Малку е подолго, но ќе се обидам во најкратки црти да го раскажам. Сонот почнува како се возам во автобус и одам накај дечко ми.Додека патувам,гледам од автобусот две познати жени и ми збореа нешто ме прашаа како сме дома и слично. Автобуост оди во друга насока, не како и секогаш,но сепак знам како да стигнам докај куќата на дечко ми. Се симнувам од автобусот и ме пречекува еден млад дечко,непознат за мене по лик, но во сонот ми дојде како некој поранешен другар на дечко ми, така малку пополничок, околу 20 години и не ме пушта да продолжам. Некако сме почнале да разговараме и ми зборуваше како сите знаеле во нивната населба дека дечко ми си нашол некоја девојка, па сите зборувале дека свадба е следно, и ми зборувал такви работи но не ме пуштал да си одам и многу често менувал расположение. Некако ми зборуваше но со љубомора, како да не е среќен поради нас и слично.Додека ние разговараме, од куќата позади нас, од прозорец се појавува уште еден и му се обрати нешто на момчето, нешто како Ја најде а? Девојката на ..? Но тој беше пољубезен. Некако успеав да избегам од нив.. Стигнувам кај дечко ми,се слави нешто (не се сеќавам што) и двајцата најдобри другари негови биле кај него во соба. (инаку собата на дечко ми многу наликуваше на мојата, што не е така во реалноста). Наеднаш неговите другари ми се нафрлуваат во смисла како многу се среќни за нас, многу не сакаат, и едниот ме бакнува во уста и ми кажува дека ме сака еднакво колку и девојка му. Тоа во сонот го сфаќам како нормална работа, пријателски, и сум ок.(Инаку тој е сега во странство, но не се сложувам секогаш со него најдобро.Многу променливо расположение има. Додека е во странство му пишав 2 пати на фб и не ми врати.. а претходно се беше супер. Тоа ме изнервира.) Потоа другиот исто,но ме бакна во лице. Дечко ми беше малку поднапиен, а и другарите негови изгледа.. Наеднаш од прозорецот гледам како пристигнува колата на најдобрите куќни пријатели,а со нив и моите родители и дедо ми (но моите незнаат дека јас сум кај дечко ми дома,и во реалноста е така, не сум и кажала на мајками дека одам кај него дома). Пробувам да се скријам,но пријателката ме разоткрива, додека другите пробуваат да ме прикријат(инаку таа ми е многу мила во реалноста). И моите доаѓаат,дознаваат, и ме праќаат веднаш дома, додека тие остануваат таму. Толку беше од сонот, само се сеќавам дека еднаш ми дојде на ум да се вратам кај дечко ми во соба, а моите да знаат дека сум дома, или да му се јавам на дечко ми да излеземе надвор, нешто така.. И се разбудив. Значи ова нешто?
Сонував дека сум била на час по музичко и наставникот ми ставил единица и јас сум го погледнала чудно и сум го прашувала зошто единица и тој ми кажувал некој глупости и после ми ја поправил на тројка и јас повторно сум го прашувала зошто таква оценка кога не сум ја заслужила односно дека требало да имам повисока од таа оценка. и да во истиот сон сонував дека предтоа сме имале натпревар по хорови и кога нашиот хор пеел на една од судиите(тиа што оценувале) му кажале дека ќерка и умрела и дури и јас сум се расплакала во сонот и ние не сме можеле да ја допееме песната. Што значи ова??
Баба ми сонувала како со дедо ми биле во некој растурен фришоп и дедо купувал нови алатки за брат му. И дедо ми и брат му се починати.
спомени, нема значење дека не сакаш слаби оценки нема некое значење, мешавина од реалност и фантазија
На сон сум вадела катник и долу двојката ,не ме болело ,и откако сум ги извала ко да ми паднал товар од душава.
Што значи тоа да сонуваш како одиш на гробот на бившиот дечко со жолти цвеќиња, и притоа има чувство на каење зошто не сум го видела пред да почине.
Zdravo feminki, Sonuvav kako go otvoram svojot Facebook profil i tamu namesto mojata profil slika, stoi slika od deckoto sto mi se dopagja (koja isto taka vo sonot znam deka ne sum ja postavila jas....tuku deka toj samiot). Koga go vidov seto toa, so vdzaseni oci, samo iskomentirav.... Znaev deka mi go prati Facebook profilot! Kje ve molam da mi go protolkuvate znacenjeto na ovoj son. Pozdraaaaav
Во последно време постојано сонувам како плачам. Не знам зошто е тоа така. Може ли да ми каже некој што значи тоа?
нема значење, го сонуваш затоа што го сакаш меѓу вас е готово иако сеуште го сакаш назад оној период ко сте биле заедно ослободување од нешто
сонував дека надвор имало невреме,силен дожд а јас сум се скрила во некој голем маркет.сум сакала нешто да купам но не сум имала доволно пари затоа сум зела некој друг производ. сонот многу чудно ми падна и ако може некој да ми го протолкува
сонував како сме се венчале со дечкото и со мотор сме тргнале на меден месец ,тман на половина пат почнало да врне и сме се вратиле дома сонував како на баба ми и ја пресекле левата рака и и ја фрлиле во една провалија и јас многу сум плачела сонував како требало матурска вечер да правиме со сокласниците ,но сум си го изгубила клучот па барајки сум нашла 2 исти со исти приврзоци,па сум и го дала на таа девојка,сум си замислувала каква ке ми биде фризурата и на крајот испадна да ми биде врзана
Беше некој празник, но не се сеќавам кој Скоро сите што ги познавам бевме на базен.. Пред влезот имаше ордија, и јас незнам со кој памет си купив пушка. Ја кренав високо и си почнав да летам Летав низ цело маало.. Се приближив до една црква во нашето маало, а зад неа имаше џамија и пееше оџа.. Се зачудив и продолжив да летам :geek: Кога стигнав над базенот, сите се зачудија и ми завидуваа На крајот ја оставив пушката кај една непозната стара баба, и отидов на базен.. Човекот што ми ја продаде пушката цело време ме испрашуваше за неа, а јас се правев дека не знам ништо
Ја сонував мајка ми во бел, долг (не невестински) фустан. Инаку преубав беше, како од бајка. Бтв, не сум нешто into fashion, па дури и да сонувам за тоа
треба да се соочиш и да решиш проблеми од минатото сакаш слобода, но и се плашиш да ја побараш олеснување од проблемите за неа
Сум била на одмор.таму сме биле со мои братучеди и имало уште некои деца со нив.и јас сум засакала еден од нивните другари.и после сум се запознала со брат му на тој што сум го засакала а после со трактор сме си оделе и ме оставиле кај некоа река.и сум се нашла во некоја зоолошка и некоја лисица ми скокнала и јас сум и кажувала од кај да си оде и дедо дошол и ме нашол.
Како се мажам за друг дечко,а во врска сум сеуште со сегашниот.Исто и дечкото има долга врска,ама ни јас ни он не раскинуваме,туку тајно правиме свадба.Имам огромна грижа на совест во сонот,но сепак одлучувам да се мажам.И свадбата не е без љубов,сепак чуствував нешто и за другиот.А да,и носам невестински фустан.