Сонував како треба да одам на состанок со еден, се спремав и после отидов на автобуска да се чекаме. Заврна силно, ама јас имав чадор за среќа и го отворив. Не знам после што се случи.
Сонував како моја блиска личност направила сообраќајка, раката му била скршена, лицето цело изгребано
сонував како сум ја возела колата од едната куќа до другата(инаку незнам да возам немам положено),и стасав во другата куќа без проблеми ја укарав колата во дворот и гледам покојната ми тетка се расправа со тетин ми(жив е тој),имал швалерки ке го оставела незнам што уште сонувам како сум нашла работа во некој бутик и веднаш сум почнала со работа сонував трки со коли но едната била целата испокршена но ја гонело и полиција и влегла во една гаража и од истата кола излегла една убава девојка и тргнала со нас
Сонував сум била во некоја просторија со некои непознати луѓе, магливо некако, но брзо излегов од таму и надвор бев со бившиот како да сум била разочарана од некои работи и ми викал што си разочарана, ама не сум сакала да му одговорам. Времето беше топло и стоевме покрај ограда дрвена, како на зајдисонце, и одеднаш почна да пука огномет. Некоја прослава или може и Нова година, знам бев збунета како времево е топло а славиме некој од тие празници.
Го сонував детето со кое излегувам како ми се јавува на телефон и ми вика ти реков повеќе да не ме бараш, јас и ти не се сакаме треба да прекиниме, јас не те сакам и јас му викам зошто тоа до сега не ми го кажа. Што значи?
сонував како надоагале војници со тенкови (албанци) имало војна,и сме се собрале неколку души од маалото и сме тргнале во одбрана,пукале тие во нас ние во нив,но наеднаш ми се доближи еден и го прободев со нож,,по некое време уште еден ми се приближува но јас сум снемала муниција и додека викнав по некој да го отепа мене ми текна дека имам нож и го прободев со ножот и го пуштив на земјата но тој ми правеше муабет претходно ,некако се повлекоа албанците,и јас си тргнав накај дома се исплашив дека ке ме бараат постојано за да ме убиијат,стасав дома но по пат сретнував групи турци не албанци и се тешев одејки не се овие не се овие,кога стасав дома гледам баба ми ја ставила сликата од братучетка ми врз сликата урамена што ни е од тетка ми (почината е тетка ми), и јас така гледам и се чудам од каде сега оваа слика овде и ништо ја баталив сликата,и наеднаш пак ,надоагаат албанците,ги внесувам внатре баба ми и дедо ми а јас надвор со пушка ке ги бранам нели херој сум
Го сонував дечко ми као седи на фб а ја од спротива лежам на кауч. И он додека седи цело време некои мили зборови упатуваше ама потоа ко да го снема и лаптопот дојде у мои раце. И гледам дека пишувал со некои женски со др имал тајни врски. И потоа као све се мења у собата ко да сум надвор у двор а он таму кај елката што е се гушка со една моја познаничка. И на крај се разбудив во солзи поточно плачев... What is the meaning?
Овој сон го сонував денес. Значи,во сонот сум почнала да се занимавам со магии,и така разговарав со татко ми и тој во врска со магиите ми рече дека не е добро тоа што го правам,дека тоа е забрането во христијанството,а јас сум го знаела тоа ,но сепак се замислив. Има значење?
Сонував како мачката ми умрела. Се удавила. Од петни жили се обидував да ја оживеам, но не можев. Никако не можев да ја преболам нејзината смрт.
Сонував како разговрам со другарка и она го криела од мене лошиот успех на училиште. Потоа сонував дека сме ручале цело семејство во ресторан кој е покрај базен.И додека сум се туширала на тушот двајца ме бутнале они да се измијат и сум почнала како француски кочијаш да ги вреѓам а,моите се откажале од мене.
сепак мое лично мислење е дека ние најчесто го сонуваме она што нонстоп ни се вртит низ главчето и она што најмногу му се думаме. така да неверува мн мн во соновници, ама ете некојпат ке се трефнит
1.Сонував како мајка ми умрела и многу плачев. 2.Беше вечер и јас бев во мојата соба(на сонот била моја) и требаше да спијам.Кога наеднаш погледнав под кревет и имаше нешто многу страшно (не се сеќавам точно ама како човече со црвени очи беше) и ми беше многу страв. 3.Сонував како живеам во некој град над океан кој лебди. И некои се пукаа во океанот и по грешка ги пукнаа тие како балони што го држеа градот во воздух.Наеднаш целиот град потона во водата.
Јас кога сонувам мачиња, обично ми се случува некој на јаве да покаже лицемерие. И зависи од мачките кои сум ги сонувала, на пример јас кога би сонувала две мали мачиња би ми значело две млади личности кои ќе бидат лицемерни кон мене, можеби и плави на лик. Ова е мое искуство, не мора да значи дека е точно.
Сум сонувала како на бившиот сум му честитала роденден сум го гушнала сум го бацила сум му кажала среќен роденден а он ме гушкал и не ме пуштал и ми кажувал како многу ме сакал и неможел без мене.. ( а вчера му беше навистина роденден )
сонував како сме седеле кај мене и едно време гледам на другарот на образот црвена точка како ласер некој сакал да го пука,и одам јас полека заклучувам вратата и го снема тоа,излегуваме надвор со коли да се возиме,и наеднаш како некој да не следи и бегаме и гледам наеднаш на другарот му ја разнесоа главата само крв во колата остана