ногата да нагазниш,се сместивме во собите и ајде ке излегуваме на снегот да си играме ,абе едвај се симнувам по тие степеници една педа еден степеник