Го сонував тој што го свиѓам сме стоеле така кај мене дома во ходникот и сум го прашала каде точно живее и тој ми одговорил и излегол на тераса и запалил цигара. Јас сум останала внатре и сум го посматрала како ја пуши цигарата и сум чекала да влезе внатре. Кога влегол внатре малку чудно се однесувал и тука заврши сонот.
Синоќа сонував како се карам со партнерот но не се сеќавам зошто, во целата кавга плачам и тој ме нешто теши, потоа ми го зема клучот од дома и ми го фрла во вода( во сонот се наоѓаме како покрај река или езеро) а зошто и како не се сеќавам. Зборувавме нешто плачев а тој ме тешеше а зошто не се сеќавам. Што може да значи тоа фрлање на клуч?? И солзите??
Спојлер Што значи кога во сонот го чувствуваш истото задоволство како во реалноста од она што го сонуваш, истото чувство а ти се чувствуваш исто и буквално толку добро доловено дури да не ти се верува дека е сон ?
Moјот сон од синоќа, како во старата куќа и гледам дедо ми е жив на сон ана јаве е умрен ,со татко ми биле во старата куќа и викам дедо овде во куќата има вампир го вадам фрижидерот замрзнувач а тамо да ти имало скриен вампир,пред прагот на куќата како палам свеќа за да оживее вампирот и наеднаш вампирот се претворува во голем црн пантер пантер-вампир дедо и тато го фаќаат му ги извадат двата заби клешти,во срцето му забиваат глогов колец и чекан а сега доаѓа ред на полниот орган да ги уништат арно ама тој почнува да плаче на сиот глас да не го гибаат таму и го оставиле и се разбудив,многу страшен сон. поздрав валејуниор
Сонував како ме каснала пчела, не можев сама да го извадам осилото па трчав докај блиските, па дедо ми ме однесе кај еден Ром, тој да ми го извади, па потоа сонував како сама си вадам органи.. Дебилна сум, знам, ама некакво значење?
Моја другарка сонувала како јас сум и кажала дека мајка ми била бремена,била накај 4 месец и носела машко дете.
Почитувана psyhic, ти благодарам монгу на трудот и толкувањето но би сакала нешто дополнително да ми објасниш во врска со сонот,вампирот го вадам од фрижидер-замрзнувач сиот бил заледен ,е сега татко ми зема глогов колец и ексер за да му го прободат срцето за повеќе да не чука ,значи срцето не муго извадиле од градите или да го сечат срцето од градите ,срцето му го оставиле за повеќе да не функционира,е сега кога татко ми зема пиштол да му стрела во половите органи тој почнува на сиот глас да плаче за таму повеќа да не ги гибаме тоа му бил најважниот дел и татко ми се смилувал ,го оставил таму инаку што значи вампир-како црн пантер ,дали срцето значи дека не е нешто добро инаку вампирот е симбол за бивша љубов,што значи да го вадиш од замрзнувач ,заледен . поздрав валејуниор
Девојки ај кажете што значи сонов... Значи на сонов идам од некое место накај дома, ама одам со страв некако да не се случи нешто лошо, такво чувство имав. Наколку метри пред домот ја сретнувам стрина ми и цела така радосна што гледам некој познат ја прегрнувам и ја прашав снаата нејзина кога треба да се породи. Таа ми вика поминат и е терминот, секој момент ја чекаме да роди. И ми вика ти не се шетај многу брзо дома да одиш. Тргнувам накај дома и гледам свети светло кај комшијата и си викам ај ќе одам да се поздравам. Тргнувам накај куќава и пред влезната врата, која беше отворена ја гледам бабата што живееше таму (ама таа е одамна умрена). И викам како си бабо Цвето што правиш ноќе сама. Таа ми ја подава раката како за поздравување и кога ми ја фати раката ми текна дека таа умрена и почнав да врескам за да ме пушти но таа ме тегнеше. Успеав да и побегнам и се разбудив целата преплашена и испотена. Значи сонов
Сонував многу лош сон.. Спојлер Сонував дека сум се породила и кога се освестив до мене лежеше кукла. Мајка ми ја прашав каде е бебето ми вика до тебе и викам како до мене кукла е ова, не ми вика цицај го. И го ставив на града но неуспешно беше цицашето. Тогаш осетив дека ми мрда нешто во стомакот и сватив дека сум уште трудна а дознав дека во тој момент сум 24 недела. Подоцна почнав да наоѓам писменца (на кои како потпис стоеше Ѓаволот) под душекот од кревотот на кои пишуваше да се однесувам ко ништо да не се десило и да не кажувам дека сум трудна. Лежејки почна наеднаш да врне многу силно истрчав во ходникот а наеднаш тука се најдоа и брат ми и сестра ми од кај лустерот се почна да капе вода и да се шири голема мувла и во еден момент падна лустерот и дел од таванот ја кренав главата да видам и сватив дека не врне. Потоа се разбудив.
несреќа, промена, неправда нема значење, мешавина од реалноста може неколку варијанти - преболена љубов, неемоционалност, но вампирот значи несреќа нема значење, мешавина од реалноста промена на убаво кај мајка ти како прво, не си дебилна, а сонот значи слобода и олеснување од нешто
Сонував како сум била пијана и додека сме играле некој ме истурил со алкохол, па сум видела на еден кревет 2 другари и сум се фрлила над нив и сум им викала КАЈ СТЕ БЕЕЕЕ? О.О .. незнам понатаму. . .
Пред некоја вечер сонував како сме ја носеле баба ми да се потписи нешто во некаква институција, едно време испаѓа дека сме си заминале и сме ја заборавиле таму додека чекала ... По два дена дознаваме дека жената што останала таму (т.е баба ми) починала. Ние не ја ни видовме почината. Толку ми беше тешко, плачев без престан и се обвинував како можевме да ја заборавиме таму. Одеднаш се разбудив и веднаш станав ја побарав, кога ја видов здрава и жива многу ми олесна. Што би значел сонов?
Сонував како од прозорот влегол гулаб, сите дома го видовме и мајка ми и татко ми, но само јас тргнав да го фатам. Леташе наоколу, беше како исплашен и јас едвај успеав да го фатам и го пуштив пак надвор од прозорот. ???
Спојлер Сонував како имавме секс со тој што го сакам потполно голи Другиот сон.. сме биле во кола јас тој и многу други чупиња кои беа негови бивши, јас сум седела на совозачкото седиште а тој возел.. и до мене седнало едно чупе за кое знам дека му беше женска. И јас и тој сме зборале цело време.