Имам 2 сона. Првиот ми е како ме киднапираат, ме дрогираат и еден ден ме пуштиле надвор на воздух и некој ми помогнал да избегам и да си одам дома ама по некое време сум се вратила и сум кажала не сум таква да бегам... Вториот ми е со бившиот дечко како сме се смириле, сме се земале, сме имале деца и се најубаво ни било во бракот.
1. твојота искреност ќе ти донесе несреќа 2. или сеуште го сакаш или е од минатото ама штом го свиѓаш ова е нормално, се плашиш да не го направи тоа
сонував како сум видела глушец,сакал да ми побегне али сум го фатила и он почнал да ме гризе по дланките али ја сум го фрлила преку балкон
сонував огромна змија пред мене и едвај сум ја поминала сум мислела дека ке ме касне но некако ја избегнав и кога се вратив дома гледам соседката го шетадетенцето и таа отиде кај змијата соседката постојано цркаше и се дереше по детето а таа ја прескокна змијата и за среќа не ја касна
Сонував дека сум правела свадба (а јас уствари 16 години имам ) и сите биле кај мене дома, и јас не сум сакала да се мажам и сум избегала од свадбата... Има некое значење или онака безвезе сонувам?
Често ми се дешава да сонувам дека некој ми пишал во инбокс (ама некој што не праам муабет, некој неочекуван) и сабајлето коа ќе станам стварно ми пишале o.O На пример пред некој ден сонував дека ми пишал бившиот што го немам на фејсбук и се будам сабајлето, проверувам инбокс и гледам стварно ми пишал. WTF А и многу често ми се остваруваат соновите.. страшно..
Многу често ги сонувам баба ми и дедо ми, кои се починати...Најчесто баба ми, оти ми беше омилена, мн си ја сакав.. Починаа едно по др пред 7-8 год, прво дедо,па баба...И јас дека бев 7мо одд, само на погреб им отидов и после тоа не отидов ниту еднаш на гроб, да им однесам цвеке,ова-она.. Тоа мн ме мачеше и мислам дека поради тоа секогаш ја сонував лута како ми е... но скоро секогаш во сонот ми бара јадење Што може да значи тоа? Инаку еднаш ја сонував и како ме вика да одам да ја гушнам, јас во меѓувреме сум станала од креветот, зборувајки несто, па мајка ми ме прашала,каде одам. Сум одговорила дека одам кај баба ми, дека таа ме вика.. Мајка ми ме наместила пак во кревет. Исто така ја сонував и како ми вика да му пренесам на татко ми и чичко ми дека им е лута,дека веќе ете 5-6год ниту едниот ниту др син ја нема постено. Тоа е точно, ја немаат посетено... Исто така во овој сон ми рече дека не е сама и ми покажа една жена постара од неа и едно мало девојче. Спојлер Се разбудив гушејки се во солзи... до толку ме погоди сонот.... затоа ете пред месец дена бев на гробот им однесов цвеке и им запалив свека..сега сум помирна
сонував како сме биле кај едни пријатели во друга населба и имало некоја веселба,а јас претходно сум се допишувала со еден познаник и сакал да го изневерам дечко ми но јас не сум сакала и тој ме присилувал и малтретирал,и кога сум го видела кај пријателите сум се крила од него ама сум стоела и сум гледала адети на веселбата,и едно време наогаат злато и го донесуваат и газдата на куќата вели потишина сега да не избега златото сонував како дома кај нас во бавчата ставале чешми една до друга да се испразни подземната вода но никако не се празнела мислам дека имаше повеќе од 5
Сонував дека сум и пресекла пат на змија (мислам дека беше кобра) и таа ме касна преку фармерки и ми пушти крв. Отидов дома и им кажав на моите но никој несакаше да викне лекар или да ми помогне.
Сонував дека сум била со школските од средно собрани негде на некое место, па ајде сме рекле да одиме на друго место и дали во некоја дискотека или кафич не знам, но како да сме биле во некој трговски негде непознато ми беше. И така одејќи со една школска и еден школски пред нас од нигде никаде змии излегле и го фатиле другарот/школскиот за врат една голема змија бело-жолта. А јас сум се исплашила сум сакала да го спасам со другата школска сме побегнале, но како да сум барала спас не за мене туку сум сакала да му помогнам на школскиот сум барала начин некој, некоја помош и се разбудив.
Сонував дечкото кој ми се свиѓа (инаку не знае тој за тоа) ми напишал порака на facebook пред излевање дали сум планирала да испаѓам некаде. Од многу среќа и возбуда дури и се разбудив Има ли некое значење сонов?
Бев кај дечко ми.Преку ден беше.Малку беше чудно,зошто внатре неговата куќа не е таква. Седевме што седевме и овој излезе од соба,рече рекај малку.Јас океј.Гледам во собата негова патничка торба,но внатре алиштата на мајка му(сеуште се немам запознаено онака лично со жената ) Имаше прслуци нејзини,маици итн.Се врати тој а во рака држеше крајче од леб и мармалад на него. Ми вика земи,јади.Јас му велам ама не ми се јаде,сега уште малку ќе си одам.Тој ми вели што ти е,земи јади,нема да си одиш толку брзо.Почнав само да го лижам мармаладот. Тој отвори врата и во дневната седеше и јадеше татко му( и со него се немам лично запознаено).За да не примети татко му дека сум тука,овој ме праша нешто и ми се обраќа со бабо? (мислам дека нема баба,мислам никогаш не ми спомнал нешто за баба му ) Јас ќутев,не изустував ни збор.Одендаш се најдовме на масата јас повторно го лижев мармаладот,но и тој стави на моето тело и го излижа .Беше вкусно.